Контакт

Домашен

(Видео) Македонската дијабетес футсал репрезентација заминува на европско првенство

Објавено пред

dijabetes, futsal, reprezentacija, evropsko prvenstvo

Македонската дијабетес футсал репрезентација денеска заминува на европско првенство за лица со дијабет кое ќе се одржи во Братислава, Словачка. Ова е трета година по ред како овие млади фудбалери настапуваат на Диаеуро, чија цел е да докажат дека здравствената состојба во која се наоѓаат не е пречка за активно и професионално спортување.

Заедно со македонската репрезентација, на европското првенство ќе настапат уште 16 дијабетес репрезентации кои ќе ја споделат пораката дека дијабетесот не е болест поради која треба да бидат сожалувани, туку начин на живеење со правилна исхрана и редовно спортување.

Тим-менаџерката на македонската дијабетес футсал репрезентација, Рената Јакимовиќ, за „А1он“ и „Макфакс“ вели дека тимот се подготвувал подолг период во повеќе фази и покрај пораката која треба да биде испратена, очекува позитивен резултат на теренот и добар пласман на репрезентацијата.

„Европското првенство во футсал за лица со дијабетес почнува со организација во 2012 година инспирирани од тоа да покажат дека и лицата со дијабетес можат активно да се занимаваат со спорт. Ние како македонска репрезентација за првпат учествувавме на ова првенство во 2016 година. За разлика од претходните години, конкруенцијата е зголемена, но, сепак, ние ќе се покажеме како што треба бидејќи се подготвуваме веќе неколку месеци во различни фази. Целиот тим ќе даде сè од себе, не само за да се покаже на терен и да постигне добар резултат туку и да им покаже на сите лица со дијабетес кои живеат во нашата држава дека дијабетесот не е пречка доколку сакате да се занимавате со спорт активно и професионално“, вели Јакимовиќ.

Меѓу другото, тим-менаџерката на репрезентацијата истакна дека од големо значење е тоа што оваа година поддршка дадоа и неколку државни институции и фармацевтските компании кои ја разбираат состојбата на лицата со дијабет, важноста на добрата регулација и менаџмент на шеќерот, како и тоа колку модерната технологија која ја има во Европа и светот е важно да дојде во Македонија за лицата со дијабет да бидат во чекор со другите земји од светот како за спортските активности, така и за секојдневието на дијабетичарите.

Виктор Јованов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен

Дејан Недев двократен европски шампион во традиционално карате во кати и фукуго

Објавено пред

Од

Нашиот најдобар каратист, Дејан Недев, стана двократен Европски шампион во дисциплините кати и фукуго на 33. Европски шампионат во традиционално карате што се одржува во Белград, Србија.

Недев со овој резултат ја потврди врвната форма и докажа дека со години е во врвот на Европското и светското карате. Тој ги одбрани европските титули од минатиот ЕШ кој во 2016 година се одржа во Крањска гора, Словенија.

Јадранка Недева освои сребрен медал во кати за сениорки. ЕШ во Белград сè уште е во тек.

Прикажи повеќе...

Домашен

АМС ќе му додели еднократна парична награда од 100 илјади денари и стипендија на младиот Пејчиноски

Објавено пред

Од

По повод херојскиот подвиг на младиот Марко Пејчиноски, кој успеа да го преплива Охридското Езеро, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, поднесе иницијатива, што беше усвоена при Советот на Агенцијата за млади и спорт, за еднократна парична награда од 100 илјади денари за македонската пливачка надеж, а воедно АМС ќе му додели и стипендија за млади таленти „Спортска надеж“, соопштија денеска од Агенција за млади и спорт.

Исто така, додаваат во соопштението, АМС се обврзала да обезбеди стручни лица што ќе подготват годишна програма за усовршување на Пејчиноски со цел да продолжи да се усовршува и да стане врвен пливач кој гордо ќе ја претставува Македонија.

Од АМС и денеска уште еднаш му упатија честитки на младиот Пејчиноски и му посакаа блескава кариера.

Прикажи повеќе...

Домашен

Спортските обложувачници „Моцарт“ го реновираа теренот на кој се игра меѓународниот ракометен турнир „Струга 2018“

Објавено пред

Од

Со поставување на новата спортска подлога се создадоа одлични услови за игра и тренинг на отворено на игралиштето на „Женската плажа“ во Струга

 

Синоќа во Струга на ракометното игралиште на „Женската плажа“ пред преполни трибини почна 46. меѓународен ракометен турнир „Струга 2018“.

Во првиот натпревар пред свеченото отворање на новата специјална подлога за спортски игралишта донирана од спортските обложувачници „Моцарт“ заиграа домаќинот РК „Струга“ и тимот на РК „Железничар“.

Компанијата „Моцарт“ почна голем проект за обнова на игралиштето на „Женската плажа“, кое од синоќа го носи името на македонскиот ракометен херој Наумче Мојсовски.

DCIM100MEDIADJI_0024.JPG

„Факт е дека со години ни беше проблем обезбедувањето подлога за играње на отворено бидејќи душата на турнирот е да се игра овде покрај езерото, а не и при најмал дожд да трчаме во сала. Благодарен сум што ‘Моцарт’ се вклучи во струшката ракометна приказна и овозможи сето ова да изгледа вака. Подлогата по одигрувањето на турнирот останува на игралиштето, што е неверојатна предност за сите млади ракометари од Струга што тука тренираат“, изјави претседателот на РК „Струга“, Наумче Мојсовски.

Турнирот го прогласи за отворен Васко Илијевски, маркетинг-директорот на спортските обложувачници „Моцарт“.

„Како компанија која е регионален лидер во областа во која работиме, особена чест ни е да бидеме и лидери во грижата за заедницата. Нашата отвореност за соработка ја препознаа во Струга и затоа сме денес тука и овој терен изгледа така како што изгледа. Струга отсекогаш бил град расадник на врвни ракометари. Се надеваме дека подобрите услови за игра ќе придонесат од тука да произлезат уште многу ѕвезди како што е Наумче Мојсовски“, истакна Васко Илијевски на отворањето.

Турнирот трае до 19 август, а на новата подлога ќе играат врвните клубови од европскиот ракомет, како„ Целје“, „Тулуз“, „Бешикташ“, „Железничар“, „Констанца“, „Алингсас“, битолски „Еурофарм“ и домаќинот „Струга“. В сабота во рамките на турнирот се игра македонскиот Супер куп меѓу „Вардар“ и „Металург“.

Дневните билети за натпреварите се продаваат по цена од 50 денари, а сите средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за Центарот за дијализа во Струга. Вклучувајќи се во хуманата акција, компанијата „Моцарт“ откупи дел од билетите што играчите може бесплатно да ги подигнат при уплата на тикет на уплатните места во Струга.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток6 минути

Го извадив пиштолот и кажав стој полиција, сведочеше телохранителот на Оливер Спасовски за 27 април

Сашо Тасевски, директорот на БЈБ, телохранител на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна вечерва сведочеше во кривичниот суд...

Крвав четврток2 часа

Ги видов пратениците Мукоски и Василевски како ги вадат гредите од вратите на Собранието, сведочеше собраниски обебзбедувач

На продолжението од судењето за настаните од 27 април сведочеше собранискиот обезбедувач Владимир Стојков. Тој потврди дека кога чул врева,...

Крвав четврток5 часа

Драма во кривичен – Игор Југ скокна од столчето и сакаше да си замине среде судење

Обвинетиот Игор Југ на продолжението од судењето за настаните од 27 април му постави прашање на ексминистерот за внатрешни работи,...

Македонија7 часа

Претепаниот скопјанец: Ме намести пријател, тие ме чекаа во заседа

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра,...

Топ9 часа

(Видео) Кавадарчанец прободел жена со нож во стомакот кога му рекла дека е бремена

Полицијата вчера уапси кавадарчанец во Струмица под сомнение за обид за убиство како и за повеќе кражби во станови во...

Македонија9 часа

Обвинителството ќе проверува дали е запоставувано детето во станот со пелени во „Скопјанка“

Основното јавно обвинителство Скопје ќе утврдува дали родителите го запоставиле детето коешто живее со бабата во станот во „Скопјанка“, којшто...

Македонија11 час

Мухиќ: Владата не им објасни на граѓаните кои уставни промени ќе се случат по референдумот

Независниот пратеник Ферид Мухиќ не сакаше за ,,Макфакс” да каже дали ќе излезе на претстојниот референдум за промена на името,...

Македонија12 часа

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца казнети со 1000 евра

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“....

Македонија13 часа

Се разболе обвинетиот Митко Пецов – Фатиме побара да биде приведен

Одложено е рочиштето за предметот ,,Насилство”. Обвинетиот Митко Пецов се разболел и не присуствуваше на седницата, обвинителката на СЈО Фатиме...

Македонија13 часа

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозокот и скршеници

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром добило скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици по глава...

Македонија13 часа

Јавното обвинителство формираше комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет13 часа

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија15 часа

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Македонија1 ден

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Вести1 ден

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион1 ден

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија1 ден

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија1 ден

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија1 ден

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија2 дена

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Досие