Спорт
Мората објасни зошто сака да ја напушти Шпанија
Експлозивното интервју на Алваро Мората за шпанските медиуми крена доста прашина во пресрет на полуфиналето на Евро.
Шпанецот го очекува тежок дуел со Франција и битка за пласман во финалето, но по изјавите на Мората за „Мундо депортиво“, атмосферата во таборот на „фуриите“ беше нарушена.
Имено, Мората изјави дека „ова може да му биде последен турнир на кој настапува за Шпанија“.
Потоа објасни што го тера да размислува така.
„Тешко ми е да бидам среќен во Шпанија. Посреќен сум надвор од Шпанија, без никаква дилема. Тоа сум го кажал многупати. Пред сè, ме почитуваат луѓето надвор од земјата. Во Шпанија нема почит кон никого“, истакна Мората.
Тој сепак ќе има можност да игра против Франција бидејќи беа погрешни наводите дека добил жолт картон на последниот меч со Германија.
„Тие рекоа дека плачев на теренот затоа што добив жолт картон. Каква глупост! Плачев затоа што мојата земја и јас како нејзин капитен се пласиравме во полуфиналето. Никогаш не би критикувал некој што плаче поради тоа. Но, би ме критикувале дури и ако си ја отсечам раката за да го освојам Евро“, изјави Мората.
„Се обидувам да уживам во турнирот, кој може да ми биде последен во националниот тим, а во иднина ќе видиме што ќе се случи. Можеби еден ден ќе им недостигам. Секој ден, моментот на моето заминување е поблиску, затоа уживам, затоа ќе плачам што и да се случило, добро или лошо“.
Алваро призна дека тој и неговата сопруга, кои имаат три сина и една ќерка, размислуваат да ја напуштат Шпанија.
„Не е сè така убаво. И покрај фокусот на Евро, сè уште размислувам и не знам дали е најдобро за мене да останам во Шпанија. Реков дека умирам да го земам трофејот со ‘Атлетико“, но не знаеш дали вреди сè“, заврши капитенот на Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милан и Јувентус ги разочараа навивачите
Без победник и без голови заврши 242. соочување на Милан и Јувентус. Великаните на италијанскиот фудбал, пред 80.000 гледачи на „Сан Сиро“ одиграа натпревар под сите стандарди.
Милан и Јувентус во дербито се појавија со јасна цел и план, да не загубат. Така на теренот ги поставија своите фудбалери Поло Фонсека и Тијаго Мота. Тренерите одиграа партија шах на теренот, буквално секој играч имаше јасна задача на теренот, поради што гледачите не видоа апсолутно ништо.
Јувентус го освои 25.бод во Серија А, колку што имаат со натпревар помалку Фиорентина, Аталанта и Лацио, бод повеќе има Наполи, а три бода повеќе Интер. Милан е седми со 19 бодови.
Спорт
(Видео) Два гола на Миовски во интервал од шест минути
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски блеска во малото каталонско дерби. На половина од првото полувреме, Џирона води против Еспањол со 3:0.
Тандемот Брајан Хил-Бојан Миовски го уништи Еспањол за само 22 минути.
Македонскиот репрезентативец му асиситраше на Хил во четвртата минута за првиот гол. Потоа Хил му се реваншира со две асистенции во 16. и 22.минута.
🇪🇸 Bijon Miovski GOAL vs Espanyol #Girona LaLiga #Espanyol pic.twitter.com/vwD9kjiU0j
— MUHAMMAD zohaib (@RealMzohaib) November 23, 2024
MIOVSKI EXTENDS GIRONA'S LEAD TO THREE…..
Follow for more goals and highlights 🔥 pic.twitter.com/nuKVKlyAvV
— Matchday Goals ⚽ (@MDay_goals) November 23, 2024
Ова се првите голови за Миовски во Примера, откако летово пристигна во Џирона од Абердин во трансфер вреден осум милиони евра.
Пред репрезентативната пауза Миовски постигна два гола за Џирона против Екстрамадура во Купот на Кралот.
Спорт
(Видео) Чоло со победа го прослави 700. меч на клупата на Атлетико и 300. победа во Примера
Атлетико Мадрид тешко, во последните 15 минути го скрши отпоот на Алавес и славеше со 2:1 во 13.коло во Примера. Тренерот на Атлетико, Диего Чоло Симеоне влезе во историјат на шпанскиот фудбал, 700. пат го водеше својот тим, ја забележа 300. победа во кариерата во Примера. Симеоне во 700 натпревари има 413 победи, 156 нерешени и 131 пораз. Неговиот тим постигна 1.168 гола, прими 577, а на 326 натпревари мрежата на Атлетико не се затресе.
Аткетико се мачеше да му обезбеди победа на својот тренер. Гостите го шокираа „Метрополитано“ во шестата минута. Бланко се обиде да нафрли, топката го погоди во раката Хави Галан, а пеналот во гол го претвори Гуриди.
Тоа беше се што направи играчите на Алавес пред голот на Јан Облак, кој немаше ниту една интервенција, а ударот на Гуриди беше единствениот упатен кон неговиот гол.
Од таа шеста минута до крајот се играше на половината на Алвес. Блескаше на голото на гостинскиот тим Сивера, кој на крајот имаше шест одбрани.
Атлетико најдобрата шанса во првиот дел ја имаше преки Лино кој ја погоди гредата. Потоа се редеа шансите на Коке, Љоренте, Ленле, Џулијано Симеоне.
Гостите имаа предност до 76.минута, кога Атлетико доби пенал. Реализатор беше Гризман. Десет минути подоцна, Сорлот во гол ја претвори асистенцијата на Де Пол и го комплетираше пресвртот.