Контакт

Спорт

Реал Мадрид замина за Абу Даби (галерија)

Европскиот шампион Реал Мадрид отпатува за Абу Даби каде што ќе ја брани својата титула на Светското клупско првенство.
Сантијаго Солари и 25-те фудбалер со посебен авион на „Флај Емирати“ отпатува од аеродромот во Мадрид, каде што фудбалерите се пофал…

Објавено пред

Европскиот шампион Реал Мадрид отпатува за Абу Даби каде што ќе ја брани својата титула на Светското клупско првенство.

Сантијаго Солари и 25-те фудбалер со посебен авион на „Флај Емирати“ отпатува од аеродромот во Мадрид, каде што фудбалерите се пофалија со посебна фото-сесија.

Реал Мадрид игра со шампионот на Азија, јапонскиот Кашима Антлерс во среда, додека финалето на не многу популарното натпреварување е во сабота на 22 декември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

ЛШ: Шкендија во второто коло „налетува“ на Селтик или Сараево!

Објавено пред

Македонскиот шампион Шкендија во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите доби два потенцијално силни конкуренти – доколку тетовци ги минат естонските шампиони Номе Калју во двомеч во кој се фаворити ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Сараево од Босна и Херцеговина и шкотскиот Селтик.

Првите мечеви во второто квалификациско коло се играат на 23 и 24 јули, додека реваншите се на 30 и 31 јули. Шкендија првиот меч би го играла на гости.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

ПАТ НА ШАМПИОНИ, ГРУПА 1

Астана (Каз)/Клуж (Ром) – Макаби Тел-Авив (Изр)

БАТЕ Борисов (Блр)/Пјаст Гливице (Пол) – Линфилд (СИр)/Розенборг (Нор)

Њу Сеинтс (Вел)/прелиминарна рунда – Копенхаген (Дан)

Ференцварош (Унг)/Лудогорец (Буг) –  Дуделанж (Лук)/Валета (Мал)

Дандалк (Ирс)/Рига (Лет) – Партизани (Алб)/Карабаг (Азе)

ПАТ НА ШАМПИОНИ, ГРУПА 1

Шериф Тираспол (Мол)/Сабуртало (Гру) – Динамо Загреб (Хрв)

Селтик (Шко)/Сараево (БиХ) – Номе Калју (Ест)/Шкендија (Мкд)

Судува (Лит)/Црвена звезда (Срб) – ХЈК Хелсинки (Фин)/Торсхавн (Фар)

Слован Братислава (Свк)/Сутјеска (ЦГо) – АПОЕЛ (Кип)

Валур (Исл)/Марибор (Сло) – Арарат (Ерм)/АИК Стокхолм (Шве)

ЛИГАШКИ ПАТ

Викторија Плзен (Чеш) – Олимпијакос (Грц)

ПСВ Ајндховен (Хол) – Базел (Шва)

Прикажи повеќе...

Спорт

Нејмар до ПСЖ: Пуштете ме дома во Барса, не требаше да заминам

Објавено пред

Нејмар јасно им кажал на луѓето од Пари Сен-Жермен дека сака да го пуштат да си оди дома и им објаснил дека воопшто не требало да си замине од Барселона, јавува „Мундо депортиво“.

Нејмар ги шокира сите кога летото 2017 година потпиша за ПСЖ за рекордни 222 милиона евра, но неговата иднина постојано беше цел на шпекулации и шпанските медиуми тврдат дека тој, конечно, побарал да се врати во Барселона, каде што неговите порашени соиграчи Лео Меси и Луис Суарез им порачале на првите луѓе во клубот да го вратат во Каталонија.

Според „Мундо“, тренерот на ПСЖ, Томас Тухел,+- исто така е подготвен да го одобри заминувањето бидејќи му е доста од проблемите што тој ги предизвикува во соблекувалната. Овие вести доаѓаат откако претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи, изјави дека никој не го натерал Нејмар да дојде во Франција, меѓутоа додаде дека кој не сака да биде дел од проектот, може слободно да побара трансфер.

„Мундо“ додава дека Барселона е внимателна на пазарот и на можниот договор со Антоан Гризман од Атлетико Мадрид бидејќи чекаат да го видат развојот на настаните.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мурињо: Баш би сакал да сум селектор

Објавено пред

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, вели дека повеќе би сакал да има позиција селектор на некоја репрезентација отколку да биде тренер на некој клуб.

Мурињо е без работа кога Јунајтед го отпушти во декември и работи како ТВ-коментатор на „Беин спортс“ и РТ. Но, Португалецот честопати зборуваше дека ова е само кратка пауза и најави дека следната улога може да ја има во некој национален тим додавајќи дека не мора да се работи за неговата родна земја.

„Сакам да учествувам на нови натпреварувања. Долго време имам желба да се обидам со таква авантура. Во моментот, дефинитивно, повеќе би сакал да сум селектор на национален тим отколку обичен тренер. Дали Португалија е вистинската репрезентација за мене? Не мора да значи. Може да освојам и петта титула во друга земја или Лигата на шампионите со трет клуб. Сакам да сум среќен, не мора да победувам, но мора да сум среќен. Затоа, ако добијам понуда од клуб што би ми кажал: ’нема услови за победи, но сакаме да направиш таков тим’, тогаш добро ќе размислам“, вели Мурињо.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Заев: Ниту една земја-членка на ЕУ не е против отворање преговори со Северна Македонија

Ниту една земја – членка на Европската Унија не е против отворање на преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран...

Топ39 минути

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес, полицијата поднесе пријави

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство,...

Свет40 минути

Русија претстави доказ дека терористите се обидуваат да добијат биолошко оружје

Меѓународните терористи се обидуваат да добијат пристап до нуклеарно и биолошко оружје, а и до токсични хемикалии за да ги...

Свет3 часа

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Европа3 часа

Џонсон вети дека Британија ќе излезе од ЕУ до 31 октомври

Водечкиот кандидат за британски премиер и поранешен министер за надворешни работи, Борис Џонсон, го потврди своето ветување дека ќе ја...

Свет4 часа

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија16 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет17 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ19 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија19 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа21 час

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија23 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија23 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет24 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион1 ден

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија1 ден

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт1 ден

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет1 ден

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет1 ден

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија1 ден

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Досие