Контакт

Спорт

Лопетеги го продолжи договорот на уште две години

Хулен Лопетеги (51) го продолжи договорот со Фудбалскито сојуз на Шпанија. Лопетеги ќе остане селектор на Шпанија најмалку до 2020 година.
51-годишниот тренер функцијата ја презеде пред две години од Винсенте дел Боске и со него на кормилото „црвената …

Објавено пред

Хулен Лопетеги (51) го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Лопетеги ќе остане селектор на Шпанија најмалку до 2020 година.

51-годишниот тренер функцијата ја презеде пред две години од Винсенте дел Боске и со него на кормилото „црвената фурија“ нема пораз. Шпанија на 18 натпревари забележала 13 победи.

„Задоволни сме од постигнатото и возбудени од она што следува. Важно е да се има континуитет на добри резултати. Јасно е дека сме задоволни“, рекол Лопетеги.

Шпанија во 2010 година ја освои светската титула, две години потоа ја одбрани европската круна, а во 2014 на СП во Бразил доживеа дебакл и не успеа да ја мине групата.

На Светското првенство во Русија, Шпанците се во Б-групата, заедно со Португалија, Иран и Мароко.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Александар (Велики) Волкановски го кани Конор на борба на „Островот“

Објавено пред

Конор Мекгрегор повторно доби понуда за меч за титула, овој пат од УФЦ-шампионот во перо-категоријата, Австралиецот со македонско потекло, Александер (Велики) Волкановски.

Ирската ММА-ѕвезда чека следен противник по камбекот во октагонот на почетокот на годината и 31-годишниот Волкановски го повика на меч на „Островот на борбите“, кој го гради УФЦ-газдата, Дејна Вајт.

„Кој не би сакал таков меч? Би бил вистинска будала да не прифатам меч со Мекгрегор. Неговото име повторно се споменува и во перо-категоријата и во тоа кој е најдобар на сите вемиња. За мене, тоа би бил меч за повеќе од пари.  Повеќе од таа победа од неговото име за најдобар фајтер во перо-категоријата во историјата“, вели Волкановски.

Покрај Волкановски, претходно на дуел Ноториус беше повикан од ветеранот Андерсон Силва и од шампионот Камару Усман, а исто така му е ветено дека ќе влезе во борба со победникот од дуелот помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гетџи.

Волкановски вели дека би одел и категорија погоре, во лесна категорија, за оваа шанса.

„Ако треба да одам напред само да покажам дека тој не е најдобриот во перо-категоријата, ќе го направам и тоа“, додава Волкановски.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ливерпул на колена за Black Lives Matter

Објавено пред

Тимот на Ливерпул на денешниот тренинг реши да клекне на едно колено за да покаже поддршка на движењето #BlackLivesMatter по убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис и бунтовите што се случија во повеќе градови во САД и во Европа поради расизмот во оваа земја.

Џејмс Милнер преку „Твитер“ објави фотографија на која тимот на Ливерпул е на едно колено околу централниот круг на „Енфилд“ по што таа беше споделена и од Трент Александер-Арнолд и Енди Робертсон.

Ова доаѓа откога во неделата фудбалерите на Борусија Дортмунд – Џејдон Санчо и Ашраф Хакими, се приклучија на подолгата листа на спортистите што дадоа поддршка со маички на кои пишуваше „Правда за Џорџ Флојд“. Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах исто така застана на едно колено по постигнувањето гол при 4:1 победата над Унион Берлин, а американскиот дефанзивец Вестон Меккени во саботата на раката имаше лента со порака. Исто така, претходно се јави и поранешниот НБА-шампион, Стивен Џексон, како и Леброн Џејмс, Мајкл Џордан и тенисерката Коко Гоф.

Прикажи повеќе...

Спорт

Хамилтон ги прозва, Ф1-возачите со пораки против расизмот

Објавено пред

Кога шесткратниот Формула 1-шампион, Луис Хамилтон, ги критикува своите колеги дека останале тивки и покрај дебатата за расизмот во САД по убиството на Џорџ Флојд, повеќе возачи објавија на социјалните мрежи пораки против дискриминацијата.

Во неделата вечерта Хамилтон ги нападна своите ривали велејќи дека стои сам во спорт доминиран од белци, додека во повеќе градови во САД и Европа имаше протести поради смртта на Фјолд.

„Ве гледам дека сте тивки, некои од најголемите ѕвезди во спортот, кои се тивки во оваа неправда. Ниту еден знак од некој во мојата индустрија, која секако е во спорт доминиран од белци. Јас сум единствен што не сум бел и стојам сам. Би мислел дека досега некој од вас ќе видеше зошто се случува ова и да кажете нешто против, но не можете да стоите покрај нас. Знам кои сте и ве гледам“, напиша Хамилтон.

Иако некои од критичарите сметаа дека е невкусно од него да ги прозива колегите на овој начин, по оваа порака, Шарл Леклер, Даниел Рикардо, Лендо Норис и други од Ф1-спортот се јавија со свои пораки.

„Вестите од последните неколку дена ме направија тажен, тоа што му се случи на Џорџ Флојд и што продолжува да се случува во денешното општество е срамота. Сега треба да стоиме заедно, обединети. Расизмот е токсичен и треба да биде соочен не со насилство или тишина, туку со единство и акција. Мораме да застанеме. Black Lives Matter“, напиша Рикардо.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, призна дека згрешил што не се јавил порано.

„Да бидам искрен, се чувствував неудобно да ги споделувам моите мисли на социјалните мрежи за целата ситуација и затоа не се јавив порано. И целосно згрешив. Уште барам зборови да ги опишам неделата од видеата што ги видов. Расизмот мора да биде соочен со акција, не со тишина. Нашата одговорност е да зборуваме против неправдата. Стојам поркај #BlackLivesMatters“, напиша Леклер.

Освен нив, неправдата ја осудија и Николас Латифи и Серхио Перез.

 

View this post on Instagram

 

This has to stop😔 #JusticeForGeorgeFloyd #BlackLivesMatter

A post shared by Nicholas Latifi (@nicholaslatifi) on May 31, 2020 at 2:36pm PDT

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија3 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија4 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија5 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија6 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион7 часа

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија7 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија8 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија9 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија9 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија10 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија10 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет10 часа

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет10 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет21 час

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија23 часа

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија1 ден

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт1 ден

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија1 ден

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Досие