Контакт

Популарно

Победникот на финалето на Типстер-купот е од Кочани: додалено првото од двете „пежоа“ на Sport Life

Објавено пред

Sport Life во саботата, 23 февруари, во Кочани, го прогласи најдобриот од сите играчи во финалето на Типстер-купот од првата есенска етапа.

Победникот е Александар Трендафилов oд Кочани, кој со освоените 83.283,9 поени се рангира на првото место. Пред објектот на Sport Life во близина на трговскиот центар во Кочани му беше врачена главната награда – Peugeot 308.

Sport Life за своите играчи и лојални членови обезбедува секогаш интересна понуда, со највисоки бонуси.

„Во моментот имаме над 800 игри и можности за добивка, а Типстер-купот е традиција што години им дава можност на учесниците да добијат вредни награди, оваа година имаме два автомобила како награда за најдобрите типувачи“, истакнуваат од Sport Life.

Типстер-купот продолжува до 30 мај, а второто финале е од 10 до 30 јуни по што ќе биде прогласен победникот и воедно добитник на вториот автомобил.

Типстер-купот е натпревар како дел од програмата за лојалност и рангирање на редовните играчи на Sport Life. Со своите веќе уплатени тикети, сеедно дали се погодени или не, играчите, т.е. членовите во Sport Life клубот се натпреваруваат кој е поуспешен во типувањето.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Елмас: Горд сум на мојата Македонија!

Објавено пред

Македонската фудбалска репрезентација синоќа ја совлада Словенија со 2-1 на арената „Тодор Проески“ во Скопје и со тоа ги задржа шансите за второто место во групата Г, кое носи бараж за пласман на Европското првенство во 2020.

Елиф Елмас, кој синоќа ги постигна двата гола и ги израдува поддржувачите на македонската репрезентација, покажа дека е следната фудбалска ѕвезда на земјава, а по мечот на „Фејсбук“ тој упати и кратка порака која гласше: Горд на мене и на мојата Македонија!

Прикажи повеќе...

Популарно

Уште 10 дена до затворање на пријавувањето на Skopje Run 10K

Објавено пред

Третата по ред Skopje Run 10K е повторно организирана од искусниот тим на „Визер – Скопски маратон“ и Сојузот на спортовите на Скопје.

Минатата година речиси 1.600 тркачи излегоа на патеката на прекрасното време и целосно ја пренесоа пораката дека спортот и спортскиот начин на живеење е значаен дел од секојдневието во Скопје и Македонија.

Skopje Run 10K ќе се одржи в недела, 6 октомври 2019 година, со почеток во 9 часот. На агендата се две трки, и тоа 10 км и штафетна трка 2 х 5 км, каде што двајца тркачи трчаат по 5 км и каде што секој штафетен тим треба да има уникатно име, а тимовите може да бидат мешани, машки и женски.

Стартните пакети ќе се подигаат на 4 и 5 октомври во кугланата во „А1 арената“ СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. На 4 октомври (петок) подигањето на стартните пакети ќе биде од 12 до 18 часот, а на 5 октомври (сабота) од 10 до 18 часот. При подигање на стартниот пакет, учесниците ќе треба да покажат документ за идентификација.

Сите заинтересирани треба да се пријават на www.skopje.run или www.smartrace.club.

Самата трка оваа година е малку променета и стартот е од фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк по што се трча по булеварот Илинден до улицата Никола Парапунов, каде што се врти назад повторно до финишот, кој е кај фонтаната „Лотус“.

3Д-мапата е поддржана од Pic2Go, кој и оваа година е дел од Skopje Run 10K и од каде што секој може да ги сподели своите фотографии на социјалните мрежи по завршување на трката. За повеќе детали посетете го следниов линк.

Генерален покровител на трката е Агенцијата за млади и спорт, покровител е Град Скопје, а огромна помош има и од партнерите и спонзорите. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската атлетска асоцијација (ЕАА).

Организатор на трката е Сојузот на спортовите на Скопје во соработка со АК „Работнички“ и Атлетската федерација на Македонија и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

 

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Популарно

Руска атлетичарка пронајдена мртва покрај патот каде што тренирала

Објавено пред

Руската атлетичарка Маргарита Плавунова (25) била пронајдена мртва покрај пат, откако ѝ се слошило за време на тренинг.

Трагедијата се случила додека трчала во местото Мошанск, каде што била во посета на нејзината баба.

Телото покрај патот го пронашле случајни минувачи.

Локалниот атлетски сојуз соопшти дека причина за смртта е срцев удар, додека извештаите на локалните медиуми тврдат дека причината за нејзината ненадејна смрт е големото оптоварување за време на тренингот, пренесува британскиот „Дејли мирор“.

Според очевидци, Плавунова одеднаш паднала за време на тренингот во регионот каде што била на летување. На местото на трагедијата ја пронашле локални жители, кои повикале брза помош, но лекарите не можеле да направат ништо за да ѝ го спасат животот.

Маргарита била повеќекратна студентска и регионална шампионка во дисциплината 60 метри со пречки, а се натпреварувала и на 100 и 400 метри со пречки.

Покрај атлетиката, таа се занимавала и со манекенство.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пендаровски: Имаме државен консензус за ЕУ, не размислуваме за алтернатива

Имаме јасен државен консензус, а тоа е дека Република Северна Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите со Европската...

Македонија2 часа

Вечерва средба на Заев со коалициските партнери

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва по завршувањето на лидерската средба, во 20 часот ќе оствари и средба со лидерите...

Топ3 часа

Стружанец пијан паднал од балкон и починал

Педесет и осумгодишен стружанец доцна синоќа починал по пад од незаграден балкон во неговиот дом. МВР соопшти дека мажот бил...

Македонија3 часа

(Видео) Лидерите пристигнаа на средба кај Пендаровски

Лидерите на политичките партии попладнево пристигнаа во вилата Водно, каде почна лидерската средба. Средбата ја свика претседателот Стево Пендаровски откако...

Топ4 часа

Мајка и ќерка нападнати од малолетници во автобус

Мајка и нејзината малолетна ќерка вчера биле физички нападнати од група на малолетни лица во автобус со бројот 21, што сообраќајл...

Македонија7 часа

Обвинителството ги демантира пишувањата на весникот „Ла Верита“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро ги демантира наводите изнесени денеска во италијанскиот весник „Ла...

Македонија8 часа

Следниот викенд почнува зимското сметање на времето

Ноќта сабота кон недела (26-ти и 27-ми октомври) часовниците треба да се вратат за еден час наназад. Поточно, во 3...

Македонија9 часа

Пановски: „Ла Верита“ пишува глупости, Заев не барал одмрзнување на 750.000 евра

Обвинителот во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски ги демантира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за инволвираност...

Свет10 часа

(Видео) Тестиран првиот лет во историјата од Њујорк до Сиднеј без прекин

Авион на австралискиот авиопревозник по 19 часа и 16 минути лет, утрово успешно слета во Сиднеј. Тоа беше прв нон-стоп...

Свет10 часа

Трамп ја повлече одлуката самитот на Г7 да се одржи во неговиот хотел на Флорида

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече одлуката следниот амит на Г7 да се одржи во неговиот хотел „Дорал“ во близина...

Свет11 час

Турција планира да врати два милиони бегалци во Сирија

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека Турција сака силите на сириската Влада да се повлечат од пограничното подрачје,...

Македонија11 час

Лидерите на средба кај Пендаровски за предвремени парламентарни избори

Лидерите на најголемите политички партии денеска попладне во вила Водно ќе имаат лидерска средба, на која повика претседателот Стево Пендаровски...

Свет11 час

Туск доби писмо од Џонсон за одлагање на брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара...

Свет11 час

Во Барселона повторно судири меѓу полицијата и демонстрантите

Во Барселона синоќа продолжија судирите помеѓу полицијата и демонстрантите, откако Мадрид го одби барањето на каталонскиот лидер, Квим Тора, кој...

Свет1 ден

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет1 ден

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет1 ден

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ1 ден

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Досие