Контакт

Спорт

Ново клупско натпреварување од 2021?

Откако од УЕФА вчера во Монте Карло потврдиле дека „разгледувале разни опции“ за европските клупски натпреварувања, германскиот весник „Билд“, објави дека европската куќа на фудбалот од 2021 година ќе воведе уште едно натпреварување, покрај постојните …

Објавено пред

Откако од УЕФА вчера во Монте Карло потврдиле дека разгледувале разни опции за европските клупски натпреварувања, германскиот весник „Билд“ објави дека европската куќа на фудбалот од 2021 година ќе воведе уште едно натпреварување покрај постојните две: Лигата на шампионите и Лига Европа.

До 1999 година УЕФА организира три клупски натпреварувања (Лига на шампиони, Куп на купови и Куп на УЕФА) кога реши да го укине Купот на победниците на куповите. Последен шампион во ова натпреварување е Лацио.

Според шпекулациите, во третото натпреварување би учествувале 32 екипи, што ќе предизвика промени во форматот на Лига Европа. Во сегашниот формат во ЛЕ се натпреваруваат 48 екипи, а бројката од 2021 година би се намалила на 32.

Новоформираното натпреварување, најверојатно, ќе го носи името Куп на Европа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ниту еден европски клуб не е заинтересиран за Винисиус

Објавено пред

Винисиус Жуниор и Реал Мадрид сè уште не постигнале договор, а како што стојат работите, на неговите менаџери нема да им биде лесно да постигнат договор со кој било друг клуб.

Ромен Молина, шпански новинар познат како точен извор на информации, откри дека менаџерите на Бразилецот „флертуваат“ со бројни клубови, дека се обиделе да го понудат за да истражат други опции и потенцијално да извршат притисок врз Реал за понатамошни преговори, но дека добиле негативен одговор на секоја адреса.

Желбата на Винисиус е да остане во Реал Мадрид, но не се откажува од тоа тој да ја преземе водечката улога во преговорите, што Флорентино Перез досега го избегнуваше.

Јасно е дека Перез, како и претходно, им дава до знаење на сите играчи дека никој не е над Реал Мадрид, што најмногу ги забавува преговорите. Винисиус бара годишна плата каква што има Килијан Мбапе, а тоа значи околу 30 милиони евра годишно. Според медиумите, Реал му нуди нешто повеќе од 16 милиони евра по сезона.

Молина пишува дека Челзи бил единствениот клуб кој бил споменат како заинтересиран, но дека „сините“ повеќе не се заинтересирани.

Винисиус нема да биде евтин, а неговата плата е исто така огромна. Решение на проблемот може да биде Саудиска Арабија. Тамошните клубови без проблем можат да ги исполнат финансиските барања на Бразиелцот.

Сега на потег е и Флорентино Перез, кој не смее да дозволи да биде толку лесно да остане без првата ѕвезда, особено поради фактот што Родриго е сериозно повреден и нема да биде на теренот до 2027 година.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Локатели го продолжи договорот со Јувентус

Објавено пред

Италијанскиот фудбалер Мануел Локатели го продолжи договорот со Јувентус до 30 јуни 2030 година, објави клубот од Торино.

Локатели е член на Јувентус од 2021 година и во тој период одигра 224 натпревари во сите натпреварувања и запиша девет гола и 17 асистенции.

„Сите се сеќаваме кога Мануел, по неговото пристигнување во 2021 година, со голема емоција рече дека отсекогаш бил навивач на Јувентус. Продолжувањето на соработката претставува природно продолжение на растот на неговото лидерство на теренот, неговиот непоколеблив црно-бел дух, во целосна заедница со вредностите и амбициите на нашиот клуб“, рече извршниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли.

Во текот на својата кариера, италијанскиот фудбалер играше и за Милан и Сасуоло.

Јувентус е на четвртото место на табелата во Серија А со 60 бода, а во недела ќе ја пречека Болоња во 33-то коло.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Шампионката на Вимблдон се соочува со четиригодишна суспензија

Објавено пред

Чешката тенисерка Маркета Вондрушова, шампионка на Вимблдон во 2023 година, се соочува со суспензија до четири години откако беше обвинета за кршење на антидопинг правилото поради одбивање на тест.

Спорниот инцидент се случил во декември за време на ненајавено тестирање надвор од тениските терени. Вондрушова тврди дека по 20 часот непознато лице заѕвонило на нејзината врата, одбило да се идентификува и побарало итен примерок од урина. Во тој момент, таа одбила да го пушти внатре, оценувајќи ја ситуацијата како сериозно нарушување на приватноста.

Против неа потоа беше покрената постапка од Меѓународната агенција за интегритет на тенисот за „одбивање или недавање примерок без основана причина откако била известена од овластено лице“.

Шампионката на Вимблдон во 2023 година ја даде својата верзија на настаните на социјалните мрежи, нагласувајќи дека дејствувала од страв, а не за да избегне тестирање.

„Кога некој ќе ви заѕвони на врата доцна навечер без јасно да ве идентификува и да ја следи постапката, реагирате како личност која била исплашена. Во тој момент, стануваше збор за чувство на безбедност, а не за избегнување на нешто“, рече Вондрушова.

Таа додаде дека низ годините добивала навреди и закани, но и проблемите со повредите и спиењето, влијаеле врз нејзината ментална состојба и чувството на безбедност. Вондрушова, особено нагласи дека ситуацијата ја потсетувала на нападот врз нејзината сонародничка Петра Квитова од 2016 година, кога напаѓачот влегол во станот под лажни изговори и сериозно ја повредил.

„Стравот ми го замагли расудувањето. Не можев рационално да ја разберам ситуацијата“, рече таа, додавајќи дека експертите ѝ дијагностицирале акутна стресна реакција и генерализирано анксиозно растројство.

Агенцијата потврди дека истрагата е во тек, но дека сè уште нема автоматска суспензија.

Според правилата на Светската антидопинг агенција, тенисерките мора редовно да ја пријавуваат својата локација и да закажат термин од еден час дневно за потенцијално тестирање, но контролите можат да се спроведуваат и надвор од тој период.

Вондрушова не играла натпревари во поединечна конкуренција од јануари поради повреда на рамото, но неодамна играше во двојки за Чешка. Нејзиниот следен закажан турнир е Мастерсот во Мадрид, кој започнува на 20 април.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Црна хроника4 минути

Кривична за уцена во Тетово: барал 20.000 евра и се заканувал со објавување видеа

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.К. (54) поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Според пријавата, на 5 август...

Топ51 минута

Судир на пет возила во Скопје: повеќе лица повредени, 19-годишник потешко

Синоќа околу 21:20 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале пет патнички возила....

Македонија56 минути

Без камата за старите долгови: „Водовод“ со акција за отплата на рати од 20 април до 5 јуни

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите...

Македонија1 час

Трипуновски: Интепелацијата на СДСМ е нелегитимна, а Љупчо Николовски политички не постои

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски реагираше по најавата за интерпелација од страна на Социјалдемократски сојуз на Македонија, оценувајќи дека станува...

Македонија1 час

Во Анталија потврдена соработката: Сиљановска-Давкова и Ерен за нови проекти со ТИКА

На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на ТИКА, Абдула Ерен, на којашто...

Македонија1 час

Реконструиран кејот кај Маџир Маало: нови спортски терени и простор за рекреација

Кејот на Вардар кај Маџир Маало доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и...

Македонија1 час

СДСМ поднесе интерпелација за Трипуновски, обвинува за корупција и колапс во земјоделството

Пратеникот од Социјалдемократски сојуз на Македонија, Љупчо Николовски, соопшти дека пратеничката група поднела интерпелација за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски,...

Регион2 часа

Израел ја користи војната за проширување на територијата, смета Турција

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го обвини Израел дека ја користи војната на Блискиот Исток како изговор за...

Македонија3 часа

Медицинските средства добиваат посебен закон и нови правила, објавен е предлогот

Министерството за здравство го објави предлог-законот за медицински средства на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), отворајќи јавна расправа за...