Спорт
Марковиќ си го саботирал трансферот во Андерлехт
Српскиот фудбалер, Лазар Марковиќ, незадоволен од финансиските услови, самиот го стопирал трансферот во од Ливерпул во Андерлехт.
Во финишот на преодниот рок, Ливерпул се согласил да ја намали цената за Марковиќ. меѓутоа поранешниот репрезентативец на …

Српскиот фудбалер Лазар Марковиќ, незадоволен од финансиските услови, самиот го стопирал трансферот во од Ливерпул во Андерлехт.
Во финишот на преодниот рок Ливерпул се согласил да ја намали цената за Марковиќ, меѓутоа поранешниот репрезентативец на Србија бил незадоволен од финансиските услови и решил да не потпише договор со клубот од Брисел.
„Чекавме до крајот на преодниот рок и бевме подготвени да прифатиме некои работи што во минатото ги одбивавме. Сепак, тој инсистираше во договорот да има некои невозможни работи.Самиот е виновен што му пропадна трансферот“, рекол тренерот на Андерлехт, Хајн Ванхезербук.
Марковиќ пролетниот дел од минатата сезона го мина како позајмен играч во Андерлехт. Србинот има договор со Ливерпул до јуни 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мајкл Овен го избра фаворит на Светското првенство
Поранешниот напаѓач на Англија, Мајкл Овен (46), ги сподели своите размислувања за претстојното Светско првенство, истакнувајќи ја Франција како главен фаворит. Како дел од презентацијата на „Hisense“, за соработката со ФИФА во Цирих, освојувачот на Златната топка во 2001 година коментираше за проширениот формат на Светското првенство, логистичките предизвици и ги издвои играчите и репрезентациите на кои треба да се обрне внимание.
Според Овен, одлуката на ФИФА да го зголеми бројот на учесници може да влијае на квалитетот на некои натпревари, но во исто време им дава можност на земјите кои претходно немаа реални изгледи за пласман.
Како главен фаворит за освојување на титулата, Овен ја издвои Франција, која е во група со Норвешка, Сенегал и Ирак.
„Ако треба да изберам еден тим, тоа е Франција. Тие имаат неверојатен тим и континуитет на резултати“, истакна тој, потсетувајќи дека Французите играа во финалето на последното Светско првенство.
Освен Франција, тој ја истакна силата на Шпанија, но предупреди и за потенцијалот на Соединетите Американски Држави и Канада, кои со поддршка на домашната публика би можеле да постигнат извонреден резултат. Тој ја издвои Јапонија како екипа што може да изненади.
Foto/ Depositphotos
Спорт
(Видео) Момент за историја и легенда, „Метрополитано“ му пее на Гризман
Во два исклучително драматични натпревари, Атлетико Мадрид успеа да ја елиминира Барселона во четвртфиналето, во Лигата на шампионите.
По завршувањето на реваншот, играчите на Атлетико бурно го прославија пласманот во полуфиналето. Потоа тие се поздравија со навивачите и се упатија кон тунелот. Сепак, во тој момент, еден од нив се одвои од своите соиграчи и се врати кон трибините на „Метрополитано“.
Играчот кој се врати да слави сам со навивачите е Антоан Гризман (35), една од најголемите легенди во историјата на Атлетико.
Навивачите, во негова чест ја пееја песната „Годините поминуваат…“, најавувајќи го неизбежното и дефинитивно заминување на Гризман од Атлетико.
Французинот им се придружи на навивачите и пееше со нив.
„АС“, најчитаниот шпански спортски медиум, вака го опиша видеото ја опиша трогателната сцена: „Гризман сам пред „Метрополитано“ пее во дует со навивачите. Слика за историските книги и за легендата на Атлетико“.
На крајот од сезоната, Гризман го напушта Атлетико Мадрид, се сели во САД, во Орландо. Трансферот беше договорен пред три недели. Реши да остане до крајот на сезоната, за да му помогне на Атлетико да се обиде да го освои Кралскиот куп и Лигата на шампионите.
Гризман е легенда на Атлетико. Одигра 491 натпревар за клубот. Тој е најдобриот стрелец во историјата на Атлетико со 211 голови, а додаде и 97 асистенции. Го водеше тимот до освојување на Кралскиот куп и Лигата на Европа.
Ова е втор престој на Гризман во Атлетико, каде што помина вкупно десет години. Првпат се приклучи на клубот во летото 2014 година од Реал Сосиедад за 54 милиони евра. Пет години подоцна, беше продаден на Барселона за 120 милиони евра, но по две години се врати прво на позајмица, а потоа во 2023 година и трајно. Атлетико тогаш го купи за 22 милиони евра.
Спорт
Чави: Во вакви натпревари на Барселона и недостига цврстина и победнички менатлитет
Дефанзивните слабости ја чинеа Барселона пласман во полуфиналето, во Лигата на шампионите. Атлетико со вкупен резултат 3:2 ја елиминира Барселона.
Барселона имаше подобри шанси, особено во реваншот во Мадрид, но Атлетико трпеливо ги чекаше своите шанси и пред се грешките во дефанзивата на противникот.
Во двата натпревари во Лигата на шампионите, Атлетико три пати на ист начин ја надигра одбраната на каталонците. „Јорганџиите“ од тие акции изнудија два црвени картони, Лукман постигна гол синоќа, Хулијан Алварез во првиот меч од слободен удар погоди, откако Пау Кубарси доби црвен картон.
„Болно беше да се гледа натпреварот. Тимот започна одлично, Ламин Јамал и Феран Торес постигнаа голови рано, играа со радост, доминираа во првото полувреме. Потоа повторно се случи истата стара приказна. Победивме со 2:1, но испаднавме. Тоа не е доволно добро за Барселона“, рече поранешниот тренер на Барселона, клупската легенда, Чави.
Смета дека Барса не била доволно силна за натпревар од ваков интензитет и важност.
„Не можеш да дозволиш Лукман да постигне гол на таков начин, не можеш да останеш со десет играчи поради црвениот картон на Ерик Гарсија. Колку пати сме го виделе ова? Имаме талент, имаме млади играчи, но менталитетот во овие европски ноќи е сè уште кревок. Атлетико покажа борба, организација и ДНК-та на Симеоне, никогаш не се откажуваа. Ми се допаѓа она што го гради Флик, фудбалот под негово водство може да биде прекрасен, но на ова ниво, потребна е цврстина. Мора да ја управуваш играта кога ја имаш контролата. Пропуштивме шанса. Секогаш е тешко да се вратиш по 0:2 од првиот натпревар, но синоќа имавме шанса и не ја искористивме. Навивачите заслужуваат подобро.“
Foto/ Depositphotos
