Контакт

Спорт

Маркез може и по дожд, ќе стартува прв во Австралија

Марк Маркез ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австралија, во „кралската класа“. Старо-новиот шампион забележа време 1:29.199 минути и ја освои 51. пол-позиција во кариерата, во „кралската класа“. На Маркез му недостигаа ушт…

Објавено пред

Марк Маркез ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австралија, во „кралската класа“. Старо-новиот шампион забележа време 1:29.199 минути и ја освои 51. пол-позиција во кариерата, во „кралската класа“. На Маркез му недостигаа уште четири пол-позиции за да го достигне Валентино Роси на вечната листа.

Маркез, до најдобрата позиција на стартот, стигна откако дождот им ги уништи надежите на останатите возачи дека ќе можат да го достигнат времето на Шпанецот. Дождот на патеката „Филип ајленд“ започна да паѓа на почетокот на вториот дел од квалификациската сесија.

Место до Маркез во првиот стартен ред обезбедија Мавериј Вињалес на Јамаха и Жоан Зарко на Мостерс Јамаха.

Зад најдобрите тројца следуваат возачите на Сузуки Андреа Јаноне и Алекс Ринс, а птоа се наредија Џек Милер, Валентино Роси, Данило Петручи, Андреа Довициозо…

Траката за Големата награда на Австралија в недела ќе стартува во 6 часот по средно-европско време.

Спорт

Зверев во полуфиналето со Федерер, Ѓоковиќ против Андерсон

Германецот Александер Зверев се пласираше во полуфиналето на АТП финалето во Лондон со 7:6(5)/6:3 победа над Американецот Џон Изнер, за да постави интересен дуел со освојувачот на рекордни 20 гренд слема, Роџер Федерер.
Во меч во кој двајцата тенисери …

Објавено пред

Германецот Александер Зверев се пласираше во полуфиналето на АТП финалето во Лондон со 7:6(5)/6:3 победа над Американецот Џон Изнер, за да постави интересен дуел со освојувачот на рекордни 20 гренд слема, Роџер Федерер.

Во меч во кој двајцата тенисери доминираа на свој сервис, Зверев успеа да го добие тесниот тај-брејк во првиот сет, пред да направи брејк во финишот на вториот за втора победа на турнирот, со која вечерниот меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ останува на ниво на егзибиција – Ѓоковиќ е прв во групата, Зверев е втор.

Српскиот светски број 1, Ѓоковиќ ќе игра со Јужноафриканецот Кевин Андерсон во второто полуфинале во Лондон.

Прикажи повеќе...

Спорт

Гвардиола се сретна со затворените каталонски лидери

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се сретна со затворените катаонски лидери во четвртокот навечер при посетата на затворот во Ледонерс во близината на Барсеона, за уште еденаш да даде поддршка на независноста на Каталонија.
Гвардиола беше фото…

Објавено пред

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, се сретна со затворените каталонски лидери во четвртокот навечер при посетата на затворот во Ледонерс во близината на Барсеона, за уште еденаш да даде поддршка на независноста на Каталонија.

Гвардиола беше фотографиран со Жорди Куичарт, каталонскиот активист кого го очекуваат 17 години затвор за прогласувањето на независноста минатиот октомври.

„Порака од затвор. Благодарам, Пеп Гвардиола за покажаниот лидерски квалитет, посветеноста и солидарноста и за потсетувањето дека тимската работа нема граници. Бесконечно сум благодарен“, напиша Куичарт на „Твитер“.

Гвардиола се сретна со поранешниот потпретседател на каталонската влада, Ориол Жункерас, кого го очекува казна од 25 години затвор за бунт, како и Жоаким Форн и Раул Ромева, поранешните министри во каталонската влада, кои исто така ги очекува долга затворска казна.

Каталонецот, кој во март беше казнет со 20 000 фунти од англиската фудбалска асоцијација за носење  жолта лента во знак на поддршка за затворените, исто така одржал говор во затворот, пред да замине во родниот град Санпедор, едно од упориштата на каталонската независност.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ламела: Блиску е моментот кога ќе се вратам во Ривер Плата

Фудбалерот на Тотенхем, Ерик Ламела, рекол дека побргу од прогнозите би можел да се врати во својот матичен клуб Ривер Плата.
Ламела две години играше за Ривер (2009-2011), потоа се пресели во Рома, а изминатите пет години е играч на Тотенхем.
Аргентин…

Објавено пред

Фудбалерот на Тотенхем, Ерик Ламела, рекол дека побргу од прогнозите би можел да се врати во својот матичен клуб Ривер Плата.

Ламела две години играше за Ривер (2009-2011), потоа се пресели во Рома, а изминатите пет години е играч на Тотенхем.

Аргентинецот во Тотенхем не покажа ниту дел од својот неверојатен талент, иако оваа сезона игра во добра форма. Според неговите зборови, тој со нетрпение го чека моментот кога ќе се врати во татковината.

„Сè уште сум млад, но се ближи моментот кога ќе се вратам во Ривер. Доколку клубот ме сака назад, ќе бидам воодушевен (да се вратам)“, изјавил Ламела.

Оваа сезона му е најдобра во дресот на Тотенхем, на 13 одиграни натпревари има учинок од шест гола и две асистенции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија2 часа

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија2 часа

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски3 часа

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски4 часа

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија5 часа

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет5 часа

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Македонија6 часа

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Македонија6 часа

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски7 часа

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Крвав четврток7 часа

Герговска до сведокот Коцевски на 27 април: Лицата за интервентни ситуации да бидат на готовс

Судењето за крвавиот четврток продолжува со репродуцирање СМС и фејсбук-пораки од одземениот и вештачен телефон на Сашко Коцевски, вработен во...

Македонија9 часа

Заев го откажал ручекот кај Курц

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, ги повика на работен ручек в понеделник во Виена премиерите од земјите од Западен Балкан. Од...

Европа10 часа

Нова регулатива на Европскиот парламент – ако возот доцни, ви се враќаат парите

Со мнозинство гласови на пратениците, Европскиот парламент донесе Уредба за правата на патниците во железничкиот сообраќај. Според неа, доколку возот...

Бегството на Груевски21 час

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија23 часа

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Бегството на Груевски23 часа

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија1 ден

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Бегството на Груевски1 ден

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија1 ден

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија1 ден

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Досие