Контакт

Меѓународен

(Видео) Почна најголемиот спектакл во Москва

Објавено пред

Во Москва почна најголемиот спортски спектакл на планетата. Околу 80.000 луѓе присуствуваат на отворањето на московскиот стадион Лужњики. По феноменалните кореографии на танц групите и настапот на Роби Вилијамс, почна натпреварот Русија-Саудиска Арабија.

На трибините е и еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот и освојувач на Светските првенства, Аргентинецот Диего Армандо Марадона.

Шпанскиот голман Икер Касиљас и руската манекенка Наталија Водјанова го претставија трофејот кој ќе му припадне на победникот на Светското првенство.

Меѓународен

Руско министерство ја коментира постапката на Домагој Вида

Објавено пред

Од

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, рече дека не е паметна изјавата на хрватскиот фудбалски репрезентативец, Домагој Вида, кој по натпреварот со Русија во видеопорака извика: „Слава за Украина!“. Захарова додаде и дека политиката и фудбалот не треба да се мешаат.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) изрече предупредување за хрватскиот одбранбен играч, но и за членот на стручниот штаб, Огњен Вукоевиќ, бидејќи по четвртфиналниот натпревар на Светското првенство преку социјалните мрежи испратија порака до пријателите во Украина во која викаат „Слава на Украина“ и „За Динамо и за Украина“.

Во изјава по полуфиналната победа над Англија, Вида се извини за видеото опишувајќи го како грешка.

Поранешниот играч на украинскиот клуб Динамо Киев во претходна изјава рече дека пораката не требало да биде политичка.

И Вида и Вукоевиќ значаен дел од играчката кариера минаа во Украина, а од Хрватскиот фудбалски сојуз објавија дека пораките биле само одговор на многуте пораки на поддршка што овие двајца ги добивале од украинските симпатизери во текот на Светското првенство.

Фудбалскиот сојуз, сепак, го предупреди Вида за видеото, а Вукоевиќ го отстрани од стручниот штаб.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

(Видео) Гневни Бразилци го нападнаа автобусот на фудбалската репрезентација

Објавено пред

Од

Фудбалерите на Бразил по враќањето од мундијалот во својата татковина се соочија со гневот на навивачите, кои сметаат дека нивните репрезентативци прерано го завршија настапот на Светското првенство во Русија.

Имено, разочарани бразилски фанови го дочекаа автобусот што ги пренесуваше фудбалерите и започнаа кон него да фрлаат камења и други предмети.

Бразил беше голем фаворит за освојување на титулата, но во четврт-финалето сепак беше елиминиран од Белгија.

Бразилците не можеа да се помират со раната елиминација, па целиот бес го истурија врз автобусот, но, за среќа, никој од играчите или стручниот штаб не доби повреда.

Бразил, и по ова првенство, ќе остане земја со најмногу освоени светски титули бидејќи има пет, а репрезентациите, што се веднаш по неа, Италија и Германија, со по четири освоени титули, не се пласираа на ова првенство, односно Германија испадна уште во групната фаза.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Русите триумфираа на отворањето на Светското првенство во фудбал

Објавено пред

Од

Руската репрезентација со убедлива победа од 5:0 против Саудиска Арабија на отворањето на светското првенство во фудбал, кое вечерва почна во Москва. Натпреварот се играше на московскиот стадион Лужники.

Уште во 12 минута Русите го отворија натпреварот со голот на Газински, кој со асистенцијата на Головин и со глава успеа да го надмудри голманот на Саудиска Арабија. Денис Черишев згоелми на 2:0 со прекрасен гол, кој го даде две минути пред крајот на првиот дел.

На 3:0 зголеми напаѓачот на Зенит, Дзјуба во 71. минута, а последните два гола на домаќините беа вистинск ремек дело. Најпрво Черишев во 91. минута со одличен удар зголеми на 4:0, а конечниот резултат го постави Головин со гол од слободен удар.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион4 минути

Дачиќ во Анталија: Србија нема да биде дел од никаква коалиција против Турција

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска од Анталија изјави дека Србија е верен и искрен пријател на Турција и...

Свет2 часа

Францијa: Кај 840 мостови постои ризик од евентуално уривање

Околу 840 мостови во Франција имаат сериозна штета и се изложени на голем ризик од нивно можно уривање, покажуваат податоците...

Свет3 часа

Земјотрес со јачина од 8,2 степени по рихтер го погоди Фиџи

Силен земјотрес со јачина од 8,2 степени според рихтеровата скала е регистриран во реонот на Фиџи, соопшти Геофизичкиот институт на...

Европа6 часа

(Фото и Видео) Најмалку три лица загинаа, а 38 се повредени во автобуска несреќа во Полска

Најмалку три лица загинаа, а 38 се повредени во автобуска несреќа што се случила доцна синоќа во југоисточниот дел на...

Европа7 часа

Матарела бара гаранции дека сите патишта во земјата се безбедни

Италијанскиот претседател, Серџо Матарела побарал гаранции од надлежните дека сите национални патишта се безбедни. Ваквото барање на Матарела следува по...

Економија7 часа

Во вторник ново задолжување од 6,5 милиони евра за да се вратат стари долгови

Во вторник, 21 август, Министерството за финансии од домашните банки ќе побара заем од 6,5 милиони евра. Станува збор за...

Свет7 часа

Нов силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Ломбок

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот остров Ломбок, соопшти американскиот геолошки институт....

Македонија8 часа

На Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини Богородица и Табановце се...

Свет9 часа

Oд понеделник во Гана еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на ОН

Претседателот на Гана, Нана Акуфо Адо од понеделник прогласи еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на Обединетите нации...

Македонија1 ден

Кривична против двајца малолетници за палењето на палмата пред „Жан Митрев“

Против две лица на возраст од 17 години, поднесена е кривична пријава поради палењето на палмата пред клиниката „Жан Митрев“,...

Македонија1 ден

На воениот стадион во Скопје изложба на оружје и воена опрема на АРМ

По повод одбележувањето на Денот на АРМ, денеска, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, од 10 до 14...

Скопје, плоштад, фонтана, Воин на коњ Скопје, плоштад, фонтана, Воин на коњ
Македонија1 ден

Претежно сончево време со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, попладне во планинските подрачја на места облачноста ќе се зголеми. Вредноста на УВ-индексот ќе...

невреме, Охрид невреме, Охрид
Македонија2 дена

Општина Охрид апелира до граѓаните да пријават штети по невремето

Општина Охрид апелира до сите граѓани да информираат за сите локации каде им е потребна помош и има поголемо задржување...

Вести2 дена

Присуството на Путин на свадбата на министерката ги скара политичарите во Австрија

Очекуваното присуство на рускиот претседател, Владимир Путин, на свадбата на шефицата на австриската дипломатија, Карин Кнајсл, им создава проблеми на...

Македонија2 дена

Инсулинот во Македонија е со уреден рок на употреба, велат од Министерството за здравство

Инсулинот во Република Македонија, без исклучок, е со уреден рок на употреба, уверува Министерството за здравство откако во јавноста се...

Македонија2 дена

„Врти им на Војче и на Љубинка од антикорупциска да отворат предмет за Б.Ц.“, бара Јанкулоска од Котевски

Во разговор од 2011 година ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на експомошник-министерот во МВР, Иво Котевски, му дава нарачки...

Македонија2 дена

Заев се сретна со членовите на ДИК: Должни сме сите професионално да си ја завршиме работата

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска се сретна со претседателот на ДИК,...

Европа2 дена

Меркел-Марковиќ: Германија и Црна Гора се согласни да нема промена на границите на Балканот

Црна Гора и Германија се согласиле да нема промени во границите на Балканот, ова била главната порака по средбата меѓу...

Свет2 дена

(Фото) Багери ги расчистуваат урнатините од надвозникот во Џенова, потрагата по исчезнатите и натаму е во тек

Багери почнаа да ги расчистуваат урнатините од надвозникот во италијанскиот град Џенова. И три ден по несреќата, потрагата по лицата што...

Македонија2 дена

„Копиле скапано“, вели Протоѓер за адвокатот на Мијалков, Шврговски

Во една од бомбите што беше пуштена во судницата, Мартин Протоѓер на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ѝ вели...

Досие