Контакт

Меѓународен

Руско министерство ја коментира постапката на Домагој Вида

Објавено пред

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, рече дека не е паметна изјавата на хрватскиот фудбалски репрезентативец, Домагој Вида, кој по натпреварот со Русија во видеопорака извика: „Слава за Украина!“. Захарова додаде и дека политиката и фудбалот не треба да се мешаат.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) изрече предупредување за хрватскиот одбранбен играч, но и за членот на стручниот штаб, Огњен Вукоевиќ, бидејќи по четвртфиналниот натпревар на Светското првенство преку социјалните мрежи испратија порака до пријателите во Украина во која викаат „Слава на Украина“ и „За Динамо и за Украина“.

Во изјава по полуфиналната победа над Англија, Вида се извини за видеото опишувајќи го како грешка.

Поранешниот играч на украинскиот клуб Динамо Киев во претходна изјава рече дека пораката не требало да биде политичка.

И Вида и Вукоевиќ значаен дел од играчката кариера минаа во Украина, а од Хрватскиот фудбалски сојуз објавија дека пораките биле само одговор на многуте пораки на поддршка што овие двајца ги добивале од украинските симпатизери во текот на Светското првенство.

Фудбалскиот сојуз, сепак, го предупреди Вида за видеото, а Вукоевиќ го отстрани од стручниот штаб.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Извлечено тело од авионот со кој се урнаа Сала и пилотот

Објавено пред

Од трупот на авионот со кој исчезнаа фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон било извлечено едно тело. Засега нема потврда потврда дали е тоа телото на фудбалерот или пилотот.

Трупот на авионот се наоѓа на 67 метри под водата, а екипите работеле во многу тешки временски услови.

Откако операцијата на извлекувањето на телото била успешно завршена, телото било пренесено во Портланд, Англија, каде што ќе биде идентификувано и каде што ќе се изврши обдукција.

Спасувачките тимови се обидувале да го подигнат трупот на авионот од морското дно за да можат да продолжат со потрагата по другото тело, меѓутоа временските услови не им го дозволиле тоа.

Фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон исчезнаа на 21 јануари над Ла Манш. Авионот „Пајпер Малибу“ го превезувал фудбалерот од Нант во Кардиф, каде што требало да им се приклучи на новите соиграчи.

Нант ги бара парите од трансферот на Сала, инаку ќе тужи!

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Роналдо осуден на условна затворска казна

Објавено пред

Фудбалерот Кристијано Роналдо призна вина, а судот во Мадрид го осуди на условна затворска казна поради даночно затајување во Шпанија. Тој се согласил да плати 18,8 милиони евра. Португалецот затаил данок во периодот од 2011 до 2014 година.

Шпанскиот суд му одреди на Роналдо 23-месечна затворска казна, меѓутоа нема да оди зад решетки бидејќи според законот во оваа земја, за ваков вид криминал, казната станува условна доколку е помала од две години.

Роналдо денеска бил во Шпанија за да ја слушне пресудата. Тој во летниот преоден рок го напушти Реал и за 100 милиони евра се пресели во Јувентус.

Петкратниот освојувач на „Златната топка“ е само еден во низата фудбалери кои се осудени од шпанскиот суд поради даночно затајување. Пред него слично поминаа Лионел Меси, Лука Модриќ, Радамел Фалкао, Алексис Санчез…

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Хрватска шахистка почина за време на партија шах

Објавено пред

Хрватската шахистка и повеќекратен првак Марина Зелиќ (71) починала од срцев удар за време на партија шах на меморијален турнир. За време на партијата ѝ се слошило, била повикана брза помош, но докторите не успеале да ја реанимираат.

Марина Зелиќ во 80-тите години трипати по ред беше првак во шах во Хрватска, а по осамостојувањето на земјата поради работни обврски ретко играла професионално.

Одиграла вкупно 73 прволигашки натпревари, а важела за солиден и цврст играч.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Трамп ја одобри продажбата на оружје на Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја одобри продажбата на, осум милијарди долари вредното, оружје на Саудиска Арабија, наведувајќи ги иранските закани...

Свет15 часа

Меѓународниот суд ѝ нареди на Русија да ги ослободи украинските морнари

Меѓународниот трибунал ѝ нареди на Русија веднаш да ги ослободи 24-те украински морнари и трите бородови, кои ги заплени на...

Македонија16 часа

Момчето кое се повреди од струен удар ќе се лекува во Софија

Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар е испратено на лекување во...

Македонија19 часа

(Видео) Протест на жители на Гази Баба: Градоначалникот да даде оставка, а не да ни носи центар за зависници

Имаме кучкарник, канта пазар, кванташки пазар, сточен пазар, депонија, уште центар за зависници треба да ни донесат да бидеме комплетни....

Македонија21 час

Владата: Управниот суд пресуди дека раскинувањето на договорот за „Казандол“ е законито

Владата информира дека Управниот суд донел пресуда дека едностраното раскинување на договорот за изградба на рудникот „Казандол“ од страната на...

Вести22 часа

Судот ја блокира изградбата на ѕидот на Трамп

Федералниот суд во Калифорнија ѝ нареди на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да престане да ги користи средствата од...

Европа22 часа

ОН изгласа: Велика Британија да го врати островот од кој го протера населението

Генералното собрание на Обединетите нации побара од Велика Британија во рок од шест месеци на Маурициус да му го врати...

Спорт22 часа

„Златната копачка“ по шести пат за Лионел Меси

Лионел Меси е првиот фудбалер кој ја освоил „златната копачка“ во Европа три години во низа, откако Килијан Мбапе, неговиот...

Македонија22 часа

Земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала вчеравечер бил почувствуван во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Европа1 ден

(Видео) Експлодираше бомба во Лион, најмалку осум лица се повредени

Најмалку осум лица се повредени при бомбашки напад во централен Лион, соопштија француски официјални лица. Explosion in pedestrian street in...

Свет2 дена

(Вознемирувачко видео) Дваесет ученици загинаа скокајќи од запалена зграда во Индија

Најмалку дваесет ученици загинаа, а дваесетина  се повредени скокајќи од запалена зграда во Индија, каде што посетувале настава. Massive tragedy...

Свет2 дена

Штрахе тужи три лица за скандалот поради кој падна австриската влада

Лидерот на десничарската партија и досегашен вицеканцелар, Хајнц Кристијан Штрахе поднел тужба против три лица, откако падна во замка со...

Македонија2 дена

(Видео) Македонска делегација на молебен и на аудиенција кај папата во Рим

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со сопругата, е дел од официјалната државна делегација,...

Топ2 дена

Го погодило струја при обид за кражба на железничката станица во Трубарево

Момче на возраст од 20 до 25 години се здобило со висок степен на изгореници по телото при обид за...

Свет2 дена

Харви Вајнштајн постигна вонсудска спогодба со жртвите од 44 милиони долари

Холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн, кој повеќе жени го обвинија за сексуално злоставување, постигна привремена спогодба вредна 44 милиони долари со...

Европа2 дена

(Видео) Британската премиерка Тереза Меј даде оставка

Британската премиерка Тереза Меј денеска објави дека на 7 јуни ќе ја напушти функцијата. За оставката ја информирала и британската...

Македонија2 дена

(Видео) Изгаснат пожарот во Карпош 4, едно лице пренесено во болница

Пожарот кој избувна пред околу еден час во една од кулите во скопската населба Карпош 4 е изгаснат. Во пожарот...

Спорт2 дена

Лоциран домот на Роналдо, ќе добие судски повик за „случајот Мајорга“

Звучи бизарно дека потргата по Кристијано Роналдо, една од најголемите спортски ѕвезди, може да трае цели шест месеци. Толку време...

Економија2 дена

Трамп: Случајот со „Хуавеј“ би можел да биде дел од трговските преговори со Кина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, првпат навести дека случајот со кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ би можел да биде вклучен во...

Свет2 дена

Украинскиот претседател предлага анкета за тоа како да се преговара со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да ја праша јавноста како неговата земја би требала да преговара со Русија за војната...

Досие