Спорт
Ридигер: Само Меси е пред Азар
Германскиот репрезентативец, Антонио Ридигер, смета дека неговиот клупски колега Еден Азар е најдобриот после Лионел Меси.
Ридигер, упатил и комплименти за тинејџерот Килијан Мбапе, но потенцирал дека тој се уште не е на нивото на најголемите светски ѕ…


Германскиот репрезентативец, Антонио Ридигер, смета дека неговиот клупски колега Еден Азар е најдобриот после Лионел Меси.
Ридигер, упатил и комплименти за тинејџерот Килијан Мбапе, но потенцирал дека тој се уште не е на нивото на најголемите светски ѕвезди.
„Килијан Мбапе е неверојатни брз играч. За да го сопрете морате да делувате како тим, еден играч тешко може да се избори со него. Но за мене најдобар играч во светот е Лионел меси, а веднаш зад него е Еден Азар“, рекол Ридигер.
Германецот проговорил и за клупската сезона не криејќи дека е изненаден од добриот старт на Челси во премиер лигата.
„Искрено, изненаден сум колку добро ја започнавме сезоната, особено поради тоа што Азар и Канте ни се приклучија доцна поради обврските на Светското првенство. Импресивно стартувавме“, нагласил Ридигер.
Челси, по четири кола во премиер лигата, има исто толку победи и заедно со Ливерпул и Вотфорд го дели првото место на табелата. „Сините“, во 5.коло, ќе го пречекаат Кардиф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Осака загуби во првиот меч по отпуштањето на тренерот, заврши во солзи!

Наоми Осака призна дека огромното внимание што ѝ беше посветено по фантастичниот раст на нејзината игра, но и изненадувачката разделба со тренерот Саша Баин, биле фактор во поразот во нејзиниот прв меч по Австралија опен.
Во првиот меч како светска тенисерка број 1, Осака направи низа грешки пред да загуби со 6:3/6:3 од Французинката Кристина Младенович во првото коло на Дубаи опен. Инаку, Младенович немаше победа во 2019 пред овој турнир.
„Не можев да ги блокирам реакциите од смената на тренерот и овој меч е резултат на тоа. Сега тоа е веста и малку е тешко за мене бидејќи луѓето се ѕверат во мене и тоа не на убав начин“, изјави Осака низ солзи по мечот.
Осака во Дубаи беше придружувана од тренерот на Јапонската тениска федерација, Масаши Јошикава, кој ја познава од јуниорските денови.
„Мислам дека луѓето не сфаќаат во каква позиција сум бидејќи пред една година не бев ниту блиску до топ-10. Луѓето не ме забележуваа и тоа ми одговараше“, додава Осака.
Фото: ЕПА
Спорт
Ферари има моќен болид! Леклер секунда побрз од ривалите во Барселона

Ферари има најбрз болид и на вториот ден од зимското тестирање во Барселона откако Шарл Леклер беше речиси секунда пред ривалите.
Леклер продолжи каде што застана Себастијан Фетел на првиот ден на „Каталуња“ поставувајќи најдобро време во првиот час на студеното утро и времето го подобруваше сè до 1:18.247 поставено претпладне. Младиот возач од Монте Карло, кој оваа година го заменува Кими Раиконен, покрај брзината, покажа и фантастична постојаност на болидот на Скудерија комплетирајќи 145 круга!
Ситуацијата да биде уште поветувачка за Ферари, второ најдобро време имаше возачот со мотор на Ферари, Кевин Магнусен во Хас (1:19.206), а трет беше уште еден возач со погон на Ферари, Антонио Џовинаци, во Алфа Ромео (1:19.312).
2019 starts here for @Charles_Leclerc 👀
And that @ScuderiaFerrari looks like it suits him pretty well 😍#F1 #F1Testing pic.twitter.com/VTTnfLj4Z5
— Formula 1 (@F1) February 19, 2019
Лендо Норис ги постави Мекларен на четртото место пред Пјер Гасли во Ред бул. Даниел Рикардо имаше позитивен старт за Рено по слабиот прв ден, но прогресот застана кога му се откачи задното крило на главниот рамен дел и тој излета од патеката.
Светскиот шампион Мерцедес имаше уште еден тивок ден кога светскиот шампион Луис Хамилтон постави само седмо најдобро време пред дебитантот на Торо росо, Александер Албон, кој двапати се изврте во својот прв професионален Ф1-ден.
Вилијамс Ф1 повторно не беше присутн на тестирањето, но од тимот најавија дека болидот ќе биде подготвен за акција в среда.
БАРСЕЛОНА, 2. ДЕН
1. Шарл Леклер (Ферари) 1:18.247, 145 круга
2. Кевин Магнусен (Хас) 1:19.206, 59 круга
3. Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) 1:19.312, 86 круга
4. Лендо Норис (Мекларен) 1:19.489, 94 круга
5. Валтери Ботас (Мерцедес) 1:19.606, 67 круга
6. Александер Албон (Торо росо) 1:19.616, 120 круга
7. Пјер Гасли (Ред бул) 1:19.814, 92 круга
8. Даниел Рикардо (Рено) 1:19.886, 28 круга
9. Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:19.928, 74 круга
10. Нико Хилкенберг (Рено) 1:20.382, 79 круга
11. Ленс Строл (Рејсинг поинт) 1:20.433, 75 круга
Спорт
Просинечки не прости – без Врањеш во репрезентацијата на БиХ поради четничката тетоважа

Селекторот на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки, потврди дека во репрезентацијата веќе ќе нема место за дефанзивецот на Андерлехт, Огњен Врањеш, поради низата скандали – од четничката тетоважа на ногата до секс-скандалот со Јелена Карлеуша.
„Тој сам себе се исфрли од репрезентацијата. Секој репрезентативец на светот, вклучувајќи ги тие на Босна и Херцеговина, мора да се докажува на теренот и надвор од него. Жал ми е, но така е. И Фудбалскиот сојуз реагира. Врањеш влезе во конфликт со навивачите, тука беа тетоважата, аферите. Така тоа не оди. Сите мораме да бидеме подредени на репрезентацијата, и државата и пласманот на Европското првенство. Такви проблеми не се потребни“, вели Просинечки.
Во 2015 година Врањеш на раката ги истетовира границите на Република Српска за што потоа се извини и ја покри тетоважата, но влезе во конфликт со навивачите на БиХ. Во септември 2018 година беше осуден на 8 месеци условна казна за предизвикување навивачко насилство додека беше во АЕК Атина, а истата година беше забележана и неговата тетоважа на четничкиот војвода Момчило Ѓујиќ на десната рака носејќи нови конфликти. Минатиот месец, пак, тој повторно беше во центар на скандал по наводната афера со српската пејачка Карлеуша, која е мажена со фудбалерот Душко Тошиќ. На Просинечки му е доста.
„Да, ќе имаме проблем поради неговото отсуство бидејќи играше многу добро во последниот период. Ќе мораме да најдеме нов десен бек“, додава Просинечки.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал