Спорт
Почна пријавувањето за „Прв до врв 2021“, прелиминарните виртуелни трки почнуваат денеска

Почна раното пријавување за деветтото издание на „Прв до врв Водно 2021“, кое оваа година ќе се одржи на 16 мај.
Новина на ова издание на настанот е категоријата ВИРТУАЛ чии победници ќе се добијат преку 90-дневен виртуелен предизвик кој ќе му претходи на мајскиот настан. Сите пријавени учесници имаат можност во периодот од 11 февруари до 12 мај да учествуваат во овие прелиминарни виртуелни трки во кои секој со своите индивидуални активности на дефинираните патеки на Водно ќе се рангира во табелата со резултати.
Покрај брзината, на рангирањето влијае и бројот на обиди. Победниците во виртуелните трки ќе бидат прогласени заедно со останатите на 16 мај на врвот на Водно.
Традиционално, на програмата се трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и тим-билдинг трката за компании. Останатите содржини, како пикникот и музичката програма, ќе бидат дополнително одредени во согласност со здравствените мерки.
Пријавувањето за трките се одвива преку веб-страницата www.prvdovrv.mk.
Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баерн моќен во дербито – Левандовски со хет-трик ги поништи головите на Халанд
Фудбалерите на Баерн Минхен се вратија на челната позиција во Бундес лигата. Баварците, во дербито, со пресврт ја победија Борусија Дортмунд со 4:2. Дуелот го обележаа најдобрите стрелци на двата тима Роберт Левандовски и Ерлинг Халанд. Полјакот постигна три, а Норвежанецот два гола.
Борусија го шокираше Баерн на стартот од натпреварот. Халанд постигна два гола во првите девет минути. Норвежанецот погоди во втората и деветтата минута.
Баерн се вратија во натпреварот со голот на Левендовски во 27.минута, а потоа истиот играч во 42. од пенал го израмни резултатот.
Отпорот на противникот Баерн го скриши во самиот финиш. За водствот на Баварците погоди Леон Горецка во 88. минута, а конечните 4:2 во 90.минута ги постави Левандовски.
Баерн на врвот има 55 бода, два повеќе од Лајпциг, додека Дортмунд се на шесттото место со само 39 бода.
Спорт
Одложени квалификациските натпревари во Јужна Америка

Фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) ги откажа квалификациските натпревари, кои според распоредот требаа да се одиграат на крајот на месецов. КОНМЕБОЛ реши да донесе ваква одлука, откако речиси сите европски клубови одбија да ги пуштат фудбалерите да играат за своите репрезентации. Причината за ваквата одлука на клубовите е влошената епидемиолошка ситуација со коронавирусот.
КОНМЕБОЛ заедно со ФИФА ќе ги одреди термините кога ќе се одиграат одложените натпревари, а некои медиуми во Јужна Америка, не ја исклучуваат можоста да има промени и во системот на квалификациите.
Јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар започнаа во октомври, досега се одиграни четири кола.
Спорт
Нов шок за Севилја – Елче го победи тимот на Лопетеги

Фудбалерите на Елче славеа победа во дуелот со Севилја (2:1) и по некомплетното 26.коло успеаја да избегаат од опасната зона. Севилја остана на четвртото место на табела, а до крајот на сезоната ќе води голема борба со Реал Сосиедад за местото кое носи пласман во Лигата на шампионите.
Првото полувреме во Елче не донесе никаква возбуда. Домаќините очекува игра внимателно против фаворитот, додека кај Севилја забележлив беше шокот по елиминацијата од Барселона во полу-финалето, во Купот на Шпанија.
Покрај тоа тренерот на Севилја реши да одмори неколку фудбалери, бидејќи за три дена овој тим ќе го игра осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите против Борусија во Дортмунд.
За разлика од првиот, вториот дел донесе многу повеќе возбудувања. Елче малку ја отворија играта, а таквиот хравар пристап им се исплатеше во две ситуации. Одличната тимска акција, во 70 минута, со убав гол ја заврши Раул Гути, а седум минути подоцна Гвида Кариља ја дуплираше преноста на Елче.
Севилја изврши притисок во последните десет минути. Од тој притисок излегоа две шанси, а една од нив Де Јонг претвори во гол.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“