Популарно
Отворено е пријавувањето за 7. Авицена женска трка
Трчањето од година во година е сѐ поголем тренд во Скопје и Македонија. Уште повеќе радува фактот што жените имаат сѐ поголема свесност за значењето на спортувањето и негувањето на здравиот начин на живот. Минатата година повторно беше срушен рекордот на Авицена женска трка во која учествуваа над 1.700 тркачки кои излегоа на булевар Илинден да ја покажат својата активност.
Оваа година Сојузот на спортови на Град Скопје во рамките на „Визер скопски маратон“ повторно ја организира Авицена женска трка, овој пат 7. година по ред, а ќе се одржи в недела, 31 март 2019 година.

„Авицена женска трка е одлична можност за сите заинтересирани жени да ги почнат подготовките за ‘Визер скопски маратон’. Трката се одржува 7. година по ред, но втора година како улична трка. Новина во оваа трка е тоа што патеката годинава ќе биде долга 3 километри, за разлика од минатите години, кога беше 2 километри. Затоа пријавувањето го отвораме денеска, при што отвораме можност за што повеќе пријавени учесници“, порача Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Град Скопје.
Пријавувањето ќе биде во неколку бранови, а секој учесник кој ќе се пријави до 28 февруари 2019 година ќе може да си купи и уникатна dry-fit маица при што 100 денари од секоја продадена маица ќе бидат дадени во хуманитарни цели. На крајот на трката ќе бидат доделени награди во 7 категории по кои ќе се одржи лотарија за сите пријавени учеснички кои ќе добијат подароци од партнерите и спонзорите на Авицена женска трка.

Заинтересираните може да се пријават на www.zenskatrka.mk или преку партнерот за онлајн регистрација. Трката е во организација на Сојуз на спортови на Град Скопје, а под покровителство на Град Скопје и Агенција за млади и спорт на Република Македонија, како дел од промотивните трки на „Визер скопски маратон 2019“.
Воедно, организаторите најавуваат дека ја продолжуваат соработката со насловниот спонзор со тоа што „Авицена лабораторија“ ќе биде насловен спонзор и во следните 3 години.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
