Контакт

Спорт

Реал потврди дека Маријано се враќа на „Бернабеу“

Само 14 месеци откако си замина од Реал Мадрид, Маријано Дијаз се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ во експресниот договор кој „кралскиот клуб“ ја искористи можноста да го земе откако претходно Лион и Севилја се договорија за трансфер од 30 милиони евра пл…

Објавено пред

Само 14 месеци откако си замина од Реал Мадрид, Маријано Дијаз се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ во експресниот договор кој „кралскиот клуб“ ја искористи можноста да го земе откако претходно Лион и Севилја се договорија за трансфер од 30 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.

Сега, Маријано потпиша петгодишен договор за Реал Мадрид, кои ќе платат 22 милиони евра за договорот. На Каталонецот не му пречеше договорот со Севилја, но секако му годи и повикот на Хулен Лопетеги, иако нема да биде гарантиран стартер кај „Лос бланкос“.

Маријано беше дел од академијата на Реал Мадрид од 2011 година, пред во 2015/16 да игра во Б-клубот, Кастилја и да постигне 25 гола. Иако беше повикан во првиот тим, немаше многу шанси да игра, пред да замине за Лион, каде што постигна 21 гола минатата сезона.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ниту еден европски клуб не е заинтересиран за Винисиус

Објавено пред

Винисиус Жуниор и Реал Мадрид сè уште не постигнале договор, а како што стојат работите, на неговите менаџери нема да им биде лесно да постигнат договор со кој било друг клуб.

Ромен Молина, шпански новинар познат како точен извор на информации, откри дека менаџерите на Бразилецот „флертуваат“ со бројни клубови, дека се обиделе да го понудат за да истражат други опции и потенцијално да извршат притисок врз Реал за понатамошни преговори, но дека добиле негативен одговор на секоја адреса.

Желбата на Винисиус е да остане во Реал Мадрид, но не се откажува од тоа тој да ја преземе водечката улога во преговорите, што Флорентино Перез досега го избегнуваше.

Јасно е дека Перез, како и претходно, им дава до знаење на сите играчи дека никој не е над Реал Мадрид, што најмногу ги забавува преговорите. Винисиус бара годишна плата каква што има Килијан Мбапе, а тоа значи околу 30 милиони евра годишно. Според медиумите, Реал му нуди нешто повеќе од 16 милиони евра по сезона.

Молина пишува дека Челзи бил единствениот клуб кој бил споменат како заинтересиран, но дека „сините“ повеќе не се заинтересирани.

Винисиус нема да биде евтин, а неговата плата е исто така огромна. Решение на проблемот може да биде Саудиска Арабија. Тамошните клубови без проблем можат да ги исполнат финансиските барања на Бразиелцот.

Сега на потег е и Флорентино Перез, кој не смее да дозволи да биде толку лесно да остане без првата ѕвезда, особено поради фактот што Родриго е сериозно повреден и нема да биде на теренот до 2027 година.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Локатели го продолжи договорот со Јувентус

Објавено пред

Италијанскиот фудбалер Мануел Локатели го продолжи договорот со Јувентус до 30 јуни 2030 година, објави клубот од Торино.

Локатели е член на Јувентус од 2021 година и во тој период одигра 224 натпревари во сите натпреварувања и запиша девет гола и 17 асистенции.

„Сите се сеќаваме кога Мануел, по неговото пристигнување во 2021 година, со голема емоција рече дека отсекогаш бил навивач на Јувентус. Продолжувањето на соработката претставува природно продолжение на растот на неговото лидерство на теренот, неговиот непоколеблив црно-бел дух, во целосна заедница со вредностите и амбициите на нашиот клуб“, рече извршниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли.

Во текот на својата кариера, италијанскиот фудбалер играше и за Милан и Сасуоло.

Јувентус е на четвртото место на табелата во Серија А со 60 бода, а во недела ќе ја пречека Болоња во 33-то коло.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Шампионката на Вимблдон се соочува со четиригодишна суспензија

Објавено пред

Чешката тенисерка Маркета Вондрушова, шампионка на Вимблдон во 2023 година, се соочува со суспензија до четири години откако беше обвинета за кршење на антидопинг правилото поради одбивање на тест.

Спорниот инцидент се случил во декември за време на ненајавено тестирање надвор од тениските терени. Вондрушова тврди дека по 20 часот непознато лице заѕвонило на нејзината врата, одбило да се идентификува и побарало итен примерок од урина. Во тој момент, таа одбила да го пушти внатре, оценувајќи ја ситуацијата како сериозно нарушување на приватноста.

Против неа потоа беше покрената постапка од Меѓународната агенција за интегритет на тенисот за „одбивање или недавање примерок без основана причина откако била известена од овластено лице“.

Шампионката на Вимблдон во 2023 година ја даде својата верзија на настаните на социјалните мрежи, нагласувајќи дека дејствувала од страв, а не за да избегне тестирање.

„Кога некој ќе ви заѕвони на врата доцна навечер без јасно да ве идентификува и да ја следи постапката, реагирате како личност која била исплашена. Во тој момент, стануваше збор за чувство на безбедност, а не за избегнување на нешто“, рече Вондрушова.

Таа додаде дека низ годините добивала навреди и закани, но и проблемите со повредите и спиењето, влијаеле врз нејзината ментална состојба и чувството на безбедност. Вондрушова, особено нагласи дека ситуацијата ја потсетувала на нападот врз нејзината сонародничка Петра Квитова од 2016 година, кога напаѓачот влегол во станот под лажни изговори и сериозно ја повредил.

„Стравот ми го замагли расудувањето. Не можев рационално да ја разберам ситуацијата“, рече таа, додавајќи дека експертите ѝ дијагностицирале акутна стресна реакција и генерализирано анксиозно растројство.

Агенцијата потврди дека истрагата е во тек, но дека сè уште нема автоматска суспензија.

Според правилата на Светската антидопинг агенција, тенисерките мора редовно да ја пријавуваат својата локација и да закажат термин од еден час дневно за потенцијално тестирање, но контролите можат да се спроведуваат и надвор од тој период.

Вондрушова не играла натпревари во поединечна конкуренција од јануари поради повреда на рамото, но неодамна играше во двојки за Чешка. Нејзиниот следен закажан турнир е Мастерсот во Мадрид, кој започнува на 20 април.

Foto/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Трамп вчера изјави дека Иран никогаш повеќе нема да го затвори Ормускиот теснец

Се чека реакција на претседателот на САД, Доналд Трамп, откако Иран повторно го затвори Ормсукиот теснец, кусо по отворањето. Трамп...

Македонија12 минути

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност

Во рамки на учеството на Antalya Diplomacy Forum 2026, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати...

Свет32 минути

Иран отвори шест аеродроми

Иран делумно го отвори својот воздушен простор, дозволувајќи меѓународни летови над источниот дел од земјата, соопштија властите. Според информациите, шест...

Спорт53 минути

Ниту еден европски клуб не е заинтересиран за Винисиус

Винисиус Жуниор и Реал Мадрид сè уште не постигнале договор, а како што стојат работите, на неговите менаџери нема да...

Спорт1 час

Локатели го продолжи договорот со Јувентус

Италијанскиот фудбалер Мануел Локатели го продолжи договорот со Јувентус до 30 јуни 2030 година, објави клубот од Торино. Локатели е...

Свет1 час

Иран повторно воведе ограничувања на Ормускиот теснец

Иран брзо се откажа од одлуката за повторно отворање на Ормуски теснец, воведедувајќи нови ограничувања на овој клучен поморски правец,...

Забава1 час

Финансиски пресврт до лето: три хороскопски знаци ќе се ослободат од долговите

Астролошките движења најавуваат подобрување на финансиската состојба за одредени знаци. Според прогнозите, Рак, Стрелец и Водолија во наредниот период би...

Свет2 часа

Руте: САД нема да го напуштат НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли шпекулациите дека САД би можеле да се повлечат од Алијансата, оценувајќи дека...

Македонија2 часа

Мамографот во Штип во дефект: Пациентките ќе се снимаат во Кочани, резултатите ќе ги чита штипскиот тим

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација...