Контакт

Популарно

Почна пријавувањето за „Визер скопски маратон“

Објавено пред

Почна пријавувањето за 15. „Визер скопскиот маратон“ што ќе се одржи на 5 мај следната година. Сите кои ќе се пријават во првите три дена ќе можат да го изберат својот стартен број.

Во мај светската рекордерка Пола Редклиф беше сведок на уште еден рекорд, а тој беше бројот на учесници на„Визер скопски маратон“. Околу 10 000 луѓе одлучија да излезат на патеката на денот на трката. Поради големиот интерес и годинава, тимот на маратонот го отвора пријавувањето денеска, во 10 часот. Истото ќе се одвива во неколку фази.

Пред крајот на пријавувањето на минатиот маратон учесниците успеаја да го пробијат бројот на можни пријави. Затоа организаторите ги повикуваат сите предвремено да одлучат за своето учество и да го посетат партнерот за онлајн регистрација smartrace.club.

Оваа година повторно има интересни изненадувања за тие кои ќе се пријават во првите три дена (21, 22 и 23.09.2018), па така, истите ќе ја имаат можноста да го изберат својот стартен број од понудените рангови на броеви. Воедно, сите кои ќе се пријават до 31 март 2019 година во стартниот пакет ќе добијат и маица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Не е фер Меси да заработува повеќе од 1.693 фудбалерки, сметаат Обединетите нации

Објавено пред

Обединетите нации на својот фејсбук-профил на 24 јуни објавија информација според која познатиот фудбалер Лионел Меси годишно со бонуси заработува околу 84 милиони евра, а платите на 1.693 професионални фудбалерки од седумте најголеми светски лиги годишно изнесуваат вкупно 42 милиона евра.

Светската организација во статусот на „Фејсбук“ потсетува на Светското првенство во фудбал за жени и повикува јавноста да им се придружи на ОН во барањето за еднакви плати на машките и женските спортисти.

ОН на својата фејсбук-страница порачува дека спортот има моќ да ги промени животите. Спортот е еден од најмоќните начини за постигнување родова еднаквост бидејќи жените и девојките ги мотивира на тимски дух, истрајност и самодоверба.

Познавачите на состојбите во светскиот фудбал, пак, велат дека во овој пример ОН јасно се водени од принципите на строга подреденост, каде што идејата е дека жените за истата работа треба да бидат платени исто како и мажите.

Притоа се наведува дека ОН не зеле предвид дека популарноста и финансиската моќ на машкиот и женскиот фудбал се различни и дека спроведувањето на нивните идеи во пракса би предизвикало колапс на женскиот фудбал, кој, според правилата на пазарот, сè уште не може да си дозволи една спортистка годишно да ја плаќа 84 милиони евра.

Симпатизерите на фудбалскиот ас сметаат дека ОН имале многу попаметни начини да укажат на фактот дека мажите и жените треба да имаат еднаква плата за еднаква работа.

Прикажи повеќе...

Популарно

Мадрид преплавен со налепници: „Купувам билети за финалето, имам добар буџет“

Објавено пред

Преку ноќ во Мадрид осамнаа налепници по бандерите и објектите поставени од туристи што бараат билети за финалето на Лигата на шампионите. Натписите се истакнати во централниот дел на Мадрид, плоштадите и во близина на хотелите кај аеродромот. Според префиксот на телефонскиот број (+33), навивачот доаѓа од Франција.

„Купувам билети за финалето од Лигата на шампионите. Добар буџет“, пишува на објавата.
Ова не е прв и единствен случај. Изминативе денови низа навивачи бараа да купат билети од препродавачи шетајќи се во центарот на Мадрид со натписи дека бараат билети.

Цените на билетите достигнуваат и до 10 илјади фунти, и тоа 24 часа пред финалето од Лигата на шампионите. Но, високите цени не се проблем за навивачите да купат влезници за натпреварот меѓу Ливерпул и Тотенхем на црниот пазар, односно нелегални препродавачи.

Познавачите предупредуваат дека навивачите треба да биде внимателни бидејќи може да платат за фалсификуван билет.

Прикажи повеќе...

Популарно

Златните момчиња на југословенската кошарка се собраа во Скопје во чест на Лазар Лечиќ

Објавено пред

Средба на кошаркарските легенди од поранешна СФРЈ по повод одбележувањето на 80. роденден на кошаркарскиот тренер Лазар Лечиќ, денеска се одржа во просториите на Град Скопје.

За неговиот исклучителен придонес во креирањето и подемот на македонската модерна кошарка градоначалникот Петре Шилегов на Лечиќ му додели благодарница.

Шилегов истакна дека Лечиќ ќе остане запаметен како незаменлив мотиватор на многу кошаркарски генерации.

„Првиот кошаркарски натпревар што го имам одгледано е уште кога ‘Цибона’ беше ‘Локомотива’. Вие сте моите идоли, низ години дарувавте радост на многу генерации, а нема поубаво чувство како кога некому ќе му подарите среќа. Ви благодарам за честа што му ја укажавте на Скопје и на нашиот Лазар Лечиќ со вашето присуство. Лазо е спортска легенда, тој е човекот што ја донесе кошарката во Скопје и создаде генерации врвни кошаркари. Му пожелувам среќен роденден и уште многу убави мигови поминати во вакво пријатно друштво“, рече Шилегов.

Лечиќ од Град Скопје доби и плочка со гравура од Камениот мост и се заблагодари за укажаната почит.

На денешната средба што се одржа во просториите на Град Скопје златните момчиња на југословенската кошарка споделија анегдоти за своите настапи на домашните и меѓународните натпреварувања, зборуваа за значењето на освоените медали и за иднината на овој ултрапопуларен спорт.

Во чест на великанот Лазар Лечиќ и неговиот 80. роденден, денеска ќе се одржи и академија во организација на Македонскиот олимписки комитет, Македонската кошаркарска федерација, Агенцијата за млади и спорт, КК „Работнички“ и КК „МЗТ Скопје Аеродром“. Целта на организаторите е да му оддадат признание на овој спортски великан за сè што направил за македонската и за југословенската кошарка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија3 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион5 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија7 часа

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија8 часа

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија11 час

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет11 час

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет12 часа

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија12 часа

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет14 часа

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет1 ден

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет1 ден

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија1 ден

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија1 ден

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Македонија1 ден

Охрид нема да ги враќа ингеренциите, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решава заедно со Владата

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во...

Македонија2 дена

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано...

Македонија2 дена

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба. Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на...

Регион2 дена

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши,...

Македонија2 дена

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Македонија2 дена

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Досие