Контакт

Спорт

Мажиќ: Најмногу се подготвував кога требаше да му судам на Ибрахимовиќ

Милорад Мажиќ со своите помошници ќе го суди финалниот меч во Лигата на шампионите, помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид. За „Мондо“, тој открил некои интересни моменти од богатата кариера како фудбалски судија.
Судијата кој лани го судеше финалето на Купот н…

Објавено пред

Милорад Мажиќ со своите помошници ќе го суди финалниот меч во Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид. За „Мондо“ тој открил некои интересни моменти од богатата кариера како фудбалски судија.

Судијата што лани го судеше финалето на Купот на конфедерациите рекол дека единствен фудбалер за кого посебно се подготвувал е Залтан Ибрахимовиќ.

„Кога станува збор за Златан, тој е играч за кого навистина треба добро да се подготвите пред натпреварот. Не е проблем доколку со некоја своја одлука ќе ја налутите публиката, проблем е доколку против себе го свртите Ибрахимовиќ. Е, тоа не е добро“, рекол Мажиќ.

Финалниот натпревар во Лигата на шампионите ќе се одигра на 26 мај во Киев, Украина.

Мажиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампионите



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Толку „бучава“, за на крајот Милинковиќ-Савиќ да си остане во Лацио

Како и минатото лето, и во јануари, српскиот играч од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ беше еден од играчите околу кого се вртеа неверојатни суми (од 100 милиони евра нагоре), за по крајот на преодниот рок во Италија, тој да си остане во …

Објавено пред

Како и минатото лето, и во јануари, српскиот играч од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ беше еден од играчите околу кого се вртеа неверојатни суми (од 100 милиони евра нагоре), за по крајот на преодниот рок во Италија, тој да си остане во Лацио.

Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Пари Сен-Жермен и на крајот Милан, имаа неофицијални понуди за популарниот СМС, со последната од Милано за неверојатни 40 милиони евра за едногодишна позајмица. На крајот, ништо.

Спортскиот директор на Милан, Леонардо, кој неодамна изјави дека нормално дека би го сакал Милинковиќ-Савиќ во тимот но едноставно нема пари, сега вели дека тие воопшто не дале понуда за Србинот, кому сега му претстои уште една сезона на „Олимпико“.

Контроверзниот претседател на Лацио, Клаудио Лотито се гордее со тоа што е „најтешкиот преговарач“ во Италија, во спротивност на соседите Рома, кои во последните сезони мораа да се бранат дека не се „супермаркет“ по продажбата на фудбалери како Мо Салах и Раџа Наинголан. Лотито уште е во конфликт со македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој мораше со арбитража да бара да биде ослободен од договорот со „лацијалите“.

Милинковиќ-Савиќ е несомнено талентиран фудбалер, но сумата од 150 милиони евра, и покрај денешниот „напумпан“ пазар едноставно е нереална. За него речиси сигурно ќе биде добро да остане уште една година на „Олимпико“ за да ги подобри своите способности, но една година е многу во светот на фудбалот, и кој може да гарантира дека СМС ќе привлече исто внимание и во 2019, за Лацио да може убаво да „искешира“?

Договорен трансферот на СМС!?

Прикажи повеќе...

Спорт

Наваро, човекот што нè уништи во 2011, конечно, замина во пензија

Шпанската кошаркарска легенда, Хуан Карлос Наваро ја заврши својат играчка кариера и се приклучи на водството на Барселона, потврдија од каталонскиот клуб.
„Хуан Карлос Наваро во новата сезона ќе биде дел од тренерсиот тим на Барселона, како што беше п…

Објавено пред

Шпанската кошаркарска легенда, Хуан Карлос Наваро, ја заврши својата играчка кариера и се приклучи на водството на Барселона, потврдија од каталонскиот клуб.

„Хуан Карлос Наваро во новата сезона ќе биде дел од тренерсиот тим на Барселона, како што беше предвидено со договорот што го потпиша во 2017 година“, се вели во соопштението на Барселона.

38-годишниот Наваро, Македонците најдобро ќе го паметат во мечот во полуфиналето на Европското првенство во Литванија кога нè растури со 35 поени погодувајќи од речиси секоја можна ситуација.

Наваро, кој беше познат по прекарот Ла Бомба, за Барселона играше 20 години, од 1997 до 2007 и од 2008 до 2018 година со една година во НБА во тимот на Мемфис гризлис.

Прикажи повеќе...

Спорт

Жервињо се враќа во Италија, ќе потпише за Парма

Напаѓачот од Брегот на Слоновата коска, Жервињо (31), се враќа во Серија А, каде во периодот од 2013 до 2016 година го нисеше дресот на Рома.
Жервињо, во текот на денот треба да ги мине лекарските прегледи и потоа да потпише договор со Парма.
Екипата ш…

Објавено пред

Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, Жервињо (31), се враќа во Серија А, каде што во периодот од 2013 до 2016 година го носеше дресот на Рома.

Жервињо во текот на денот треба да ги мине лекарските прегледи и потоа да потпише договор со Парма.

Екипата што по четири години се врати во Серија А, Жервињо ќе го добие бесплатно бидејќи тој ќе го раскине својот договор со кинескиот тим Хебеи.

Жервињо во Парма ќе заработува еден милион евра годишно, што е значително помалку од деветте милиони евра што ги имаше во Хебеи.

Во Серија А како фудбалер на Рома има одиграно 71 натпревар, а успеал да постигне 17 гола.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Инсулинот во Македонија е со уреден рок на употреба, велат од Министерството за здравство

Инсулинот во Република Македонија, без исклучок, е со уреден рок на употреба, уверува Министерството за здравство откако во јавноста се...

Македонија3 часа

„Врти им на Војче и на Љубинка од антикорупциска да отворат предмет за Б.Ц.“, бара Јанкулоска од Котевски

Во разговор од 2011 година ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на експомошник-министерот во МВР, Иво Котевски, му дава нарачки...

Македонија5 часа

Заев се сретна со членовите на ДИК: Должни сме сите професионално да си ја завршиме работата

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска се сретна со претседателот на ДИК,...

Европа5 часа

Меркел-Марковиќ: Германија и Црна Гора се согласни да нема промена на границите на Балканот

Црна Гора и Германија се согласиле да нема промени во границите на Балканот, ова била главната порака по средбата меѓу...

Свет7 часа

(Фото) Багери ги расчистуваат урнатините од надвозникот во Џенова, потрагата по исчезнатите и натаму е во тек

Багери почнаа да ги расчистуваат урнатините од надвозникот во италијанскиот град Џенова. И три ден по несреќата, потрагата по лицата што...

Македонија7 часа

„Копиле скапано“, вели Протоѓер за адвокатот на Мијалков, Шврговски

Во една од бомбите што беше пуштена во судницата, Мартин Протоѓер на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ѝ вели...

Македонија8 часа

ДИК ќе ги разгледува трошоците за референдумот

Повеќе точки поврзани со референдумот се на дневен ред на четвртата седница што ќе ја одржи денеска Државната изборна комисија...

Топ8 часа

Запален автомобил на адвокат од Охрид

Ноќеска по полноќ бил запален автомобилот на адвокатот Мишел Наумоски од Охрид. Тој за „Макфакс“ вели дека бил паркиран на...

Дијаспора8 часа

Министерот за дијаспора од Ростуше ги повика печалбарите да гласаат на референдумот

Министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, во рамките на печалбарската средба што се одржа во Ростуше, нагласи дека големиот број печалбари...

Свет9 часа

Американскиот Сенат донесе резолуција: Медиумите не се непријатели на народот

Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција со која се потврдува дека медиумите не се непријатели на народот. Резолуцијата што ја предложи...

Регион9 часа

Вучиќ: Србија има три цели на Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ рече дека главните цели на Белград на Косово се зачувување на мирот и стабилноста, заштитата на...

Македонија1 ден

(Видео) Шестчлено семејство моли за помош, откако гром им ја изгоре куќата

Пожар предизвикан од гром, во вторникот, без дом остави шестчлено семејство од скопското село Нова Брезница. Божин Вељановски, татко на...

Мартин Протогер, СЈО Мартин Протогер, СЈО
Македонија1 ден

Протоѓер му нарачувал на Јанакиески да им нареди на амбасадорите да одат по куќи и да собираат гласачи од дијаспората

Во кривичниот суд во Скопје, по речиси четири и пол часа, време за приговори на адвокатите на обвинетите, почна репродуцирањето...

Италија, Џенова Италија, Џенова
Европа1 ден

Дваесет луѓе уште се водат како исчезнати по уривањето на мостот во Џенова

Главниот обвинител во Џенова, Франческо Коци, изјави дека 20 луѓе уште се водат како исчезнати по уривањето на мостот во...

Македонија1 ден

Апелација на 30 август ќе одлучува за затворот на Груевски

Апелациониот суд на 30 и 31 август ќе одржи седница на која ќе расправа за жалбата на Никола Груевски за...

Гордана Јанкулоска, Титаник, СЈО Гордана Јанкулоска, Титаник, СЈО
Македонија1 ден

По еден час пауза во судењето за „Титаник“ поради мајчинските обврски на Јанкулоска

Судијата Осман Шабани, кој е судечки судија во предметот „Титаник“, пред паузата за судењето ги извести обвинетите и нивните адвокати...

Македонија1 ден

(Видео) Ефремов: Полицајците 10 години немаат нови униформи

Претседателот на синдикалната подружница при Независниот синдикат на полицијата, Мартин Ефремов, на денешната прес-конференција пред Министерството за внатрешни работи информира...

Топ1 ден

Дваесетгодишно момче почина во сообраќајна несреќа, излетало од патот и удрило во столб

Дваесетгодишно лице со иницијали М.А. почина по сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-село Липково. Тој управувал патничко возило „форд фокус“ со кумановски...

Економија1 ден

Катар финансиски ќе ѝ помогне на Турција за излез од кризата

Катарскиот шеик, Тамим бин Хамад ал-Тани, денеска за време на средбата со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вети дека Катар...

Свет1 ден

Путин подготвен за средба со Ким Џонг-ун

Рускиот претседател, Владимир Путин, е подготвен да се состане со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, а руските медиуми и...

Досие