Контакт

Спорт

Нејмар: Ќе бидам подготвен за Русија

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар вели дека очекува да биде целосно подготвен за Светското првенство во Русија, откако на интервју за бразилската ТВ изјави дека му е потребен уште еден месец да оздрави.
26-годишниот Бразилец имаше операција за скршен…

Објавено пред

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар вели дека очекува да биде целосно подготвен за Светското првенство во Русија, откако на интервју за бразилската ТВ изјави дека му е потребен уште еден месец да оздрави.

26-годишниот Бразилец имаше операција за скршеното стапало минатиот месец по повредата во текот на мечот на 25 февруари против Марсеј и моментално е во Бразил на опоравување.

„Имам уште еден месец, месец и нешто. Рехабилитацијата оди добро, фрактурата се залечува, сѐ оди според планот“, вели Нејмар во интервју за „Глобо ТВ“, кое целосно ќе биде прикажано во сабота.

ПСЖ исто така посочија дека очекуваат тој да се врати во акција пред крајот на францускиот шампионат.

Опоравувањето Нејмар го поминува во неговата спектакуларна куќа со шест спални во близината на Рио де Жанеиро, каде што има достапен тениски терен, вежбална и хелиопад.

Фото: ЕПА

Sábado. Tem @neymarjr

A post shared by Serginho Groisman (@serginhogroisman) on



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ефес првпат го победи Фенер на гости во Евролигата! (видео)

Објавено пред

Крунослав Симон постигна 22 поени, имаше 9 скока и додаде четири пати за Анадолу Ефес да го добие истанбулското дерби во Евролигата со 81:73, првпат со победа на гости во европската елита.

Симон исто така имаше клучна улога кога во финишот на мечот постигна положување и заработи фаул за 67:76 водство на 80 секунди пред крајот. Претходно, Фенербахче направија 11:0 серија за неколку минути за да се вратат од -17 поени негатива, кога Костас Слукас со тројка ги доближи на 67:73.

Шејн Ларкин постигна поени за да стигне до бројот 20 (сите во второто полувреме), пред Симон да ја презеде контролата на на мечот. Тимот на Ергин Атаман остаснува прв на табелата со фантастичен 11-2 скор по седмата победа едноподруго, додека Фенер има слаби 5-8.

ЕВРОЛИГА, 13.КОЛО

Химки – Алба Берлин 104:87 (23:32, 31:19, 23:12, 27:24)

Фенербахче – Анадолу Ефес 73:81 (22:20, 16:18, 11:21, 24:22)

Црвена звезда – Басконија 64:72 (14:20, 17:12, 12:24, 21:16)

Прикажи повеќе...

Спорт

ЛЕ: Клуж го исфрли Лацио, Арсенал први откако Ајнтрахт загуби добиен меч (видео)

Објавено пред

За Лацио нема да има европска пролет, откако тимот на Симоне Инзаги кој игра одлично во Серија А, успеа да испадне во групата Е во Лига Европа, откако загуби на гостувањето кај Рен, додека романскиот ЦФР Клуж со 2:0 го победи Селтик и му го грабна второто место.

На Лацио им беше потребна победа во Франција, но во исто време Селтик, кој го осигура првото место во табелата да го совлада Клуж во Романија, но на крајот тоа не се случи и сега „лацијалите“ може да се концентрираат на домашниот шампионат.

Арсенал на Фреди Љунгберг успеа да се врати од 2:0 негатива за 2:2 реми на гостувањето кај Стандард Лиеж (во првиот меч ги победија со 4:0), за да го освои првото место во групата Ф, откако Ајнтрахт Франкфурт успеа да пропушти 2:1 водство и да загуби со 2:3 од Виторија Гимараеш.

Последното коло, откако во поголемиот дел од групите беа одлучени патниците за нокаут фазата донесе и неколку незгодни изненадувања (за обложувачите). Кипарскиот АПОЕЛ со 1:0 ја победи Севилја, а ЛАСК Линц со 3:0 го декласираше Спортинг Лисабон.

ЛИГА ЕВРОПА, 6.КОЛО

ГРУПА А

АПОЕЛ – Севилја 1:0

Карабаг – Дуделанж 1:1

Табела: 1.Севилја 15, 2.АПОЕЛ 12, 3.Карабаг 5, 4.Дуделанж 4,

ГРУПА Б

Динамо Киев – Лугано 1:1

Копенхаген – Малме 0:1

Табела: 1.Малме 11, 2.Копенхаген 9,  3.Динамо Киев 7, 4.Лугано 3

ГРУПА Ц

Базел – Трабзонспор 2:0

Хетафе – Краснодар 3:0

Табела: 1.Базел 13, 2.Хетафе 12, 3.Краснодар 9, 4.Трабзонспор 1

ГРУПА Д

ЛАСК Линц – Спортинг Лисабон 3:0

ПСВ Ајндховен – Розенборг 1:1

Табела: 1.ЛАСК 13, 2.Спортинг Л 12, 3.ПСВ 8, 4.Розенборг 1

ГРУПА Е

ЦФР Клуж – Селтик 2:0

Рен – Лацио 2:0

Табела: 1.Селтик 13, 2.Клуж 12, 3.Лацио 6, 4.Рен 4

ГРУПА Ф

Стандард Лиеж – Арсенал 2:2

Ајнтрахт Франкфурт – Гимараеш 2:3

Табела: 1.Арсенал 11, 2.Ајнтрахт 9, 3.Стандард Л 8, 4.Гимараеш 5

ЦФР КЛУЖ – СЕЛТИК

СТАНДАРД ЛИЕЖ – АРСЕНАЛ

АЈНТРАХТ – ГИМАРАЕШ

ПСВ – РОЗЕНБОРГ

АПОЕЛ – СЕВИЛЈА

Прикажи повеќе...

Спорт

„Ферари“ призна дека веќе преговарал со Хамилтон

Објавено пред

„Ферари“ првпат потврди дека преговарал со Луис Хамилтон за шесткратниот Ф1 шампион да се приклучи на славниот италијански тим од 2021 година.

Договорот на Британецот од 40 милиони фунти годишно со „Мерцедес“ завршува на крајот на следната сезона, и при финишот на овогодишната сезона се зголемија шпекулациите дека Хамилтон е подготвен за трансфер и се тврдеше дека тој двапати се сретнал со претседателот на Ферари, Џон Елкан.

Извршниот директор на Ферари, Луис Камилери, призна дека имало првични контакти за еден од најголемите трансфери во историјата на Ф1.

„Веќе стана јавно дека Луис разговараше со нашиот претседател. Поласкани сме што возач како Луис би сакал да вози за нас. Тоа докажува дека секој Ф1 возач би сакал да вози Ферари. Имаме долгорочен договор со еден од нашите возачи (Шарл Леклер), а со другиот возач (Себастијан Фетел) договорот завршува на крајот на 2020. Сега е прерано да носиме одлуки, а кога ќе дојде време ќе ја направиме најдобрата одлука за тимот“, вели Камилери.

Хамилтон, кој следниот месец полни 35 години, најави дека иднината во Ф1 зависи од тоа дали шефот на Мерцедес, Тото Волф ќе остане на позицијата, бидејќи Австриецот е главен кандидат за првото место во Ф1.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет2 часа

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Спорт3 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија6 часа

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа7 часа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија7 часа

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија8 часа

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија9 часа

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија10 часа

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија10 часа

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Македонија11 час

В сабота ќе работат и градинките

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата....

Свет12 часа

Трамп до универзитетите: Укинете го антисемитизмот ако сакате пари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба за забрана на федералните фондови наменети за универзитетите и колеџите, кои дозволуваат антисемитизам....

Свет12 часа

(Видео) Се запали рускиот разорувач „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

Рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“ се запалил додека го поправале на докот во Мурманск, при што повредени се три...

Регион14 часа

Преговорите за влада на Косово без резултати , нема договор за коалиција

Во косовското собрание синоќа се одржа уште една средба на лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти и лидерот на Демократскиот...

Свет14 часа

Санчез доби мандат за формирање влада

Шпанскиот крал Фелипе Шестти му довери на досегашниот премиер Педро Санчез мандат да се обиде да формира влада. Социјалистичката партија...

Свет14 часа

САД ја предупреди Северна Кореја да е откаже од нуклеарната програма и да избегнува провокации

САД се подготвени да бидат флексибилни во преговорите чија цел е Северна Кореја да се натера да се откаже од...

Свет14 часа

Парламентарни избори во Велика Британија – главни ривали се Џонсон и Корбин

Граѓаните на Британија денеска гласаат на вонредни парламентарни избори на кои се решава не само кој ќе управува во земјата,...

Спорт1 ден

Легендарниот шампион Леон Спинкс се бори за живот

Легендарниот шампион во тешка категорија, Леон Спинкс, се бори за својот живот во болница, потврди неговата сопруга, која побара молитви...

Регион1 ден

Уапсени двајца Срби и еден Македонец за убиството во Братислава

Во Унгарија уапсени се двајца Срби поради смртта на Никола Косаниќ (22), кој во неделата беше до смрт претепан во...

Македонија1 ден

Девет членки на ЕУ предложија нова методологија за проширување

Девет земји членки на ЕУ излегоа со заеднички предлог за нова методологија за проширување на членството во ЕУ, за што...

Досие