Контакт

Популарно

Повеќе од гол – Mozzart за секој погодок на ракометарите на ЕП донира по 5.000 денари во хуманитарни цели

Објавено пред

Филип Кузмановски: Ќе дадеме сè од себе, не само да победуваме, туку и да постогнеме што поголем број голови

Тоа е повеќе од гол, повеќе од игра! Нашите ракометари во четврток стартуваат на Европското првенство во ракомет, а во секој напад ќе имаат дополнителен мотив – компанијата Mozzart за секој нивен погодок на Шампионатот на Стариот континенет ќе донира по 5.000 денари во хуманитарни цели.

Нашата репрезентација првиот меч го игра утре против Словенија, а во групата А ќе се соочат уште и со Црна Гора и Данска. Не е лесна задачата која го очекува тимот на Кирил Лазаров и затоа е многу важно да им се даде на момците ветар во грб. Низ оваа традиционална акција, Mozzart секогаш пробува да го извлече најдоброто, но и најхуманото од спортистите, кои со воодушевување ги поздравуваат ваквите иницијативи.

Филип Кузмановски, еден од најдобрите стрелци во нашата национална селекција, испрати порака за поддршка:

„Со задоволство се вклучив и во оваа хуманитарна акција на Mozzart. Пред една година имавме успешна донација и средствата завршија за лекување за малиот Михаил од Тетово. Сакам да му се заблагодарам на Mozzart што ме одбра мене да учествувам и во оваа хуманитарна акција. Јас и моите колеги како и на секој досегашен натпревар на Македонија, така и на Европското првенство, ќе го дадеме максимумот за што подобар резултат и повеќе голови, а со тоа износот на донацијата да биде поголем”, порача сјајниот лев бек.

Членот на Хановер е веќе препознатливо лице во акциите на Mozzart, бидејќи и претходно беше дел од многу кампањи, а сега и целиот национален тим ќе игра на хуманост по асистенција на оваа друштвено одговорна компанија.

„Целата земја во наредните денови ќе биде со ракометарите, кои играат во многу тешка група. Затоа решивме да им пружиме дополнителна поддршка и да ги мотивираме да постигнуваат голови. Веруваме дека момците ќе бидат разиграни и дека таа добра енергија, односно учеството во оваа акција ќе ги турне кон победи. А ние заедно со навивачите со дополнителен жар ќе го прославиме секој погодок, бидејќи знаеме дека тоа го зголемува фондот за хуманост и дека помошта ќе отиде таму каде е најпотребна”, нагласија од менаџментот на компанијата Mozzart.

 

 

(ПР текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт7 часа

Ван Гал сака да биде селектор на Холандија

Славниот холандски тренер Луј ван Гал повторно би можел да стане кандидат за функцијата селектор на холандската репрезентација. Искусниот стручњак...

Спорт7 часа

Монако го раскина договорот со Погба

Монако го раскина договорот со Пол Погба, објавува „Ле Паризиен“. Светскиот шампион со Франција во 2018 година минува низ бројни...

Спорт8 часа

(Видео) „Делиите“ ги избркаа играчите на Црвена звезда во соблекувалната

Црвена звезда доживеа дебакл против Хапоел Бер Шева и остана без Лигата на шампионите. Навивачите тешко ја поднесоа елиминацијата. По...

Забава9 часа

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет9 часа

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...

Свет10 часа

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно...

Македонија11 часа

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е...

Регион11 часа

Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од велосипед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис...

Свет12 часа

Либан ја укинува смртната казна

Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната казна, со што земјата би станала првата на Блискиот Исток што официјално го...