Спорт
Меси ќе биде во тимот, дали ќе игра?


Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, ќе биде во тимот против Реал, но не е сигурно дали ќе игра, открил тренерот на „блауграна“, Ернесто Валверде.
Барселона и Реал вечерва на „Ноу Камп“ ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар во Купот на Шпанија.
Меси го повреди бутниот мускул на десната нога во саботата, на првенствениот натпревар со Валенсија (2:2).
Вчерашните прегледи покажале дека повредата не била сериозна, по што Меси тренирал со соиграчите.
„Ќе видиме во каква состојба ќе биде пред мечот. Доколку може да игра, тогаш ќе игра. Одлуката ќе ја донесеме во последен момент“, рекол Валверде.
„Ел класико“ во Купот на Шпанија на програмата е вечерва од 21 часот, а реваншот во Мадрид ќе се одигра во истиот термин на 27 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
