Популарно
Пријавувањето за „HalkEco Скопје трча 10 КМ“ заврши
На 8 мај 2022 ќе се одржи уличната трка HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10 КМ. Организатор на трката е Сојузот на спортовите на Скопје (кој е организатор на „Визер – Скопски маратон“ и „Авицена женска трка“), во соработка со АК Работнички. Главен спонзор на HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10 КМ е Halk Banka, а покровители се Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје.
Бројката од 1.300 учесници, на која е лимитирана оваа трка, е веќе пополнета.Оваа бројка на пријавени учесници е уште еден доказ дека граѓаните се грижат за своето здравје истовремено истакнувајќи го својот натпреварувачки дух.
Подетаљни информации за трката натпреварувачите може да најдат на официјалната страна на „HalkEco Скопје трча 10 КМ“ – www.skopje.run.
Патеката на движење: стартот на трката е во 9 часот пред фонтаната „Лотос“, се трча во правец кон Карпош 4 до крајот на булеварот Илинден и се врти лево за да се излезе на улицата Никола Парапунов. Потоа се трча до крајот на улицата, каде што на семфорите се врти десно и се излегува на булеварот Партизански одреди. Од тука се трча до мостот „Влајко“, каде што се врти полукружно и во истата коловозна лента се трча до семафорите пред „Сити мол“. Се продолжува полукружно во истата коловозна лента и се трча по булеварот Партизански одреди до вкрстувањето со улицата Никола Парапунов, каде што се врти десно. Од улицата Никола Парапунов се трча до крајот, па се врти десно на булеварот Илинден сѐ до целта кај фонтаната „Лотос“.
Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот да излезат и да им дадат поддршка на натпреварувачите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
