Контакт

Спорт

„Пежо 3008“ за најдобрите двајца типувачи на „Sport Life“

Објавено пред

Натпреварот на Sport Life –„Двојна шанса за Peugeot 3008” траеше нешто повеќе од 2 месеци, а на најуспешните првопласирани типувачи им донесе по еден СУВ од марката „пежо 3008“.

Лојалноста и редовноста во игрите му се исплатеше на Трајан Јордановски од Струга кој го оствари највисокиот вкупен погоден коефициент на тикет, за главната премија – „пежо 3008“.

Вториот победник и освојувач на другото пежо од „Двојна шанса“ е Сашко Јанковски од Делчево, кој исто така погоди највисок вкупен коефициент, но во конкуренција на тикетите со еден промашен натпревар.

Со само 20 денари влог, добитникот од Струга успеа да освои добивка од 281.314 денари, најголема досега за него, и да оствари највисока добитна квота од 14.065,69 за главната премија „пежо 3008“.

„На уплатното место каде што го креирав добитниот тикет кој ми го донесе „џипот“, го имав уплатено второто ливче воопшто. Беше тоа во летото 2005 година кога првпат се отвори локалот, што значи дека сум еден од најредовните обложувачи, ако не и најредовен. Претходно бев во игра со тикет со добивка од 1,5 милион денари, но паднав на „кец“ во дербито меѓу Барселона и Атлетико. Не изгубив надеж, па среќата ми се насмевна кога ставив минимален влог.“, ни раскажа Трајан.

Како редовен играч, тој учествувал и во типстер купот од минатата сезона кога се доделуваше стан на Водно. Тогаш бил многу блиску до целта, но без успех. Сепак, не се откажал и продолжил да учествува во игрите на Sport Life. Оваа сезона, лојалноста му се исплати двојно. Покрај паричната добивка од околу 4500 евра си понесе и клуч од пежото 3008.

Вториот добитник, Сашко Јанковски од Делчево беше најдобар во категоријата на тикети со еден промашен пар. Toj, уште на почеток од натпреварот составил тикет со коефициент од 635.212,05, но добивката од неверојатни 2,5 милиони денари му избегала поради еден гол. Имено, дуелот меѓу Баер Леверкузен и Келн, на кој типувал ГГ3+, завршил со резултат 3:0 и го оставил нашиот играч без рекордна добивка, но сепак со адекватна замена.

„Ќе ми беше тоа најголема добивка, бидејќи досега сум немал добитен тикет со повеќе од 60.000 денари. Но, и вака е добро“, вели Сашко, кој учествувал во сите досегашни акции на Sport Life. Неговата порака до останатите обложувачи е: „кој игра тој и добива“, што значи дека треба да се биде упорен, но воедно и да се игра одговорно.

Покрај честитките, на двајцата најуспешни типувачи, Sport Life им посакува многу среќа и добивки и во иднина, бидејќи Sport Life постојано воведува нови акции, со интересни игри и атрактивни добивки. Најновите информации следете ги на www.sportlife.com.mk

 

Спорт

Ферстапен: Доста е, од четвртокот одговараме на глупави прашања

Објавено пред

Макс Ферстапен реши да стави крај на приказните и прашањата поврзани со инцидентот што се случи на Големата награда на Велика Британија, во кој беа вклучени тој и Луис Хамилтон.

На прес конференцијата, по завршувањето на квалификациите за утрешната Голема награда на Унгарија, најмногу прашања биле поставени во врска со инцидентот од пред две недели.

Еден од новинарите се обидел да му постави прашање, што ќе се случи доколку во недела се најде во слична ситуација каква што беше онаа во Силеверстон.

„Можеме ,и да престанеме да зборуваме на таа тема? Толку прашања поставивте за тој инцидент, веќе е смешно. Од четвртокот одговараме на глупави прашања. Можеби е време да прекинеме. Ние сме натпреварувачи, ќе се тркаме. Ќе дадеме се од себе, но ќе бидеме фер“, рекол Ферстапен.

Хамилтон воопшто не сакал да одговара на прашањата за инцидентот во Силверсон.

Британецот, утрешната Гоелма награда на Велика Британија ќе ја започне од пол-позицијата, зад него ќе бидат Валтери Ботас и Макс Ферстапен.

Прикажи повеќе...

Спорт

Штутгарт без шанси против разиграната Барселона

Објавено пред

Фудбалерите на Барселона во подготвителен натпревар го победија Штутгарт со 3:0. Ова е трета победа за Барселона во исто толку контролни натпревар, прва на подготовките во Германија.

Мамфис Депај го постигна првиот гол за Барселона во 21.минута. Холанѓанецот најавува дека ќе биде големо засилување за екипата која ја води неговиот сонародник Роналд Куман.

Барса на полувреме замина со предност од 2:0. Вториот гол го постигна младиот напаѓач емир во 36.минута.

Точка на мечот стави Руиг во 73.минута.



Прикажи повеќе...

Спорт

Астон Вила ја најдоа замената за Грилиш – Бејли се сели на „Вила парк“

Објавено пред

Астон Вила го договори трансферот на Лион бејли од Баер Леверкузен. Со овој трансфер, Астон Вила, прктично го потврд заминувањето на Џек Грилиш во Манчестер сити.

Клубот од Бирмингем од почетокот на преодниот рок се обидуваше да го реализира трансферот на 23-годишниот фудбалер. На крајот „фармацевтите“ не можеа да ја одбијат сумата од 30 милионие евра.

Бејли е третото засилување за Астон Вила, претходно во клубот пристигнаа ветеранот Ешли Кол и Емилијано Буендија од Норич.

Бејли е репрезентативец на Јамајка, за Баер Леверкузен настапил на 119 натпревари, постигнал 28 голови.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Евакуирани четири села во Грција поради пожари

Шумските пожари што избија денеска на западниот дел на Пелопонез ги принудија грчките власти да евакуираат четири села, како и...

Свет6 часа

Британскиот премиер го очекува своето седмо дете

Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, објави дека е бремена по втор пат. Таа објави на Инстаграм дека двојката...

Свет7 часа

(Видео) Протести во Париз против задолжителната вакцинација, полицијата употреби солзавец

Француската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Париз кои протестираат против задолжителната вакцинација и воведувањето на задолжителни ковид-пасоши. Планирани се...

Топ8 часа

Нападната вработена во Ургентниот центар во Куманово

Вработена во Ургентниот центар во Куманово пријавила дека додека била на работното место ја нападнало едно лице. Инцидентот се случил...

Македонија10 часа

Расте бројот на заболени – потврден 81 нов случај на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 81 нов заболен со коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Направени се 5.315...

Македонија12 часа

Две дози вакцина во Македонија примиле над 390.000 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.302 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.545 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 904.583...

Свет13 часа

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија

Милиони Австралијци се погодени од новото заклучување, пренесува Би -Би -Си. Властите воведоа тридневно заклучување во југоисточниот дел на Квинсленд,...

Спорт13 часа

Ѓоковиќ поразен – пристигна како најголем фаворит за златниот медал, на крајот не упеа да освои ниту бронза

Олимпискиот турнир во сингл за најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се претвори во кошмар. Во Токио пристигна како најголем фаворит...

Македонија14 часа

Горан Сугарески разрешен од директорската функција во Царинската управа

Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа. „Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да...

Економија15 часа

Државата ќе им даде 111 милиони денари помош на туристички агенции, ресторани за свадби и ноќни клубови

Владата ќе додели еднократна финансиска помош во висина од 111 милиони денари за 382 лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за...

Македонија15 часа

(Видео) Државата ја зголеми наградата за олимпиецот Георгиевски

Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех на Дејан Георгиевски на Летните...

Регион1 ден

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион1 ден

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија1 ден

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија1 ден

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија1 ден

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија1 ден

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија1 ден

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ2 дена

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ2 дена

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Досие