Спорт
НБА плеј-оф: Јута ги елиминираа Вестбрук и Тандер! (видео)
Дебитантот Донован Мичел постигна 38 поени за да помогне Јута џез да ја добие серијата од првото коло од плеј-офот против Оклахома сити тандер по 96:91 победата за вкупни 4:2 и за дуел со прворангираните Хјустон во второто коло.
Расел Вестбрук имаше се…


Дебитантот Донован Мичел постигна 38 поени за да помогне Јута џез да ја добие серијата од првото коло од плеј-офот против Оклахома сити тандер по 96:91 победата за вкупни 4:2 и за дуел со прворангираните Хјустон во второто коло.
Расел Вестбрук имаше седум тројки за да забележи 46 поени и 10 скока за Тандер, но седмиот натпревар со над 40 поени не донесе победа за Тандер, кои се сметаа за фаворити во овој дуел.
Од другата страна, Мичел имаше вкупно 171 поени во шесте натпревари, што е трет најдобар скор за еден дебитант. Карим-Абдул Џабар (тогаш познат како Лју Алкиндор) имаше 216 во 1970, а Вилт Чембрлен имаше 1999 во 1960 година.
Кајл Лаури собра 24 поени, а Торонто имаше помош од клупата за победа над Вашингтон визардс со 102:92 и за 4:2 победа во серијата во „Капитал уан“ арената. Репторси, кои се први носители на Истокот, ќе играат со подобриот од дуелот Кливленд-Индијана.
Демар Дерозан имаше 16 поени, а Јонас Валанчиунас 14 поени и 12 скока за Торонто да стигне до единствената гостинска победа, додека за Визардс, Бредли Бил имаше 32 поени.
Вториот дуел на Истокот е израмнет, откако Индијана пејсерс со 121:87 ги „растурија“ Кливленд за израмнување на 3:3. Виктор Оладипо имаше 28 поени, 13 скока и 10 асистенции за да обезбеди „мајсторка“ во Кливленд.
НБА ПЛЕЈ-ОФ
(4:2) Јута – Оклахома сити 96:91
(2:4) Вашингтон – Торонто 92:102
(3:3) Индијана – Кливленд 121:87
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кошмарно деби за Џенаро Гатузо (Видео)

Шок терапијата и смената на Карло Анчелоти не ги подобри работите во Наполи. Наполитанците вечерва загубија на домашен терен од Парма 1:2. Наполи, со гол и асистенција, го сруши Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски.
Дека дебито на клупата на Наполи Џенаро Гатузо нема да го памети по добро најави Кулушевски уште во четвртата минута. Момчето со македонско потекло успеа да му избега на Кулибали и потоа го совлада Мерет.
Наполи притискаше во текот на целиот меч, во првиот дел зицери не реализираа Зјелински и Инсиње, а израмнувањето стигна дури во 64 минута кога Милик највисоко скокна на нафрлената топка од страна на Мертенс.
По израмнувачкиот гол следуваа ургански десет минути на Наполи, во кои се изроди само една добра шанса кога се посрамоти Марио Руи.
Во самиот финиш во 93 минута Жервињо и Кулушевски изведоа школски контра-напад. Кулушевски му асистираше на Жервињо кој го постави конечниот резултат.
Парма со оваа победа го мина Наполи на табелата и сега има 24 бода на седмото место. Наполитанците од друга страна останаа на 21 бод откако и на осмиот меч во Серија А останаа без победа.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не доби шанса од тренерот Гатузо.
Спорт
Вуд го замолкна „Стенфорд Бриџ“, наочекуван кикс на Лестер (Видео)

Бортмут забележа голема победа во Лондон над Челси, а Лестер ја прекинаа победничката низа во 17 коло, во Премиер лигата. Попладнево победи забележаа Шефилд Јунајтед и Барнли.
Екипата на Челси по серијата на добри резултати влезе во криза, а лошата форма е потврдена против Борнмут на „Стенфорд Бриџ“. Екипата на Френк Лампард го забележа четвртиот пораз на последните пет натпревари.
Единствениот гол во Лондон го постигна Дан Гослинг во 84 минута од натпреварот. Борнмут во најдобар момент ја прекинаа серијата од пет порази.
Неочекуван кикс забележаа фудбалрите на Лестер. Против Норич на „Кинг Пауер“ ставија крај на низата од осум победи. „Лисиците“ не успеаја да искористет неколку одлични шанси, а од пораз ги спаси голманот на Норич Тим Крул кој си постигна авто-гол. Претходно надобриот играч на Норич Тему Пуки им донесе предност на „канаринците“.
Шефилд Јунајтед со головите на Флек во 50 и 73 минута забележаа победа во дуелот со Астон Вила. Еден гол им беше доволен на Барнли да ги освојат бодовите против Њукасл. Голот вреден три гола го постигна Вуд во 58 минута.
Спорт
Кикс на Барса пред „Ел Класико“

Реал Сосиедад и Барселона одиграа 2:2 (1:1) во 17 коло во Ла Лига. Прв пат по осум натпревари Сосиедад успеаја да останат непоразени во дуелите со Каталонците. На „Аноета“ заврши низата од седум победи, во сите натпреварувања, во која беа играчите на Барселона.
Сосиедад подобро влегоа во натпреварот, таквиот пристап им донесе предност во 12 минута. Бускетс направи наивен пенал, а реализатор беше Ојерзабал.
Домашните имаа можност да го зголемат водството меѓутоа ударот на Исак го изблокира Ленгле.
Во 38 минута Суарез повлече контра, навремено му асиситраше на Гризман, а Француските репрезентативец рутински погоди против својот поранешен тим.
Целосен пресврт Барселона направи во 49 минута. Меси несебично му асистираше на Суарез.
Конечниот резултат го постави Швеѓанецот Исак кој ја искористи аматерската реакција на Тер Штеген.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија5 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми