Контакт

Спорт

Лингард му фаќа сеир на Роналдо чии плочки на стомакот се подобри? (фото)

Џеси Лингард, фудбалерот на Јунајтед по синоќешниот пресврт-триумф на „Црвените ѓаволи“ во Торино против Јувентус во ЛШ, на Инстаграм се пошегува со Кристијано Роналдо.
При првиот гол на натпреварот, Роналдо во 65. минута откако ја смести топката зад г…

Објавено пред

Џеси Лингард, фудбалерот на Јунајтед, по синоќешниот пресврт-триумф на „црвените ѓаволи“ во Торино против Јувентус во ЛШ, на „Инстаграм“ се пошегува со Кристијано Роналдо.

При првиот гол на натпреварот, Роналдо во 65. минута, кога ја смести топката зад грбот на Де Геа, тргна во прослава на погодокот, го крена дресот и ги покажа плочките на стомакот.

Заврши натпреварот, Роналдо со наведната глава, лут на соиграчите, замина во соблекувалната, но во соседната соблекувална Лингард направи фотографија за сеир.

Тој ги сликал своите стомачни мускули и му пратил порака на Роналдо со наслов: Koj е подобар?
Видете, па проценете сами:

 

View this post on Instagram

 

Who Did It Better? 😂😂 #99 #CR @jlingz

A post shared by JLingz 🔱 (@jesselingard) on

Спорт

Федерер ќе игра на Ролан Гарос првпат од 2015!

Изненадувачкиот пораз од Стефанос Циципас во осминафинато на Австралија опен го примора Роџер Федерер на уште поизненадувачка одлука – да настапи на Ролан Гарос првпат од 2015 година.
Последните три години Швајцарецот го избегнуваше гренд слемот на зем…

Објавено пред

Изненадувачкиот пораз од Стефанос Циципас во осминафинато на Австралија опен го примора Роџер Федерер на уште поизненадувачка одлука – да настапи на Ролан Гарос првпат од 2015 година.

Последните три години Швајцарецот го избегнуваше гренд слемот на земјена подлога, за да биде „свеж“ пред Вимблдон, а покрај тоа таму секогаш имал мали шанси на победа, посебно со Рафаел Надал во добра форма.

20-кратниот гренд слем шампион победи на Франција опен во 2009 година, кога го совлада Робин Содерлинг во финалето.

„Тоа е голема желба. Сега сум во фаза во кариерата во која сакам да се забавувам и тоа ми недостасуваше. Оваа година не гледам потреба да правам голема пауза“, откри Федерер.

Фото: ЕПА

Сензација во Мелбурн! Циципас го исфрли Федерер и покрај „помошта“ од публиката! (видео)

Прикажи повеќе...

Спорт

Шифрин со победа, Вон не заврши во Кортина, размислува за „итна“ пензија (видео)

Американката Микаела Шифрин стигна до изненадувачка супер-џи победа во Кортина Д’Ампецо додека Линдзи Вон не успеа да ја заврши својата последна трка во славниот италијански скијачки центар каде што има рекордни 12 победи.
Шифрин ја искористи поставено…

Објавено пред

Американката Микаела Шифрин стигна до изненадувачка супер-џи победа во Кортина Д’Ампецо додека Линдзи Вон не успеа да ја заврши својата последна трка во славниот италијански скијачки центар каде што има рекордни 12 победи.

Шифрин ја искористи поставеноста на патеката (од еден од нејзините тренери) за да стигне до победа со 0.16 секунди предност пред Тина Вајратер од Лихтенштајн, додека Австријката Тамара Типлер беше трета со 0.18 послабо време.

Вон, која планира да се повлече од спортот во декември, беше во игра за пласман на подиумот, но „закачи“ врата во средината на патеката и не ја заврши трката. Веднаш потоа, таа изјави дека е можно ова да беше нејзината последна трка поради проблемите со колената.

„Тоа е можност, но сега сум емоционална и не можам да размислувам јасно. Таа одлука не се носи лесно. Не се надевав дека ќе биде вака тешко, иако имав многу повреди во кариерата. Ќе размислам неколку дена па ќе одлучам“, објасни Вон.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Ноел со изненадувачка слаломска победа во Венген (видео)

Французинот Клемен Ноел има фантастичен старт на 2019 година, откако по првиот освоен подиум минатата недела на слаломот во Аделбоден, денеска на славната патека во Венген, Швајцарија стигна до својата прва победа во кариерата, оставајќи го австриското…

Објавено пред

Французинот Клемен Ноел има фантастичен старт на 2019 година, откако по првиот освоен подиум минатата недела на слаломот во Аделбоден, денеска на славната патека во Венген, Швајцарија стигна до својата прва победа во кариерата, оставајќи го австриското дуо Мануел Фелер и Марсел Хиршер зад него.

21-годишниот Ноел водеше со 0.47 секунди пред Фелер по првото возење, додека апсолутниот доминатор во дисциплината Хиршер имаше слабо прво возење и заостануваше речиси секунда. Во второто возење, Австријците го кренаа нивот и изгледаше дека ќе стигнат до седма победа во низа во слалом, но на крајот Ноел победи за одлични 0.08 секунди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува распустот за сите ученици

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува зимскиот распуст за сите ученици заклучно со вторник 22 јануари „Во врска со...

Македонија12 минути

„Никоб“: Обврската на вработените е да обезбедуваат, а не да напаѓаат новинари

Националната агенција за обезбедување „Никоб“ и годинава традиционално ја обезбедуваше манифестацијата на положување на Светиот Крст во водите на Вардар....

Регион25 минути

(Видео) Во Атина протести против Преспанскиот договор, солзавци и нереди

Грците излегоа на протести пред зградата на парламентот против Преспанскиот договор за промена на името на Република Македонија. Уште на...

Македонија3 часа

Бесплатен јавен превоз, поскап паркинг и запирање на градежните работи поради загадувањето

Наместо градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на прес-конференција денеска се појави неговиот портпарол Ваљон Салиху кој ги соопшти чекорите...

Свет4 часа

Британците го молат принцот Филип да ја врати возачката дозвола

Војводата од Единбург е забележан како вози нов „Ленд Ровер“, два дена откако учествуваше во сообраќајна несреќа на пат во...

Свет5 часа

(Видео) Ужас во француски ски-центар, две лица изгореа во пожар во хотел

Најмалку две лица загинаа а повеќе се повредени во пожар кој изби во хотел рано утрово, во ски ресортот Куршевел...

Свет5 часа

(Видео) Силен земјотрес во Чиле, двајца загинати и илјадници без струја

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени по Рихтер го погоди средишниот и северниот дел на Чиле. Најмалку две лица...

Свет6 часа

Трамп понуди договор за миграција во замена за блокадата на Владата

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи договор за миграција во кој за финансирање на ѕидот на границата со Мексико, тој нуди...

Економија6 часа

СДСМ: Кон средината на годината ќе се воведе поврат на ДДВ за физички лица

Владата предводена од СДСМ во претстојната 2019 година продолжува да ги спроведува зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните,...

Македонија19 часа

Загаденоста на воздухот во Прилеп 20 пати над дозволеното

Прилеп вечерва доживува рекорди во загаденост на воздухот. Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички достигна дури 1012 микрограми, што е за...

Македонија20 часа

Повредена новинарка на Канал 5 на одбележувањето на Водици

Новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија заврши во болница со повреда на вратот и на раката откако, за време...

Свет22 часа

Масовни протести во Унгарија против премиерот Виктор Орбан

Неколку илјади Унгарци протестираа денеска во Будимпешта против премиерот Виктор Орбан и неговиот закон за прекувремени часови, кој досега неколкупати...

Свет23 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во најголемата експлозија на нафтовод во Мексико

Билансот на загинати во силната експлозија на нафтовод во Мексико се искачи на 66 луѓе. Повредени се 76, изјави гувернерот...

Македонија1 ден

Загадувањето во Битола, Тетово и Струмица до шест пати над дозволеното

Присуството на штетните ПМ10 честички во воздухот во Битола, Тетово и Струмица, во изминативе два дена било и до шест...

Топ1 ден

Расправија во кафеана му претходела на пукањето во Кочани, напаѓачот е во бегство

На пукањето што се случи вчера околу 17 часот во угостителски објект во Кочани, а во кое едно лице беше...

Регион1 ден

Епидемија во Хрватска, девет лица починаа од грип

Девет лица починаa од грип во Хрватска, но за два смртни случаи во Сплит сè уште се чекаат официјални информации,...

Македонија1 ден

Директор на основно училиште склучувал договори во четири очи, го оштетил Буџетот за 1,2 милиони денари

Директор на основно училиште во Кратово, без да објавува јавни огласи, склучувал договори во четири очи за набавка на разни...

Македонија1 ден

Скопјани се гневни откако градот се искачи на прво место по загаденост во светот

Социјалните мрежи се преполни со реакции, откако вчеравечер Скопје се искачи на првото место по загаденост во светот.   Мерните...

Македонија1 ден

82 обвинители ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата

82 обвинители од јавните обвинителства низ земјава ја тужат државата пред домашните судови за неисплатени додатоци во вкупен износ од...

Економија1 ден

„Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. Од Министерството за финансии соопштија дека...

Досие