Контакт

Спорт

Нема бунт во тимот, сите Шпанци посакуваат успех во Русија

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес, рекол дека во редовите на националниот тим не се случил никаков бунт, поради отказот што му беше врачен на селекторот Хулен Лопетеги.
Шпанските репрезентативци веќе одработија тренинг со нов…

Објавено пред

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубијалес, рекол дека во редовите на националниот тим не се случил никаков бунт поради отказот што му беше врачен на селекторот Хулен Лопетеги.

Шпанските репрезентативци веќе одработија тренинг со новиот селектор, Фернандо Јеро, кој до вчера беше спортски директор на репрезентацијата.

Веднаш кога Лопетеги доби отказ, одредени медиуми шпекулираа дека некои од играчите не се согласуваат со неговата смена.

Рубијалес ги негира ваквите шпекулации и потенцира дека играчите имаат желба да направат голем резултат на СП.

foto: epa

„Ги разгледав сите опции, ги слушнав сите предлози, а одлуката е само моја. Играчите се подготвени да направат голем резултат во Русија и во тимот нема никаков бунт. Играчите работат добро. Фудбалерите на Јеро му посакаа добредојде и му порачаа дека до смрт ќе бидат со него. Исто така, тие ќе бидат со капитенот Серхио Рамос“, рекол Рубијалес.

Како Шпанците ќе се снајдат во оваа ситуација, ќе покаже веќе првиот меч што ќе го одиграат в петок од 20 часот против Португалија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Роналдо емотивен пред враќањето на „Олд Трафорд“

Кристијано Роналдо по вторпат во својата кариера ќе игра против клубот каде што го направи името, Манчестер јунајтед, откако гостува на „Олд Трафорд“ со својот Јувентус во вторник навечер.
Неговата прес-конференција во Манчестер, нормално, предизвика о…

Објавено пред

Кристијано Роналдо по вторпат во својата кариера ќе игра против клубот каде што го направи името, Манчестер јунајтед, откако гостува на „Олд Трафорд“ со својот Јувентус во вторник навечер.

Неговата прес-конференција во Манчестер, нормално, предизвика огромно внимание, прво поради тоа што Португалецот играше за „ѓаволите“ од 2003 до 2009 година, а потоа и поради обвинувањата за силување од 34-годишната Американка Катрин Мајорга.

„За мене е многу емоционално што сум повторно во Манчестер. Знам сѐ за овој тим, цела блескава историја. Освојував титули тука, купови, лиги, Лига на шампиони. Сер Алекс Фергусон е човек кого нема никогаш да го заборавам и сакам уште еднаш да му посакам брзо закрепнување. Како се споредуваат моите тимови? Јас не го правам тоа, клубовите се фантастични. Среќен сум што играв во Манчестер, Реал Мадрид и сега во Јувентус. Сега сум среќен што сум во Јувентус, што се адаптирам на нов тим и нова лига. Моите соиграчи беа прекрасни, а многу луѓе ми помогнаа“, почна Роналдо.

Неизбежни беа прашањата околу обвинувањата на Мајорга за наводното силување кое се случило во хотелската соба во Лас Вегас во 2009 година, неговата прва година во Реал Мадрид.

„Дадов изјава пред две недели и нормално нема да лажам за ситуацијата. Моите адвокати ја завршуваат работата. Јас уживам во животот и во фудбалот, а вистината секогаш излегува на прво место. Знам дека сум пример за многу млади луѓе, на и надвор од теренот. Затоа сум насмеан. Играм во фантастичен клуб, имам фантастично семејство, здрав сум. Имам сѐ. Другото не влијае на мене“, објасни Роналдо.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Бертенс подобра од Кербер во драмата во Сингапур

Осмата носителка, Кики Бертенс беше поупорна и подобра од Анџелике Кербер во последниот меч од првото коло на ВТА финалето во Сингапур, враќајќи се за 1:6/6:3/6:4 победа над трикратната гренд слем шампионка.
Холанѓанката, која последна се пласираше на …

Објавено пред

Осмата носителка, Кики Бертенс, беше поупорна и подобра од Анџелике Кербер во последниот меч од првото коло на ВТА-финалето во Сингапур враќајќи се за 1:6/6:3/6:4 победа над трикратната гренд-слем шампионка.

Холанѓанката, која последна се пласираше на елитниот турнир на најдобрите осум тенисерки во 2018, ја шокираше шампионката од Вимблдон по слабиот прв сет, за да осигура првпат во овој формат на турнирот најслабите четири носителки да ги добијат првите мечеви по победите на Елина Свитолина, Каролина Плишкова и Слоун Стивенс.

„Започнав навистина лошо, но успеав да ја свртам работата. Кога не ми одеше најдобро поразговарав со тренерот и одлучив да играм поагресивно и тоа беше рецептот за победата“, вели Бертенс.

Во првиот денешен меч, Американката Слоун Стивенс имаше фантастичен трет сет за со 7:5/4:6/6:1 да ја победи шампионката од САД опен, Наоми Осака, по битка од 2 часа и 25 минути. Пред овој меч, Осака имаше низа од 14 победи во последните 16 меча, но направи 46 неизнудени грешки и загуби три брејка во последниот сет.

„Знаев дека нема да биде лесно против Наоми. Решив да останам смирена во последниот сет  и да ги искористам моите шанси“, изјави Стивенс по мечот во кој играа двете последни шампионки од Флешинг медоуз.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Нервоза во Реал! Рамос се извинуваше по инцидентот со Регујон (видео)

Работите не одат најдобро за Реал Мадрид, тоа е јасно. Тимот на Хулен Лопетеги има пет меча без победа и се седми во Шпанија, и нервозата беше јасно видлива на тренингот на тимот, во кој Серхио Рамос реши да му се „пушти“ на фудбалерот од младинскиот т…

Објавено пред

Работите не одат најдобро за Реал Мадрид, тоа е јасно. Тимот на Хулен Лопетеги има пет меча без победа и се седми во Шпанија и нервозата беше јасно видлива на тренингот на тимот, во кој Серхио Рамос реши да му се „пушти“ на фудбалерот од младинскиот тим, Серхио Регујон.

Капитенот на тимот при играње ракомет на тренинг го „зафатил“ носот на Рамос со рамо, по што Рамос реши да реагира неспортски, како што може да се забележи на видеото.

Рамос веднаш се извинио на Твитер велејќи дека нема изговор за неговото однесување.

„Иако не така како што изгледа, и ова се обични ситуации, нема изговор, мојата реакции не смее да биде ваква. Но, секогаш одиме до крај, нели Регуи?“, напиша Рамос.

Регујон веднаш го прифати извинувањето.

„Секогаш со мојот тим и со мојот капитен, за победа утре“, одговори Регујон.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Јанчев и Богданов исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев и членот на извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите се разрешени...

Македонија2 часа

Почна состанокот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва почна состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу првите кои пристигнаа беа пратеничките Ане Лашкоска, Благица Ластовска и Лилјана Затуроска,...

Македонија3 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија3 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Македонија5 часа

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија6 часа

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија8 часа

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија9 часа

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Македонија11 час

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Македонија11 час

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет11 час

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Свет12 часа

Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-би-си....

Македонија13 часа

Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку социјалната мрежа „Фејсбук“  

СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно...

Македонија15 часа

Метју Палмер во посета на Македонија

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, денеска ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за преспанскиот...

Македонија1 ден

Исклучената од ВМРО-ДПМНЕ, Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставни измени

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Верувам дека заеднички изготвените амандмани ќе нѐ обединат во иднина

Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово изрази уверување дека во рамките на 15-те дена за изготвување на нацрт-амандамните ќе се...

Регион1 ден

Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос

Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грци, денеска од Солун, каде...

Македонија1 ден

(Видео) Шекеринска: Македонија со оваа одлука станува фактор на стабилност во регионот

Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок...

Македонија1 ден

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува,...

Свет1 ден

(Видео) САД бара повеќе информации од Ријад, но не сака да биде запрена продажбата на оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од саудиските власти за смртта на новинарот Џемал Кашоги, но...

Досие