Контакт

Спорт

Молк и разочарување во Париз

Молк и разочарување владее на „Паркот на принцовите“ во елиминацијата од Лигата на шампионите. ПСЖ во осмина-финалето е поразен во двата натпревари од Реал, 3:1 пред три недели и 2:1 синоќа во Париз.
Сопствениците на ПСЖ вложија вистинско богатство за …

Објавено пред

Молк и разочарување владее на „Паркот на принцовите“ во елиминацијата од Лигата на шампионите. ПСЖ во осмина-финалето е поразен во двата натпревари од Реал, 3:1 пред три недели и 2:1 синоќа во Париз.

Сопствениците на ПСЖ вложија вистинско богатство за да конструираат тим кој не само што ќе биде конкурентен туку и ќе ја освои титулата во Лигата на шампионите бидејќи трофеите во Франција не се сатисфакција.

Веројтно прв кој ќе го плати цехот е тренерот Унаи Емери, а такво нешто веќе спомна претседателот Насер Ал-Келаифи.

„Под знак прашалник е и работата на тренерот…Но сега не е време и место за критики. Ќе разговараме со играчите. Денес не сакам да реагирам, но сите сме многу разочарани и вознемирени. Треба малку да се средиме со мислите, а потоа ќе ги влечеме наредните потези“, рекол Ал-Келаифи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Тухел: Нејмар е добар човек, но мора да е подготвен на критики од навивачите

Објавено пред

Тренерот на францускиот фудбалски шампион Пари Сен-Жермен, Германецот Томас Тухел, смета дека Нејмар треба да се подготви за критиките од навивачите на парискиот клуб, затоа што сакаше да замине во Барселона минатото лето.

Тухел истакна дека Бразилецот е многу добра личност и тој не посакува зло никому.

„Понекогаш е тешко да разберете дека пред вас е добра личност која ја гледате само на терен. Тој е добар човек. Фановите само го изразија своето мислење. И нив можам да ги разберам. Ова е нивно право на изразување. Тие се горди на својот клуб, непријатно им е да слушаат дека играчот со недели зборува за желбата да си замине. Му реков на Нејмар дека во животот понекогаш мора да се соочи со суровата вистина и последиците“ – изјави Тухел.

Бразилецот Нејмар во 2017 година дојде во ПСЖ од Барселона за рекордни 222 милиони евра.

И покрај обидите летово, сепак каталонскиот клуб и ПСЖ не се договорија тој пак да заигра на „Ноу Камп“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кикс на надежите, Македонија му подари бод на Казахстан во Скопје

Објавено пред

Македонска фудбалска репрезентација за играчи до 21 година со неочекувано реми ја прекинаа низата победи во евроквалификации за за пласман на Евро 2021.

Македонските надежи попладнево на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје одиграа само 1-1 со селекцијата на Казахстан.

Нашите фудбалери го отворија резултатот со голот на Милан Ристовски по една акција во 20. Минута од мечот.

Пулените на селекторот Милевски имаа повеќе од играта во првото полувреме, но не успеаја да ја зголемат предноста.

Во вториот дел македонските репрезентативци покажаа на моменти недисциплинирана игра со многу загубени топки. Кога сите очекуваа дека фаворитот на мечот ќе го реши натпреварот и ќе впише нови три бода, следуваше шок.
Се играше 75 минута кога Казахстан преку Оралхан Омиртајев погоди за 1-1.

До крајот на мечот Македонија двапати сериозно се закани, со удари од далечина на Атанасов, но тоа беше премалку за нови три бода и 100-отстотен ефект во квалификациите.

Сега, по три одиграни кола Македонија има седум бода пред вечерашното гостување на врсниците од Шпанија кај Црна Гора. Шпанците имаат 6 бода по 2 кола.

Од нашата група ќе се одигра и дуелот меѓу Израел и Фарски Острови, меч во кој домаќините влегуваат со 3 бода по само едно коло.
Фото:ФФМ

Прикажи повеќе...

Спорт

Вијали во борба со ракот: Мора да се биде трпелив!

Објавено пред

Поранешниот италијански фудбалер на Јувентус и на Челси, Џанлука Вијали, води исклучително исцрпувачка борба со ракот. Тој е речиси непрепознатлив, но не се предава.

„Мора да се биде трпелив, потешко е од што мислите дека ќе биде, но резултатите се позитивни и нема причина да не продолжам да водам нормален живот“ – рече екситралијанскиот фудбалер.

Неговиот лик изгледа измачено и покажува јасни знаци на борбата со ракот.

Поранешниот силен центарфор е ослабен, а терапијата ја продолжи од март годинава.

Вијали добива поддршка од навивачите кои ја видоа сликата од фудбалерите родени во 1964 години. Некогашниот напаѓач на Кремонезе, Сампдорија, Јувентус и Челси треба наскоро да стане тим-менаџер на селекцијата на Италија.

„Одам на терапија од март. Морам да бидам физички и ментално подготвен за да се соочам со овој предизвик. Се надевам дека ќе бидам подготвен за наредниот собир во ноември, не само гостин, туку во вистинската улога. Се чувствувам дека сум во добри раце. Продолжувам со терапијата. Мора да се биде трпелив, потешко е од што се надевате. Сè е во најдобар ред“ – вели Вијали.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

ЕУ не донесe одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори за...

Европа2 часа

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Спорт3 часа

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет4 часа

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет4 часа

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Топ5 часа

Откриена 14-члена криминална група, која организирала шверц на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија...

Македонија5 часа

Кривични пријави против Меѓународниот сојуз, „Томато продукција“ и „БМЈ медија груп“

Против Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде што беше сместена телевизијата „1ТВ“, и против...

Економија6 часа

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Македонија7 часа

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, поднесе оставка

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, денеска, на прес-конференција, соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување следува по...

Македонија8 часа

На судењето за ТНТ вештак тврди дека и со „нокиа 3310“ може да се прислушува

Во Кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ТНТ на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев, предложен од обвинетите. Вештакот,...

Македонија8 часа

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник Die...

Дијаспора9 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија9 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа10 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион10 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија11 час

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт21 час

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија23 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија1 ден

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија1 ден

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Досие