Контакт

Спорт

Роналдо побарал Јувентус да го донесе Ракитиќ

Кристијано Роналдо, постигна два гола против Емполи, со кои Јувентус победи 2:1, со што покажа дека полека влегува во препознатливата форма. Португалецот, иако во тимот е само неколку месеци, веќе има големо влијание во она што се случува кај „старата …

Објавено пред

Кристијано Роналдо постигна два гола против Емполи, со кои Јувентус победи 2:1, со што покажа дека полека влегува во препознатливата форма. Португалецот, иако во тимот е само неколку месеци, веќе има големо влијание во она што се случува кај „старата дама“.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Роналдо веќе им сугерирал на челниците кои двајца фудбалери треба да ги донесат во наредните преодни рокови.

Не е тајна дека Португалецот сака да игра во Јувентус заедно со својот голем пријател од Реал, Марсело. Трансферот на Марселона ќе зависи од тоа дали Јувентус ќе успе да го продаде Алекс Сандро.

Вториот играч кој го посочил Роналдо е неговиот некогашен ривал до Барселона, Иван Ракитиќ.

Хрватот вчера блескаше во дербито против Реал, а неговиот евентуален трансфер зависи од Пол Погба.

Барселона покажува интерес за Погба и доколку овој трансфер биде реализиран, тогаш е јасно дека Ракитиќ ќе биде вишок во Барселона, што ќе ја отвори можноста тој да се пресели во Јувентус.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Чоло Симеоне го договорил и Хермосо

Објавено пред

Атлетико Мадрид и тренерот Диего Симеоне ја завршија реконструкцијата на одбраната. По завршувањето на сезоната Атлетико го напуштија долго годишните играчи Диего Годин, Хуанфран Торес и Фелипе Луис.

Реконструкцијата на одбраната Симеоне ја заврши со потенцијалниот шпански репрезентативец Марио Хермосо, откако вчера водечките медиуми објавија дека клубот постигнал договор со Тотенхем околу трансферот на Киран Трипе.

Атлетико и Еспањол се договориле Хермосо да се пресели во Мадрид за сума од 30 милиони евра. Од почетокот на преодниот рок клубовите преговараа, но Атлетико не сакаше да ја плати клаузулата од 40 милиони евра, бидејќи договорот на Хермосо со Еспањол важеше уште една година.

На крајот клубовите сепак постигнале договор.

Хермосо во 2017 година како слободен играч од Реал Мадрид се пресели во Еспањол. Минатата сезона одигра 35 натпревари и постигна три гола.

Медиумите пишуваат дека 24 годишниот фудбалер в четврток или в петок ќе им се приклучи на новите соиграчи.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јовиќ во Химки

Објавено пред

Српскиот кошаркарски репрезентативец Стефан Јовиќ кариерата ќе ја продолжи во Химки, тврди порталот „Јурохупс“.

Јовиќ изминатите две сезони играше за Баерн Минхен и е еден од најзаслужните за двете титули во претходните две сезони.  Тој е вториот играч на Баерн кој деновиве се договори со Химки, претходно во овој тим пристигна и Девин Букер.

Минатата сезона во Евролигата, Јовиќ имал просек од 8,3 поени, 4,6 асистенции и 2,4 скока по натпревар.

Прикажи повеќе...

Спорт

Црвена ѕвезда ја мина Судува, понатаму оди и Валета (Видео)

Објавено пред

Познати се имињата на шест тима кои ќе продолжат понатаму во квалификациите во Лигата на шампионите, меѓу нив ја нема Шкендија. Македонскиот шампион доживеа шокантна елиминација од Номе Калју.

Црвена ѕвезда ја оправда фаворитската улога против Судува. Во Белград српскиот првак славеше со 2:1, откако првиот меч заврши 0:0. Боаче и Марин ги постигна головите за Црвена ѕвезда, а во самиот финиш во 96 минута конечниот резултат го постави Топчагиќ.

Мечот го обележа грубиот старт на Гобељиќ кој доби директен црвен картон.

Противник на Црвена ѕвезда во наредната рунда ќе и биде ХЈК од Финска. Финците во реваншот на домашен терен одиграа 2:2 со Торшван, но пресуден првиот меч и победата на ХЈK од 3:1.

Претставник во наредната фаза ќе има и Малта. Валета и Дуделанж одиграа 1:1, а шампионот на Малта оди понатаму бидејќи првиот меч заврши 2:2. Валта за противник во наредната фаза ќе го има тимот на Номе Калју.

Косовскиот првак Фероникел не успеа во реваншот против ТНС од Велс, иако од првиот меч имаше резултат 2:2. Во Приштина шампионот на Велс победи со минимален резултат 1:0.

Шериф од Молдавија не успеа да приреди чудо против Субиртало Тбилиси. Откако Грузијците забележаа сензационална победа во Молдавија 3:0, во реваншот во Тбилиси играчите на Шериф негативата ја анулираа во првите 11 минути, но до крајот не успеаја да постигнат ниту еден гол, додека домаќините преку Роловиќ еднаш ја погодија нивната мреже и се пласираа понатаму.

Натпреварите од наредната рунда ќе се играат на 23/24 јули, а реваншите на 30/31 јули.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

Бајден го предизвикува Трамп да се натпреваруваат во склекови

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден (77) кој најави дека влегува во трката за демократската претседателска номинација за изборите во 2020...

Европа22 минути

Салвини тврди дека група украински неонацисти сакале да го убијат

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини тврди дека група украински неонацисти, сакале да го убијат. Тие се уапсени поради...

Свет34 минути

Татко и син отвориле фабрика за лажни ,,ламборџини” во Бразил

Татко и син се уапсени, откако е откриена нивната фабрика во која произведувале лажни автомобили од познатите марки „ферари“ и...

Свет40 минути

Во Шкотска најмногу починати од дрога

Во Шкотска минатата година од употреба на дрога починале 1.187 луѓе, што е за речиси 27 отсто повеќе отколку во...

Македонија10 часа

Земјотрес во Струмица, Валандово и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21 и 17 минути бил почувствуван во Струмица, Валандово...

Регион12 часа

Хакери украле податоци на милиони Бугари

Хакери украле лични и финансиски податоци на милиони бугарски граѓани. Тие насилно влегле во системот на државната даночна управа, соопшти...

Европа13 часа

Урсула фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет13 часа

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија16 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа17 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија18 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија18 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт18 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија19 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија22 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет22 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет22 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион23 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет24 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Досие