Контакт

Популарно

Лука Модриќ има 23 имењаци, еден од нив е гробар кому деноноќно му ѕвонат упорни фанови

Објавено пред

Лука Модриќ, од хрватското село Затон Обровачки, по професија е гробар и е далечен роднина на најдобриот фудбалер во светот, со кого исто така се и имењаци.

Како што пишува храватскиот портал „24сата“, во моментов во Хрватска има 23 лица кои имаат имиња и презимиња исти како најдобриот светски фудбалер.

Новинарите се обиделе да контактираат со некои од нив, при што повеќето не сакале да коментираат, но Лука Модриќ од Затон Обровачки без проблем ги споделил своите искуства со нив.

„Да, јас сум Лука Модриќ, имењак на најдобриот фудбалер во светот. Работам како гробар во Затон Обровачки. Лука и јас сме единствените луѓе во ова место со исто име и презиме. Претходно беше и дедото на Лука“, рекол имењакот на фудбалерот на Реал Мадрид, кој додал дека на неговиот телефон често знаат да се јават фанови на еден од најдобрите играчи за врска.

„Додека траеше Светско првенство во Русија телефонот постојано ѕвонеше. Имаше денови кога се јавуваа по 10-15 луѓе, главно помлади момци и девојки. Некои од нив врескаа од радост кога им кажував дека го добиле Лука Модриќ, но брзо сфаќаа дека не е тој Лука кој тие го бараат. Што да кажам, горд сум на тоа што мојот имењак го освои признанието за најдобар играч во светот“, изјавил гробарот Лука од Затон Обровачки.

Тој исто така е и далечен роднина со капитенот на хрватската фудбалска репрезентација.

Инаку, плејмејкерот на Реал Мадрид по освојувањето на наградата за најдобар фудбалер на СП во Русија, по наградата на УЕФА за фудбалер на годината, конечно, го крена и најелитниот индивидуален трофеј во светот на фудбалот, „Златната топка“ на „Франс фудбал“.

Најново

Спорт1 час

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им...

Свет1 час

Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле...

Свет1 час

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од...

Спорт1 час

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула. Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал...

Свет2 часа

Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително...

Забава2 часа

Проверете ги пораките и сметките: Три знаци може да ги израдуваат пари до 15 септември

Според астролошките предвидувања, три хороскопски знаци би можеле да имаат особено поволен финансиски период до 15 септември. Биковите, Стрелците и...

Забава2 часа

Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе...

Македонија2 часа

Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на...

Македонија3 часа

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и...