Контакт

Спорт

Марадона ќе работи во Мексико

Диего Армандо Марадона е именуван за тренер на второлигашкиот тим од Мексико, Дорадос де Синалое, објави клубот.
Аргентинецот до пред неколку дена беше претседател на белорускиот клуб Динамо Минск, меѓутоа реши да да го смени работното место и да се пр…

Објавено пред

Диего Армандо Марадона е именуван за тренер на второлигашкиот тим од Мексико, Дорадос де Синалое, објави клубот.

Аргентинецот до пред неколку дена беше претседател на белорускиот клуб Динамо Минск, меѓутоа реши да да го смени работното место и да се пресели во Мексико, во екипа што има само три бода по шест одиграни кола.

Најдобриот фудбалер на Светското првенство во 1986 година, кога Аргентина ја освои титулата, во кариерата како тренер ги предводел Ал Васи и Фуџаиру во Обединетите Арапски Емирати.

Марадона бил и селектор на Аргентина на Светското првенство во 2010 година.

 

View this post on Instagram

 

¡Bienvenido Diego al Gran Pez! 🐠 #HazlaDePez #HazlaDeDiez

A post shared by Dorados de Sinaloa (@doradosoficial) on

Спорт

„Не можам да бранам во Реал, ама се уште можам да бидам од корист“

Објавено пред

Поранешниот англиски репрезентативец Џо Харт рекол дека е подготвен да замине во странство за да ја оживее својата кариера.

Харт кој некогаш беше незамислив на голот на Англија последен пат во Премиерлигата настапил во 2018 година кога примил пет гола од Евертон како голман на Барнли. Тој изјавил дека се сеќава на секоја секунда од тој натпревар.

„Мојата желба сега е уште посилна. Оваа ситуација не натера да разберам дека сакам да играм фудбал. Јасно ми е дека нема да играм за Реал Мадрид, но мислам дека не сум ја загубил вештината, го знам фудбалот, сакам само повторно да бидам дел од нешто и да придонесувам за клубот“, рекол 33 годишниот голман.

Откако го напушти Манчестер сити Харт бранеше како позајмен во Торино и Вест Хем. За Англија има 75 настапи, а со Сити два пати бил шампион во Премиерлигата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Најтрофејниот српски ватерполист ја заврши кариерата

Објавено пред

Најтрофејниот српски ватерполист Слободан Никиќ ја заврши кариерата. 37 годишниот Никиќ во пензија замина како играч на Вашаш. Никиќ ќе остане Унгарија, во Ференцварош, каде ќе работи со младинскиот тим.

Никола Никиќ во кариерата со националниот тим освоил 29 медали. Три пати бил светски првак, пет пати европски шампион, во Рио де Женеиро стана олимписки шампион, а има и девет златни медали од Светската лига.

Кариерата ја започнал во Партизан, а потоа играч во Ниш, Јадран од Херцег Нови, Олимпијакос, Про Реко, Камолји, Галатасарај, Ференцварош и Вашаш.

Прикажи повеќе...

Спорт

21 година од епскиот пресврт на Манчестер Јунајтед (Видео)

Објавено пред

Секоја година на 25 и 26 мај фудбалскиот свет се потсеќа на двата најлегендарни финални натпревари во Лигата на шампионите. Вечра се навршија 15 години од неверојатниот пресврт на Ливерпул против Милан во Истанбул, а денес се навршија 21 година од епскиот пресврт на Мначестер Јунајтед против Баерн Минхен.

На стадионот „Ноу Камп“ во Барселона, Баерн имаше резултат, ја котролираше играта и две минути го делеа од европската титула. Баерн водеше од шестата минута со голот на Марио Баслер од слободен удар.

Германските навивачи во 91 минута започнаа да слават кога на сцена стапија џокерите на Алекс Фергусон, Теди Шерингам и Оле Гунар Солскјер.

Во 91 минута по корнерот на Бекам, Гигс упати лош удар кон голот на Кан, меѓутоа на патот до голот топката ја допре Шерингам и го израмни резултатот.

Англичаните кои беа на работа на бездната не се задоволија со продолженија, тргнаа во нов напад. Изборија нов корнер. Повторно Бекам нафрли, а по обидот на Шерингам нога подметна Солкјер кој на својот тим му ја обезбеди втората титула европски првак во клупската историја.

Финале ЛШ 26 мај 1999, состави

Манчестер Јунајтед: Шмајхел – Ирвин, Стам, Јонсен, Гери Невил – Бломквист (Шерингам), Бат, Бекам, Гигс – Кол (Солскјер), Јорк

Баерн: Кан – Куфур, Матеус (Финк), Линке – Тарнат, Јеремис, Ефенберг, Бабел – Циклер (Шол), Јанкер, Баслер (Салихамиџиќ)

Прикажи повеќе...

Најново

Европа41 минута

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале скоро 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Свет59 минути

СЗО: Земјите во кои паѓа бројот на заболени се соочуваат со втор бран ако нагло ги попуштат мерките

Земјите во кои се намалува бројот на заболени од коронавирус би можеле да се соочат со втор пик на епидемијата...

Регион1 час

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Европа2 часа

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што поскоро отворање на границите меѓу европските земји, откако тие беа...

Македонија2 часа

Зоолошката градина од денеска е отворена за посети со нов протокол за движење

Од денеска скопската зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата со коронавирусот....

Регион2 часа

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Откако Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1...

Свет13 часа

Италија бара 60.000 доброволци, кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати речиси 60.000 доброволци, кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија14 часа

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет15 часа

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа16 часа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет16 часа

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет17 часа

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа17 часа

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија21 час

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија22 часа

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет23 часа

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион23 часа

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија24 часа

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија1 ден

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Економија1 ден

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Вкупното богатство на 25-те најбогати луѓе во светот се зголеми за 255 милијарди американски долари за два месеци, пишува „Форбс“....

Досие