Домашен
Македонија оди на ракометниот мундијал во Египет, Чешка се откажа

Машката македонска сениорска ракометна репрезентација ќе биде дел од ново Светско ракометно првенство, кое утре почнува во Египет.
Нашите репрезентативци одат на мундијалот на мала врата како прва резерва откога селекцијата на Чешка мораше да го откаже својот настап поради големиот број ракометари позитивни на коронавирусот.
Нашите ракометари, кои се очекува што побргу да отпатуваат кон африканската држава, ќе бидат дел од групата Г, заедно со селекцијата на домаќинот Египет, потоа десеткуваниот тим на Шведска и аутсајдерот Чиле, селекција што минатите денови двапати ја совладавме во пријателски мечеви.
В четврток во 1. коло играме со Шведска, на 16 јануари се среќаваме со домаќинот Египет, а на 18 јануари ќе играме против Чиле.
За Македонија, ова ќе е седмо учество на СП, првото беше пред 22 години токму во Египет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен
Дебакл во Каиро – Македонија на минус 19 против Египет

Македонската ракометна репрезентација доживеа уште еден тежок пораз на 27 Светско првенство. По поразот од Шведска, во четвртокот (32:20), вечерва домаќинот Египет ја декласира Македонија со 38:19 (20:6). Поразот од Египет е најтешкиот за Македонија во седмото учество на светските првенства.
Двата одиграни натпревари на Светското првенство го поставуваат прашањето дали Македонија воопшто требаше да ја прифати понудата и како прва резерва да отпатува во Египет.
Со Шведска избраниците на Данило Брестовац се држеа во првите 15 минути, со Египет се предадоа од самиот почетокот.
По 10.минути игра Египќаните водеа со 7:3, а четири минути подоцна резултатот беше 10:3. Данило Брестовац потоа побара минута одмор, по што Македонија постигна три гола и тоа беше се што го покажаа на овој натпревар.
При резултат 10:6 во 18.минута, судијките од Франција, сестрите Бонавентура, му покажаа црвен картон на Кузмановски.
Од тој момент Египет повторно се врати во ритам и до крајот на полувремето го наполни голот на македонската репрезентација.
Во 26.минута, Египет создаде двоцифрена предност 16:6, а првиот дел „фараоните“ го завршија со 14 гола повеќе од противниците (20:6).
Вториот дел наликуваше на тренинг меч, Македонија до двоцифрен број на голови дојде во 40 минута, а во истата минута Египет имаше плус од 20 голови (30:10).
Махмуд со осум гола го предводеше Египет, кај Македонија Лазаров, Марковски и Пешевски постигнаа по три гола. Единствена светла точка во редовите на македонската селекција беше голманот Томовски со осум одбрани.
Египет со оваа победа избори пласман во втората фаза.
Домашен
Мојсоски со порака до ракометарите: Сакам оваа генерација да ги надмине нашите успеси

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, поранешниот македонски ракометен репрезентативец Наумче Мојсоски, во видеопорака им посака среќа на нашите ракометари пред првиот дуел со Шведска на Светското првенство во Египет.
„Знам дека овие храбри момци, овој тим, ќе го даде својот максимум и ќе гине на теренот. Ви посакувам успешен мундијал и на чело со селекторот и капитенот се надевам дека ќе го истераме ова како што и вие самите заслужувате. Во оваа репрезентација гледам иднина“, порача Мојсоски во обраќањето и изрази желба оваа генерација да ги надмине досегашните успеси.
„Капитене, ти ја подавам топката за гол!“, рече Мојсоски на крајот од своето обраќање.
Македонските рекометари вечерва повторно ќе бидат во фокусот на вниманието откако како прва резерва во последен момент влетаа меѓу учесниците на Светското првенство.
Домашен
Игор Ангеловски ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Европското првенство

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, ќе ја предводи нашата селекција на Европското првенство, кое ќе се одигра во јуни годинава.
Ова денеска го потврди претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, кој истакна дека лесно се договориле со Ангеловски за продолжување на соработката.
„Како што ветивме пред јавноста, за нашиот прв избор за селектор, денеска потврдуваме дека го продолжуваме патот кон успехот. Со Игор лесно се договоривме за сите детали во врска со продолжување на соработката бидејќи и кај него и кај нас владееше позитивно расположение успехот што го направивме да го продолжиме заедно. Ние сме професионалци и знаеме дека добрите резултати даваат поголема шанса за задржување некоја позиција. Се гордееме на сѐ што направивме како репрезентација и Федерацијата ќе продолжи да обезбедува најдобри услови за работа, како што впрочем беше и досега“, изјави Сејдини.
Претходниот договор на Ангеловски заврши на крајот од 2020 година, а се појавија и некои шпекулации дека би можел да замине од кормилото на репрезентацијата, која под негово водство го забележа најголемиот успех досега и обезбеди пласман на Европското првенство.
Резултатите и игрите што ги бележеше македонскиот репрезентативен фудбал предводен од популарниот Мрме сепак беа пресуден фактор во одлуката тој да остане наш предводник на претстојниот континентален собир на кој нè чекаат дуели со Холандија, Украина и со Австрија.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер