Контакт

Спорт

Португалија непоразена во Милано, Шкотска ја понижи Албанија (видео)

Фудбалската репрезентација на Португалија избори пласман во полуфиналето на Лигата на нации откако вечерва одигра досадно реми 0-0 во Милано против Италија.
Португалците во првите 45 минути беа тотално надиграни, но не успеаја да шутнат на голот на Дон…

Објавено пред

Фудбалската репрезентација на Португалија избори пласман во полуфиналето на Лигата на нации откако вечерва одигра досадно реми 0-0 во Милано против Италија.

Португалците во првите 45 минути беа тотално надиграни, но не успеаја да шутнат на голот на Донарума. Младиот Киеза имаше шанса да ја доведе својата селекција во водство во вториот дел, додека Португалците дури во 76. минута вистински се заканија.

Италија ги загуби шансите за прво место во групата и пласман во полуфиналето, а Португалија е лидер на табелата.

Шкотска лесно и убедливо во Албанија, со конечни 0-4 доминираше во целиот меч. Фрејзер постигна гол за Шкотите, па Албанија остана со играч помалку, Маврај доби црвен картон во 23. минута. Потоа со рутинска игра Шкотска го дотолчи противникот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Покетино: Барселона може да ни го украде Кејн

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, рекол дека Барселона или некој друг клуб би можеле да им г украдат Хари Кејн.
Најдобриот стрелец и играч на Тотенхем, пред почетокот на Светското првенство, потпишал нов шестгодишен договор со клубот. За Покети…

Објавено пред

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, рекол дека Барселона или некој друг клуб би можеле да им го украдат Хари Кејн.

Најдобриот стрелец и играч на Тотенхем пред почетокот на Светското првенство потпишал нов шестгодишен договор со клубот. За Покетино, тој е „исклучителен“ фудбалер.

„Видовме дека многу екипи, во Примера и во Премиер лигата, имаат економски капацитет да му украдат важен играч на некој тим. Се случувало и порано – Реал Мадрид го донесе Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед, Кутињо замина од Ливерпул. Се случувало во минатото, а ќе се случува во иднина, во тоа сум сигурен“, рекол Покетино на прес-конференцијата пред натпреварот со Барселона во Лигата на шампионите.

„Сепак некогаш работите не зависат само од парите, туку и од аспирациите на фудбалерот. Некогаш тие носат одлука врз фактите, а некогаш се натерани да заминат од некоја друга причина“.

Оваа изјава на Покетинот, поврзана со Кејн, доаѓа по шпекулациите дека Барселона во летниот преоден рок за 200 милиони фунти ќе се обиде да го донесе Кејн на „Камп Ноу“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Црногорките подобри од Србинките, а сега мораат да чекаат помош од нив (видео)

Ракометарките на Црна Гора останаа со шанси за пласман во полуфиналето на ЕП во Франција, откако во големото дерби со пресврт стигнаа до победа од 28:27 над Србија, и ги исфрлија соседите од математиката за полуфинале.
Србинките подобро го стартуваа ме…

Објавено пред

Ракометарките на Црна Гора останаа со шанси за пласман во полуфиналето на ЕП во Франција, откако во големото дерби со пресврт стигнаа до победа од 28:27 над Србија, и ги исфрлија соседите од математиката за полуфинале.

Србинките подобро го стартуваа мечот и имаа предност од три гола (15:12) на полувремето, пред во второто полувреме, Црногорките да се вратат и во драматична завршница да слават со 28:27.

Ѓурѓина Јауковиќ, Мајда Мехмедовиќ и Милена Раичевиќ имаа по шест гола за Црна Гора, додека на Србија не им помогна ниту расположената Катарина Крпеж Слежак со 12 постигнати голови.

Црна Гора сега има 4 поени и е на третото место во групата 1, со еден поен помалку од второпласираната Франција и поен пред Шведска. Во среда, во последното коло по групи, Црна Гора игра со „отпишаната“ Данска, Шведска за противник ја има моќната Русија, додека Франција игра со Србија, што значи дека на Радичевиќ и „друштвото“ ќе им треба помош од Србинките – да направат изненадување против домаќините, а тие да ја победат Данска.

ГРУПА 1

Русија – Данска 32:21 (14:9)

Црна Гора – Србија 28:27 (12:15)

Табела: 1.Русија 8, 2.Франција 5, 3.Црна Гора 4, 4.Шведска 3, 5.Србија 2, 6.Данска 2

Прикажи повеќе...

Спорт

Сити го „врзаа“ тинејџерот Фоден до 2024 година

Манчестер сити му дадоа ново продолжување од пет и пол години на тинејџерот Фил Фоден, со што членот на англиската репрезентација до 21 година ќе остане во англискиот шампион барем до 2024 година.
18-годишниот Фоден е со Сити од својата осма година и д…

Објавено пред

Манчестер сити му дадоа ново продолжување од пет и пол години на тинејџерот Фил Фоден, со што членот на англиската репрезентација до 21 година ќе остане во англискиот шампион барем до 2024 година.

18-годишниот Фоден е со Сити од својата осма година и дебитираше во клубот како замена во меч против Феенорд во ноември 2017 година. Тој стана познат во својата татковина кога постигна два гола за Англија во финалето на Светското првенство до 17 години против Шпанија во октомври 2017 година.

„Тој е голем талент кој е роден во Манчестер сити и тука сака да продолжи со својата кариера. Под Пеп Гвардиола и со фудбалерите од првиот тим тој има совршена шанса да се развива како фудбалер

„Тој е голем талент кој е роден во Манчестер сити и тука сака да продолжи со својата кариера. Под Пеп Гвардиола и со фудбалерите од првиот тим тој има совршена шанса да се развива како фудбалер“, изјави спортскиот директор на Сити, Чики Бегиристаин.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток37 минути

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија50 минути

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија2 часа

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа3 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет4 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија5 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа15 часа

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија19 часа

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија19 часа

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија21 час

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија22 часа

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ22 часа

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток23 часа

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Македонија24 часа

Затворениците од „Идризово“ почнаа штрајк: Бараме амнестија за сите, не само за упадите во Собранието

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија...

Македонија1 ден

Семејствата на убиените кај Смилковско нема да ги слушаат наодите од судската медицина

Семејствата на петтемина убиени кај Смилковско Езеро нема да присуствуваат на денешното рочиште во кривичниот суд каде што ќе бидат...

Свет1 ден

„Не можам да дишам“ – Си-ен-ен објави транскрипт од последните зборови на Кашоги во конзулатот 

„Не можам да дишам”, се последните зборови што ги кажал саудискиот новинар Џемал Кашоги пред да биде убиен, објави Си-ен-ен....

Македонија1 ден

(Видео) Пулмолозите тврдат дека ќе се зголеми бројот на заболени од рак поради загадениот воздух

Алармантните податоци за загадениот воздух, кои покажуваат дека Скопје е еден од петте најзагадени градови во светот, ги вознемири пулмолозите,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски ќе сведочи за 27 април

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска во Основниот суд Скопје 1 е повикан да сведочи за насилниот упад на...

Европа1 ден

Европскиот суд пресуди: Велика Британија може да го откаже брегзит

Европскиот суд на правдата (ЕСП) пресуди дека Велика Британија може да го откаже брегзит без дозвола на другите 27 членки...

Македонија1 ден

(Видео)Макрадули: Почист воздух, ама за две години

Владата најави двегодишен план за справување со аерозагадувањето. Заменик-министерот за животна средина, како раководител на интерресорката група за справување со...

Досие