Спорт
Сака да биде успешен како Дешан и Зидан
Тиери Анри рекол дека би бил среќен доколку во тренерската кариера биде успешен како поранешните негови колеги од репрезентацијата, Дидие Дешам и Зинедин Зидан. Анри, во Монако, ќе го има првиот самостоен тренерски ангажман.
Легендарниот напаѓач на Арс…


Тиери Анри рекол дека би бил среќен доколку во тренерската кариера биде успешен како неговите поранешни колеги од репрезентацијата, Дидие Дешам и Зинедин Зидан. Анри, во Монако, ќе го има првиот самостоен тренерски ангажман.
Легендарниот напаѓач на Арсенал и освојувач на светската круна со Франција во 1998 година ќе се обиде да тргне по стапките на славните сонародници.

„Би било фантастично кога би ги остварил тие успеси. Кога ќе се сретнам со Деде и Зизу секогаш разговараме за тактиките, што е малку чудно. Им се восхитувам на двајцата, сите знаат што оствариле во кариерите. Некогаш разговаравме за фудбалот. Тие се вистински примери за сите, особено за луѓето во Франција“, рекол Анри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пјонтек ја продолжи гол-серијата, Милан го растури Емполи (видео)

Кшиштоф Пјонтек се покажува како вистинска премија за тимот на Милан откако повторно беше стрелец на првиот гол за „росонерите“ при лесната 3:0 победа над Емполи во првиот меч од 25. коло во Серија А.
Пјонтек стрелаше во 49. минута од мечот за да го скрши отпорот на гостите што се борат за опстанок во елитата по што Кеси и Кастилехо постигнаа голови за препородениот тим на Џенаро Гатузо.
Со третата победа во низа Милан останува на четвртото место во Серија А со 45 поени, само поен зад градскиот ривал Интер (кој в недела ѝ гостува на Фиорентина) и четири пред Рома (ко утре му гостува на Фрозиноне). Емполи е 17. со 21 поен, три поени од зоната за испаѓање.
Фото: ЕПА
Спорт
Црна Гора пред историски пласман, Хрватска, дефинитивно, без мундијал

Хрватска беше поразена од Полска со 69:77 за да ги загуби и досега малите шанси за пласман на Светското првенство во кошарка во Кина, а Црна Гора со 76:74 победи на гостувањето во Украина за да дојде на чекор до прв пласман на СП.
Хрватите во Вараждин почнаа со серија од 14:0, а гостите не постигнаа кош во првите седум минути за да се подгреат надежите на навивачите дека ќе се стигне до потребната победа од над 6 поени разлика. Но, Полјаците, предводени од Понтика (20 поени) и Слотер (15 поени), почнаа да се враќаат во игра за победа со која се веќе квалификувани на мундијалот првпат по 52 години заедно со Италија и Литванија во тешката група.
Црна Гора, пак, со 76:74 беше подобра од Украина, а нивниот главен ривал Летонија со 62:67 беше поразена од веќе квалификуваната Шпанија. Бидејќи Црногорците ги победија Летонците во Рига (84:75), тие и со пораз во „Морача“ в понеделник би отишле на мундијалот, само доколку поразот не е повисок од осум поени. Шпанија и Турција, кои се веќе квалификувани, стигнаа до лесни победи.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019
ГРУПА И
Летонија – Шпанија 62:67 (14:25, 11:13, 16:13, 21:16)
Украина – Црна Гора 74:76 (34:17, 6:9, 16:25, 18:25)
Турција – Словенија 77:58 (11:17, 23:9, 24:16, 19:16)
Табела: 1. Шпанија 20, 2. Турција 19, 3. Црна Гора 18. 4. Летонија 17, 5. Украина 16, 6. Словенија 13
ГРУПА Ј
Хрватска – Полска 69:77 (16:8, 20:24, 23:29, 10:16)
Холандија – Литванија 69:78 (20:25, 15:20, 14:7, 20:16)
Италија – Унгарија 75:41 (15:9, 19:6, 18:18, 23:8)
Табела: 1. Литванија 21, 2. Италија 19, 3. Полска 18, 4. Унгарија 16, 5. Хрватска 15, 6. Холандија 14
If 🇮🇹 win later tonight @PZKosz 🇵🇱 will book their tickets for 🇨🇳. #FIBAWC #ThisIsMyHouse
📺 https://t.co/yB4gFvW05u
📲 https://t.co/6BBBf6oObD
📝 https://t.co/pBU9D7bidS pic.twitter.com/WnKXS65vPj— Basketball World Cup (@FIBAWC) February 22, 2019
Спорт
Фондацијата на Меси донира 200.000 евра во Кенија

Фондацијата на ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, донира 200.000 евра за помош на проектите на УНИЦЕФ за доставување чиста вода за пиење во Кенија.
Со проектот повеќе од 2.000 луѓе во рурална Кенија ќе добијат пристап до вода во своите домови и во училиштата. Децата ќе добиваат по два литра вода во текот на школските денови, а во училиштата ќе се изградат и тоалети за да се подобри хигиента.
Покрај ова, ќе бидат донирани 4.000 пакети храна во регионот откако податоците покажаа дека во Кенија има над 58.000 деца што гладуваат.
The @fundacionmessi maintains its commitment to young people, donating €200,000 to offer its assistance, in a project run alongside @UNICEF, with the construction of a drinking water pump and the distribution of nutritional supplements amongst children in Kenya. #ChooseToBelieve pic.twitter.com/KpN4fFBMVj
— Fundación Leo Messi (@fundacionmessi) February 21, 2019
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа