Популарно
Меланија застана во одбрана на Леброн Џејмс, откако Трамп упати навреди кон кошаркарот
Првата дама на САД, Меланија Трамп, застана во одбрана на познатиот НБА кошаркар, Леброн Џејмс, откако нејзиниот сопруг, американскиот претседател, Доналд Трамп, на Твитер упати навреди кон спортистот.
Во соопштение објавено од страна на нејзината портпаролка, Меланија вели дека Џејмс работи добро во корист на новата генерација и дека таа има намера да го посети училиштето кое кошаркарот го отвори во сојузната држава Охајо.
Госпоѓа Трамп охрабрува отворен дијалог за прашањата кои ги мачат денешните деца, наведува портпаролката, додавајќи дека првата дама патувала низ целата земја и разговараа со децата за важноста од одговорност во кореспонденцијата на социјалните мрежи.
Американскиот претседател на Твитер го исмеа познатиот кошаркар, пишувајќи: „Леброн Џејмс го интервјуираше најглупавата телевизиска личност, Дон Лемон (водител на Си-ен-ен). Тој успеа да го прикаже Леброн како паметен, а тоа навистина не е лесно“.
Трамп објавата ја напиша откако Џејмс, во интервју за Си-ен-ен, го обвини претседателот дека ги дели Американците според бојата на кожата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
