Спорт
Нејмар асистираше, Ришарлисон погодуваше (Видео)
Фудбалската репрезентација на Бразил, во пријателски натпревар одигран во Вашингтон, го победи Ел Салвадор со 5:0.
Апсолутните фаворити на овој натпревар, многу бргу го отворија резултатот. Во четвртата минута Нејмар погоди од пенал, а девет минути под…


Фудбалската репрезентација на Бразил, во пријателски натпревар одигран во Вашингтон, го победи Ел Салвадор со 5:0.
Апсолутните фаворити на овој натпревар, многу бргу го отворија резултатот. Во четвртата минута Нејмар погоди од пенал, а девет минути подоцна му асистираше на Ришарлисон кој постигна преубав гол. По половина час игра Нејмар повторно беше асистент, а голот го постигна Фелипе Кутињо.

Второто полувреме со гол го отвори Ришарлисон во 50.минута, а точка на натпреварот стави Маркињос во последната минута, асистент повторно беше Нејмар.
Инаку, напаѓачот на Евертон Ришарлисон, во саботата дебитираше за Бразил, откако одигра 15 минути САД, а против Ел Салвадор тој ги постигна своите први голови во националниот тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Уругвајците на Атлетико го „сотреа“ Јуве, Сити против Шалке и ВАР системот во Германија (видео)

Големата пресметка меѓу Атлетико Мадрид и Јувентус заврши со 2:0 победа на шпанскиот клуб, обезбедена во последните минути од мечот, откако прво ВАР системот им поништи еден гол на Алваро Мората и не им досуди еден пенал, додека во Гелзенкирхен, Манчестер сити стигна до импресивна 3:2 победа над Шалке, откако домаќините дојдоа до 2:1 водство преку два гола од пенал.
УЕФА го воведе ВАР-системот за мечевите од осминафиналето на Лигата на шампионите и контроверзниот систем, нормално, донесе нови контроверзи. Ајакс беа бесни откако нивниот прв гол против Реал Мадрид беше поништен поради контроверзен офсајд, а вечерва ВАР имаше главна улога на мечот во Германија.
Во првите 45 минути двата противници на „Ванда метрополитано“ беа израмнети, откако Јувентус се закани преку Кристијано Роналдо од слободен удар и преку Лео Бонучи со убав удар на главата, додека на другата страна Шчесни ги одбрани ударите на Гризман и Томас. Најконтроверзниот момент беше по половина час игра, кога судијата прво покажа на белата точка, за потоа со помош на ВАР да одреди дека Де Шиљо го фаулирал Диего Коста надвор од шестнаесетникот.
Атлетико беше многу подобар противник во второто полувреме, откако прво Диего Коста во 52. минута промаши чист „зицер“, а само две минути подоцна Гризман ја погоди пречката! Алваро Мората влезе како замена против поранешниот клуб, и во 70-тата минута ја затресе мрежата на Шчесни пред судијата Феликс Цвајер да го поништи голот поради престрого досуден фаул од Мората над Кјелини.
Сепак, „јорганџиите“ дојдоа по своето во последните 15-тина минути. Во 78. минута по силниот удар со глава на Мората по корнер, топката се одбива од Манџукиќ и стигнува до Хименез кој од седум метри не промашува за водство! Диего Годин, уште еден Уругваец во дресот на Атлетико, ја удвои предноста во 83. минута повторно во ситуација од корнер, кога топката стигнува до Годин, кој го погоди Роналдо и потоа голот на Јуве.
Судијата Карлос дел Серо Гранде беше во центарот на конфузијата во Гелзенкирхен по досудениот пенал за домаќините во првото полувреме. Сити водеа преку голот на Серхио Агуеро, а домаќините имаа шанса да израмнат кога Николас Отаменди играше со рака по шутот на Даниел Калигури, кој сигурно ќе завршеше во гол.
Шалке дојдоа во предност повторно со удар од белата точка во 45. минута, повторно преку Бенталеб, пред Отаменди да добие втор жолт картон во 68. минута.
Прво беше досуден корнер, пред по интервенција на ВАР, да се досуди пенал, одложувајќи го мечот речиси три минути, пред Набил Бенталеб да израмни на 1:1.Но, тогаш на сцена стапи „четата“ на Пеп Гвардиола – Лирој Сане во 85. минута постигна гол против поранешниот клуб за 2:2, пред Рахим Стерлинг во 90-тата минута да го комплетира пресвртот.
Фото: ЕПА
Спорт
Рајн-Некар не се откажува – супер-важна победа над Киелце

Рајн-Некар Левен се „разбуди“ од зимскиот сон и по двата порази во Лигата на шампионите, успеа да ги победи Виве Киелце со 30:29 (18:14), дополнително компликувајќи ја ситуацијата во групата Б, каде што е и македонскиот шампион Вардар.
По поразите од Вардар дома и од Мешков Брест на гости, на РНЛ му беше потребен добар резултат за да остане во игра за пласман во понатамошната фаза, и германскиот клуб го направи токму тоа против Киелце, почнувајќи силно и правејќи предност која не ја испушти до крајот на мечот и покрај силниот финиш на гостите.
Швајцарецот Анди Шмид имаше осум гола за РНЛ, Колбахер додаде седум, додека македонскиот репрезентативец Филип Талески немаше постигнат гол. За Киелце, Агинагалде заврши со пет гола како најефикасен стрелец.
Со победата Рајн-Некар се израмни со Киелце со 7-0-6 скор и со 14 поени, но го помина полскиот клуб поради подобра гол разлика. Вардар е на третото место со 15 поени, Веспрем е втор со 16, а Барселона е на првото место со 20 поени. Вардар во сабота гостува кај фенерџијата Кристијанштад.
Фото: ЕПА
Фото: ЕПА
Спорт
ЛЕ: Севилја го исфрли Лацио, Италијанците сметаат дека се „ограбени“ (видео)

Севилја победи со 2:0 во вториот меч од 1/16 финалето на Лига Европа (по гостинската 1:0 победа) во меч во кој „лацијалите“ сметаа дека се сериозно оштетени и во кој двата тима го завршија мечот со по 10 фудбалери.
Сенад Лулиќ беше соборен од Габриел Меркадо кога беше во добра позиција од десетина метри, но англискиот судија Ентони Тејлор реши дека нема фаул за пенал. За разлика од Лигата на шампионите, во Лига Европа уште не се користи ВАР системот.
Неколку моменти подоцна Данило Каталди од слободен удар ја „закачи“ пречката, но веднаш потоа Лацио примија гол. По грешката на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Томас Стракоша слабо ја исфрли топката директно пред нозете на Висам Бен Једер, кој исто така стрелаше и на „Олимпико“.
Во второто полувреме, мечот стана погруб, и во 60. минута, домаќините останаа со играч помалку по вториот жолт картон за Франко Васкез. Но, предноста за Лацио беше мала, откако Адам Марушиќ 11 минути подоцна доби црвен картон. Севилја ја заврши работата со голот на Пабло Сарабија во 78. минута.
Фото: ЕПА
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал