Спорт
Не оди без Нејмар, ПСЖ падна во Лион (Видео)



Фудбалерите на Олимпик Лион први го победија фаворизираниот Пари Сен Жермен во француското првенство. Лион вечерва победија 2:1. Инаку ова е трет сезонки пораз за ПСЖ, откако претходно загубија од Ливерпул во Лигата на шампионите и од Генган во Лига купот.
Големото дерби во целост ги оправда очекувањата,а фудбалерите на Лион си го исполнија ветувањето дека ќе го совладаат лидерот.
Мечот лошо започна за Лион, откако Ди Марија по само седум минуит игра го совлада Лопез.
Потоа следуваше еден период од 30 минути во кој домашните игрчи извршија жесток притисок. Блескаше голманот на ПСЖ Ареола со брилијантни интервенции.
Сепак Ареола не успеа да го спречи Џембеле во 33 минута да го израмни резултатот. Истиот играч беше заслужен и за вториот гол на Лион. На почетокот на вториот дел Тијаго Силва направи прекршок врз него за пенал.
Фекир беше сигурен реализатор во 49 минута.
До крајот на мечот двата тима имаа неколку одлични можности за постигнување на гол меѓутоа резучтатот остана 2:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал Мадрид по петти пат го освои Суперкупот на УЕФА

Реал Мадрид уште еднаш покажаа дека се „кралеви“ на европскиот фудбал, откако на „Олимпискиот стадион“ во Хелсинки со 2:0 го совладаа шампионот од Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт за да се израмнат со Барселона и Милан со пет титули на Европскиот Суперкуп на УЕФА.
По фантастичната сезона 2021/22 во која ја освоија шпанската круна, и стигнаа до неверојатната 14. европска титула со победа над Ливерпул во финалето, тимот на Карло Анчелоти пристигна во Финска со желба за уште еден трофеј во неверојатната колекција. Против себе го имаа тимот кој лани ги шокираше сите со фантастичниот пат до титулата во Лига Европа, но кој минатиот викенд ја започна сезоната со 1:6 пораз од Баерн Минхен.
По израмнетиот старт на мечот, во кој неколку пати се заканија пред своите помногубројни фанови, Ајнтрахт направи една грешка, која веднаш ја казни Давид Алаба во 37. минута по одличната реакција на Карим Бензема. Во второто полувреме, шпанскиот тим беше поопасен пред голот на противникот, со неколку шанси и со една убава пречка, пред неизбежниот Бензема во 65. минута да го зголеми водството и уште еднаш да ја потврди „кандидатурата“ за „Златната топка“.
Спорт
Барса успеа да „сврти“ дел од навивачите контра Френки де Јонг

Летната „сага“ на Френки де Јонг продолжува, откако дел од навивачите на Барселона го пречекаа холандскиот репрезентативец на денешниот тренинг на клубот со навреди и со извици: „Намали ја платата, кучко“, објавува шпанскиот „Диарио спорт“.
Оваа доаѓа по вестите дека Барселона побарала од Холанѓанецот да се откаже од договорот потпишан во времето на претходниот претседател на клубот, Жозеп Марија Бартомеу поради „нелегалности“, по што тој одговори со ангажирање на адвокати сомневајќи се дека Барселона сакаат да му го нарушат угледот.
Барселона наводно уште пред речиси два месеци се договори со Манчестер јунајтед за неговиот трансфер, но тој одбива да си замине. Сега, пак, последните вести ги поставуваат Челси како главни фаворити за неговиот потпис.
#FCB????????
???? Graves insultos a Frenkie De Jong a su llegada a la Ciutat Esportiva
????️ ¡Bájate el sueldo, p****!
???? @DBR8 pic.twitter.com/Kq8L0SGQKP
— Diario SPORT (@sport) August 10, 2022
Френки де Јонг најмил адвокати за притисокот што му го прави Барселона
Спорт
Галијани: Ни треба брегзит во фудбалот, но без англиските клубови

Поранешниот генерален директор на Милан, Адријано Галијани ја поддржа европската Суперлига, оценувајќи дека на фудбалскиот свет му е потребен брегзит, но без англиските клубови, бидејќи другите лиги не можат да се натпреваруваат со парите кои се даваат во Премиер лигата.
Сега како директор на новиот италијански прволигаш Монца, Галијани смета дека Суперлигата и покрај неуспешниот обид на 12 клуба во април минатата година, останува валиден проект споредувајќи го со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.
„Премиерлигашките клубови заработуват четири пати повеќе пари од тие во Серија А. Монца добива 33 милиони евра од ТВ-правата, и три милиони треба да ги дадеме на Серија Б. Нововлезен премиерлигаш добива 160 милиони евра. Како можеме ние да се споредуваме со Нотингем форест? И како да ја сопреме ова тенденција? Потребен ни е ‘Брегзит’ во фудбалот. Кој ги тера Британците да даваат 4 милијарди евра, и секогаш да имаат полни стадиони? Затоа би имале вистински европски шампионат, без Англичаните“, вели Галијани за „Тутоспорт“.
Јувентус, Барселона и Реал Мадрид остануваат посветени на проектот за Суперлигата и покрај откажувањето на деветте други клубови (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Интер и Милан).