Контакт

Спорт

ПСЖ ќе мора да собере 60 милиони евра и ќе помине без казна од УЕФА

УЕФА нема да ги казни Пари Сен-Жермен за прекршување на финансискиот фер-плеј (ФФП), доколку францускиот шампион успее да собере 60 милиони евра приход до крајот на јуни.
Според УЕФА, финансиската инспекција одлучила дека ПСЖ неправилно ја пријавиле па…

Објавено пред

УЕФА нема да ги казни Пари Сен-Жермен за прекршување на финансискиот фер-плеј (ФФП), доколку францускиот шампион успее да собере 60 милиони евра приход до крајот на јуни.

Според УЕФА, финансиската инспекција одлучила дека ПСЖ неправилно ја пријавиле пазарната вредност на „неколку“ спонзорства на клубот, вклучувајќ ги договорите од Катар поврзани со сопствениците на клубот.

Иако европската куќа на фудбалот е задоволна од договорите со кои на „Паркот на принцовите“ дојдоа Нејмар и Килијан Мбапе минатата година, трансферите вредни стотина милиони евра треба да се „израмнат“ на крајот на финансиската година на 30 јуни.

ПСЖ минатото лето плати 222 милиони евра да го откупи договорот на Нејмар од Барселона, а го доби Мбапе на едногодишна позајмица, пред ова лето  да ја плати сумата од 180 милиони евра. Ова се двајцата најскапи фудбалери на светот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Марадона нема ’рскавица во коленaтa, нема да може да оди без операција! (видео)

Хирургот на Диего Марадона, Херман Очоа откри дека легендата на аргентинскиот фудбал веќе нема ’рскавица во двете колена, откако се појави видео на кое Марадона едвај одеше на еден тренинг со неговиот нов клуб, мексиканскиот второлигаш Дорадос де Синал…

Објавено пред

Хирургот на Диего Марадона, Херман Очоа откри дека легендата на аргентинскиот фудбал веќе нема ’рскавица во двете колена, откако се појави видео на кое Марадона едвај одеше на еден тренинг со неговиот нов клуб, мексиканскиот второлигаш Дорадос де Синалоа.

Докторот Очоа исто така потврди дека наскоро на Марадона ќе му биде потребна протетика за воопшто да може да се движи.

„Го познавам Диего од 2004 година кога го оперирав неговото десно колено, 27 дена откако се откажа од фудбалот на ’Бомбонера’. Тогаш во јуни оваа година пред Светското првенство во Русија му направивме интервенција за да може да патува. Марадона има сериозен остоеартритис на двете колена и нема останато ’рскавица, така што коските се гребат една од друга. Ова е сериозен проблем бидејќи предизвикува огромна болка. Решението е да се оперира и да се стави протетика. Нема да дојде до степенот Диего да не може да оди. Новите технологии му нудат решение“, изјави Очоа.

Прикажи повеќе...

Спорт

ИХФ го потврди Светското првенство со 32 репрезентации

Во обид да се задоволи Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) и ракометот да остане олимписки спорт, челниците на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) потврдија дека од 2021 година, наместо 24 ќе има 32 репрезентации на Светските првенства в…

Објавено пред

Во обид да се задоволи Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) и ракометот да остане олимписки спорт, челниците на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ) потврдија дека од 2021 година, наместо 24, ќе има 32 репрезентации на светските првенства во сениорска и јуниорска конкуренција.

Ова е обид да се рашири ракометот на нациите, каде што не е многу застапен, но ова ќе значи повеќе мечеви за ракометарите, кои и така се жалат на напорниот распоред со Лигата на шампионите, и домашните и регионалните натпреварувања.

ИОЦ неколку пати побара од ИХФ да работи на интернационализација на ракометот, кој досега има силно присуство само во Европа како главен услов за задржување на олимпискиот календар.

Иако ова ќе значи полесен влез за репрезентациите, како Македонија, на првенството, несомнено ќе носи и пад на квалитетот на натпреварите на СП, каде што сега ќе се квалификуваат и повеќе репрезентации со сомнителен квалитет.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Јуниорите во воздухопловно спортско моделарство со врвни резултати на светските купови „Трофеј на Прилеп” и „Македонија”

Објавено пред

Воздухопловна федерација на Македонија соопшти дека на светски куп „Трофеј на Прилеп” и „Македонија”, кој се одржал пред неколку дена во Прилеп, јуниорите во воздухопловно спортско моделарство освоиле врвни резултати.


Имено, во соопштението се посочува дека на светскиот куп „Македонија” со трофеи се закитиле и јуниорите/спортски надежи на Воздухопловна федерација на Македонија, Александар Цветановски, кој освоил 3. место на светски куп „Трофеј на Прилеп” и второ место на светски куп „Македонија“ во категорија Ф1Б-јуниор и Анастасија Пожарска, која исто така освоила 3-то место на светски куп „Трофеј на Прилеп” и трето место на светски куп „Македонија“ во категорија Ф1А-јуниор.

„Мотивирани сме од желбата да го развиеме спортското воздухопловство, се фокусиравме кон зголемувањето на бројот на младинци во спортско моделарство. Тоа е спорт кој понатаму ги гради идните едриличари, инжинери пилоти и контролори на летови“, велат преку соопштение од Воздухопловна федерација на Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Доцни седницата за уставни измени

Седницата за уставни измени која требаше да почне во 21 часот, доцни еден час. Првично седницата требаше да почне во...

Македонија3 часа

(Видео) Јанушев: На пратеници им се нудеа милион евра да гласаат, тие одбија

ВМРО-ДПМНЕ избра борба против неодоговорната власт, рече вечерва генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев, на прес-конференција. Тој нагласи дека...

Македонија7 часа

Милошоски бара веднаш да гласаат: Волјата на народот е посилна од притисокот врз неколку пратеници

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на продолжението на седницата за уставните измени на прес-конференција побараа од претседателот на...

Македонија8 часа

Груевски за 8 дена ќе добие покана да се јави во затвор

Пресудата за двегодишната затворска казна на експремиерот Никола Груевски од Апелација пристигна во кривичниот суд од каде ќе биде распределен...

Крвав четврток8 часа

Укинат притворот на Крсто Мукоски

Апелацискиот суд му го укина куќниот притвор на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски. „Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје...

Македонија9 часа

Сашо Василевски: Не можам да кажам дали ќе гласам за уставни измени

Не можам ништо да ви кажам. На координација сум, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски за „Макфакс“ прашан...

Македонија10 часа

Медиуми во Македонија добивале пари од тајни фондови на грчкото МНР, објави „Ајефиремида“

Околу еден милион евра од тајни фондови на грчкото Министерство за наворешни работи биле потрошени за медиуми во Македонија, Албанија...

Метју Палмер Метју Палмер
Македонија11 час

(Видео) Палмер: Oслободете ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат без закани и одмазда!

„Бараме од лидерството на ВМРО-ДПМНЕ да ги ослободи пратениците да гласаат по нивно уверување без страв од закани и oдмазда“,...

Македонија11 час

Обвинение против Миленко Неделковски за статусот на „Фејсбук“ за жртвите од пожарот во Грција

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави обвинителен предлог против новинарот Миленко Неделковски поради ширење расистички...

Македонија11 час

Вештачење „Монструм“: Земјата од Смилковско се совпаѓа со онаа на „опелот“ со кој бегале убијците

На денешното рочиште за случајот „Монструм“ исказ ќе дадат шест вешти лица кои извршиле вештачење на повеќе области поврзани со...

Македонија11 час

(Видео) Мираковска: Џафери ќе одлучи дали ќе се гласа денеска за уставните измени

Ги повикавме колегите да гласаат. На гласањето ќе видиме дали имаме двотретинско мнозинство, а ние веруваме и очекуваме дека ќе...

Европа12 часа

Семејството на напаѓачот од Крим: Со него беше многу тешко да се разговара

Семејството на 18-годишниот Владислав Росилјаков, кој е виновен за масакрот во училиштето на Крим, вели дека ништо не укажувало на...

Македонија12 часа

Метју Палмер доаѓа во посета на Македонија

Заменик-помошник државниот секретар на САД, Метју Палмер, в понеделник ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за...

Регион13 часа

Коѕијас ја повика грчката влада да го објави неговото писмо со оставката кое било на девет страници

Никос Коѕијас ја повикува владата да открие зошто тој поднесе оставка од функцијата министер за надворешни работи во средата, поради...

Македонија15 часа

Седницата за уставните измени продолжува денеска, гласањето неизвесно

Расправата за уставните измени продолжува денеска напладне во Собранието. За дискусија се пријавени уште петнаесеттина пратеници, повеќето од нив од...

Македонија1 ден

Сведоци менувале изјави по налог на осомничениот Томе Главчев во „Поштенска банка“

Специјалното јавно обвинителство во аргументите на жалбата што ја отфрли кривичниот совет на скопска „единица“ навело дека барале притвор за...

Македонија1 ден

Мекалистер и Кукан: Собранието треба да ја преземе одговорноста и да го отвори патот кон просперитетна и европска земја

По дебатата во Собранието за уставните измени за спроведување на договорот од Преспа и во пресрет на утрешното ново продолжение...

Европа1 ден

(Видео) Путин: Масовното убиство на Крим е последица на глобализацијата

Рускиот претседател, Владимир Путин, ја обвини глобализацијата за нападот на колеџот во Керч, каде што студент застрела 21 лице, а...

Македонија1 ден

Цела година не се мери загадување околу „Дрисла“, било скапо

Надлежните во „Дрисла“ последните мерења на загадувањето околу депонијата на нивната веб-страница ги објавиле во декември 2017 година. Според Дијана...

Македонија1 ден

(Видео) Ченто: Немам намера да го оставам мојот син и да избегам, ве молам, укинете ми го притворот

„Имам солидна материјална состојба, имам работен однос, ретко ги напуштам границите на Република Македонија, немам друг пасош. Немам прекршочна или...

Досие