Контакт

Спорт

Марсело призна дека затајувал данок

Фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело, се спогодил со шпанските власти околу казната што треба д аја плати, бидејќи во минатото избегнал да плати данок.
Бразилецот добил четири месечна условна затворска казна и ќе треба на државаа да и плати 750.000 евра….

Објавено пред

Фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело, се спогодил со шпанските власти за глобата што треба да ја плати бидејќи во минатото избегнал да плати данок.

Бразилецот добил четиримесечна условна затворска казна и ќе треба на државаа да ѝ плати 750.000 евра. Бидејќи затворската казна е помала од две години, а ова на Марсело му е прв престап, според шпанскиот закон, тој нема да оди в затвор.

Како и во претходните случаи, Марсело бил обвинет дека затајувал данок преку странски фирми. Според обвинителството, тоа се однесува на периодот кога во 2007 година дошол во Шпанија, но државниот обвинител имал докази дека затајувал данок и од 2013 година до 2017 година.

Бидејќи ја признал вината, глобата изнесува 40 отсто од данокот што го затаил.

Марсело признал дека ги позајмил правата на својот лик и дело на уругвајската фирма „Бирсен трејд“, која немала доволно средства и ресурси за работа.

Бразилецот е само уште еден од долгата низа фудбалери што се спогодиле со шпанските власти. Ист случај беше и со Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Нејмар, Дани Алвеш, Алексис Санчез, Радамел Фалкао, Чаби Алонсо и други.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Колинс прва полуфиналистка на АО

Американката Данијел Колинс продолжи со сензационалните настап на Австралија опен. 25-годишната Американка избори пласман во полу-финалето на Гренд слем турнирот во Мелбурн.
Колинс, во четвртфиналето со пресврт, успеа да ја надигра Анастасија Пављученк…

Објавено пред

Американката Данијел Колинс продолжи со сензационалните настапи на Австралија опен. 25-годишната Американка избори пласман во полуфиналето на гренд-слем турнирот во Мелбурн.

Колинс, во четвртфиналето со пресврт, успеа да ја надигра Анастасија Пављученкова од Русија 2/6, 7/5, 6/1.

foto: epa

Пављученкова пласманот во полуфиналето го имаше во своите раце, одигра импресивно во првиот сет, добро почна и во вториот, меѓутоа одеднаш почна лошо да сервира и со серија на двојни грешки буквално ѝ го подари сетот на Колинс.

foto: epa

Подарокот Американката знаеше да го искористи и со брилијантна игра во третиот сет буквално ја збриша Пављученкова од теренот на „Род Лејвер арена“.

Пласманот во полу-финалето е најголемиот успех во кариерата на Колинс. Нејзина противничка за пласман во финалето ќе биде Петра Квитова или Ешли Барти.

Прикажи повеќе...

Спорт

Заврши сезоната за Белерин

Ектор Белерин ја заврши сезоната поради повредата на предните вкрстени лигаменти. Шпанецот се повреди во саботата на натпреварот против Челси.
Белерин во победата на Арсенал над Челси 2:0, играше 72.минути кога поради повредата беше изнесен од теренот….

Објавено пред

Ектор Белерин ја заврши сезоната поради повредата на предните вкрстени лигаменти. Шпанецот се повреди во саботата на натпреварот со Челси.

Белерин во победата на Арсенал над Челси 2:0, играше 72 минути кога поради повредата беше изнесен од теренот. Деталните прегледи само потврдиле дека ги скинал предните вкрстени лигаменти.

На шпанскиот репрезентативец му следува пауза од шест до девет месеци, што значи дека оваа сезона за него е завршена.

Прикажи повеќе...

Спорт

Циципас „гази“ на Австралија опен

Стефанос Циципас го живее својот сон во Мелбурн. Гркот ги освои симпатиите на публиката и по Роџер Федерер успеа да го совлада и Роберто Баутиста-Агут. Гркот е најмладиот полу-финалист на Австралија опен уште од 2003 година кога Енди Родик влезе меѓу н…

Објавено пред

Стефанос Циципас го живее својот сон во Мелбурн. Гркот ги освои симпатиите на публиката и по Роџер Федерер успеа да го совлада и Роберто Баутиста-Агут. Гркот е најмладиот полу-финалист на Австралија опен уште од 2003 година кога Енди Родик влезе меѓу најдобрата четворка и најмладиот полу-финалист на Гренд слем турнирите уште од Новак Ѓоковиќ кој во 2007 година играше полу-финале на Ју-Ес опен.

foto: epa

Циципас, во интересен и неизвесен меч, го победи Баутиста-Агут со 3:1 (7/5, 4/6, 6/4, 7/6). Шпанецот во секој сет што го губеше имаше свои шанси, имаше водство во сите од нив 2:4 во гемови, но со исклучок на вториот, Циципас успеваше да се врати.

Гркот во полу-финалето ќе игра против Рафаел Надал или Френсис Тијафо.

foto: epa
Прикажи повеќе...

Најново

Топ7 минути

На „Табановце“ приведено лице кое се барало за издржување затворска казна

Лице кое се барало за издржување казна затвор во траење од една година, било приведено при пасошка контрола на Граничниот премин...

Регион44 минути

Српски медиуми: По Путин, во Белград доаѓаат Трамп и Меркел

Претседателот на САД, Доналд Трамп би можел во текот на оваа година да ја посети Србија, објавува во денешното издание...

Вести53 минути

Демократите бараат итно да се постигне компромис за историската блокада на владата

Блокадата на Трамп над буџетот, која трае веќе 31 ден, претставува најдолгата блокада на федералната влада во Америка досега, а...

Свет2 часа

(Видео) Најмалку 14 лица загинаа во пожарот кај теснецот Керч

Во пожарот што зафати два брода што пловеле под знамето на Танзанија кај теснецот Керч, во Црното Море, загинаа најмалку...

Македонија2 часа

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за преспанскиот договор со која ќе се стави крај на 27-годишниот...

Македонија13 часа

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е напад врз правата на пациентите

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски,...

Македонија16 часа

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија17 часа

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија18 часа

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Македонија18 часа

Наумовски: Парите за повисока плата се планирани во случај да се промени законот

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, тврди дека засега нема да зема повисока плата и ќе чека законски измени...

Македонија19 часа

МВР за 50 илјади евра ќе се консултира за набавка на услуги за изработка на биометриски документи

Со проценета вредност, без ДДВ, од 3.000.000 денари, или приближно 50 илјади евра, МВР објави тендер за консултантски услуги за изготвување проектна...

Македонија20 часа

(Видео)„О2 иницијатива“: Оставки, доста ни е од пиар-мерки против загадувањето

„Ова што го прави власта не е борба против загадувањето. Ова се пиар-мерки за намалување на бесот кај граѓаните и...

Македонија21 час

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во...

Економија22 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за...

Бегството на Груевски22 часа

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски23 часа

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести23 часа

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија23 часа

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет23 часа

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Досие