Контакт

Спорт

Салах повторно избран за најдобар африкански фудбалер

Мохамед Саслах повторно ги победи Садио Мане и Пјер-Емерик Обамејанг за да биде именуван за најдобар африкански фудбалер во 2018 година од страна на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ).
До втората едноподруго награда од ЦАФ, Салах дојде откако п…

Објавено пред

Мохамед Саслах повторно ги победи Садио Мане и Пјер-Емерик Обамејанг за да биде именуван за најдобар африкански фудбалер во 2018 година од страна на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ).

До втората едноподруго награда од ЦАФ, Салах дојде откако постигна 44 гола за Ливерпул и Египет во 2018 година, завршувајќи ја сезоната 2017/18 како најдобар стрелец во англиската Премиер лига со 32 гола.

Првите тројца од изборот на ЦАФ го предводат нападот на најдобрите 11 за 2018 година, средниот ред е надополнет со Наби Кеита (Ливерпул, Гвинеја), Томас Парти (Атлетико Мадрид, Гана) и Ријад Марез (Манчестер сити, Алжир). Најдобрата африканска одбрана ја сочинуваат Мехди Бенатија (Јувентус, Мароко), Калиду Кулибали (Наполи, Сенегал), Серж Орие (Тотенхем, Брег на Слонова Коска) и Ерик Баји (Манчестер јунајтед, Брег на Слонова Коска). Најдобар голман е Денис Онјанго од Уганда, кој игра за јужноафриканскиот клуб Мамелуди Сандаунс.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Богдан Тањевиќ ќе стане член на Куќата на славните на ФИБА

Објавено пред

На ден пред почетокот на Мундобаскетот кој оваа година на 30 август ќе започне во Кина, легендарниот стручњак, Црногорецот Богдан Тањевиќ ќе добие важно индивидуално признание, ќе стане член на Куќата на славните на Светската кошаркарска федерација – ФИБА.

Покрај него, во „класата 2019“ друштво ќе му прават и американскиот кошаркар, Алонзо Морнинг, Аргентинецот, Фабриосио Оберто и Порториканецот, Хозе Пикулин Ортис.

Тањевиќ уште од седумдесетите години на минатиот век е во тренерските води, а во 1979 година екипата на Босна ја однесе на кровот на Европа. Во неговото CV стои и дека во 1999 година го освои Еуробаскетот со селекцијата на Италија, а во 2010 година беше финалист на Светското првенство со селекцијата на Турција.

Искусниот стратег роден е 1947 година, а последниот ангажман во кариерата му беше како селектор на Црна Гора кога ја водеше од 2015 до 2017 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Жиру го претрка Трезеге: Се надевам дека ќе го стигнам и Платини

Објавено пред

Францускиот фудбалер Оливие Жиру стана третиот најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација откако на мечот на „триколорите“ против Исланд го постигна 35. гол и го помина Давид Трезеге на листата.

Пред Жиру на листата на најдобри стрелци сега се Мишел Платини со 41 гол и Тиери Анри со 51 погодок во дресот на Франција.

„Најважен е колективниот успех, секогаш успехот на репрезентацијата ми беше приоритет. Нормално, неопходно е и на лично ниво да сум одличен. Среќен и горд сум поради тоа, сакам да продолжам да постигнувам голови. Се надевам дека ќе го стигнам Платини“ – рече Жиру и додаде дека Трезеге му бил инспирација.

Тој минатото лето беше цел на критики откако првиот шпиц на „петлите“ не постигна ниту еден гол на патот кон светската титула во Русија.

Сепак, сега повторно проработе и ја оправда довербата на селекторот Дешамп.

Прикажи повеќе...

Популарно

Бразилската фудбалска репрезентација е петтиот добитник на „Купот на девет вредности“

Објавено пред

Како дел од Интернационалната детска општествено одговорна програма „Фудбал за пријателство“ на „Гаспром“, на стадионот Драгао во градот Порто, на бразилскиот национален фудбалски тим му беше доделен „Купот на девет вредности“. Уникатниот трофеј ги симболизира деветте вредности на проектот „Фудбал за пријателство“ – пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест. Церемонијата на доделување на трофејот се одржа како дел од пријателскиот натпревар помеѓу Панама и Бразил.

Неколку учесници од претходните сезони на „Фудбал за пријателство“ пристигнаа на церемонијата за доделување на купот: Сван Драме (13 години, Франција), Катарина Барата (13 години, Португалија), Мигел Борхес (19 години, Португалија), Денис Аладев (13 години, Русија). Младите амбасадори го презентираа значењето на уникатниот трофеј и неговата историја на генералниот секретар на Бразилската фудбалска конфедерација, г. Волтер Фелдман  и менаџерот за технички развој и општествена одговорност на бразилскиот национален фудбалски тим, г. Диого Нето.

Бразилскиот национален фудбалски тим беше прогласен за доследен за „Купот на девет вредности“ како резултат на отворено гласање, каде учествува млади учесници од 211 држави и региони во светот. Учесниците во проектот „Фудбал за пријателство“ му оддадоа признание на бразилскиот национален фудбалски тим како најопштествено одговорен од 32. национални фудбалски тимови, кои учествуваа на ФИФА Светското првенство 2018 во Русија.

Бразилската фудбалска репрезентација е петтиот добитник на „Купот на девет вредности“. Започнувајќи од 2015 година, трофејот беше доделен на фудбалските екипи на Барселона (Шпанија), Баерн Минхен (Германија), Ал Вахда (Сирија) и Реал Мадрид (Шпанија).

„’Купот на девет вредности’ е сосема нов, навистина невообичаен трофеј кој се доделува за почитување и примена на вредностите на програмата, како праведност, посветеност и традиција. Овие вредности се од суштинска важност за сите – и децата и возрасните. Оваа година трофејот за првпат беше доделен на тим од Латинска Америка – уште еден доказ дека не постојат бариери кога станува збор за фудбалот и пријателството!“ – изјави г. Волтер Фелдмен.

„Навистина сум среќна што програмата ‘Фудбал за пријателство’ ми даде можност да се сретнам со членовите на репрезентацијата, па дури и лично да им го предадам ‘Купот на деветте вредности’. За да може еден човек да прерасне во успешна личност, од голема важност е да ги следи универзалните човечки вредности. Колку повеќе луѓе во светот зборуваат, дискутираат и го привлекуваат вниманието кон овие вредности, толку нашиот живот ќе стане подобар. За децата ширум светот ‘Купот на девет вредности’ претставува симбол на пријателство, единство и одговорен однос кон општеството во кое живееме” – вели Катарина Барата, млада учесничка во проектот „Фудбалот за пријателство“.

Интернационалната детска општествено одговорна програма „Фудбал за пријателство“ за првпат е имплементирана во 2013 година, од страна на компанијата „Гаспром“. Главните вредности кои ги промовираат учесниците во програмата се пријателство, еднаквост, правичност, здравје, мир, посветеност, победа, традиции и чест. Учесниците во програмата се млади фудбалери (момчиња и девојчиња, вклучувајќи ги и оние со пречки во развојот и посебни потреби) и млади новинари кои известуваат за настаните – дел од проектот „Фудбал за пријателство“ во рамките на Меѓународниот детски прес-центар. Финалните настани од овогодишната сезона на програмата „Фудбал за пријателство” ќе се одржат во Мадрид, во период од 28 мај до 2 јуни, 2019 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

(Видео) Центар официјално ќе одбие стотина барања за градење по одлуката на Уставен суд

Во исчекување на објавата на одлуката на Уставен суд за укинување на мораториумот за градење во период од 30 дена,...

Топ2 часа

20-те закони што Иванов ги врати во Собранието пратениците повторно ќе ги гласаат

Претседателот Ѓорге Иванов до Собранието врати уште пет закони, со што вкупниот број укази на закони што шефот на државата...

Македонија2 часа

(Видео) УЈП сè уште го истражува имотот на верските заедници

Сè уште не е завршена постапката што ја отвори Управата за јавни приходи за имотот, парите и даноците на верските...

Македонија3 часа

Мијалков: Контактите и имотот во странство ги имав и досега, не помислувам да бегам

Мојот имот во странство, престој во Чешка и наводните мои контакти ги имав и порано и сега. Под истите околности...

Македонија3 часа

ИВЗ: Нема компромис за џамијата во Охрид, ние ќе градиме

Реставрацијата на Алипашината џамија во Охрид и изградбата на 32-метарското минаре за Исламската верска заедница е завршена работа. Градежните работи...

Македонија4 часа

(Видео) Најбогатиот Македонец заработил 3,5 милиони евра

Најбогатиот Македонец во 2017 е скопјанец, кој остварил 212 милиони денари, пријавени како бруто-приход. Зад него следува друг скопјенец, кој остварил приближно...

Македонија6 часа

„Фејсбук“: Избришани над 2.000 лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека отстранила повеќе лажни профили од Северна Македонија, Косово, Иран и од Русија за кои навела дека...

Топ7 часа

Автомобил удри во шестгодишно дете од Кумановско

Вчера, во селото Опае, општина Липково, патничко возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф. (24) од село Лопате, Кумановско,...

Топ8 часа

Обвинителството гони две лица и инспектор поради сечење трска во Струга

Основното јавно обвинителство од Струга поведе постапка против две лица и инспектор од Министерството за животна средина поради сечење на...

Економија8 часа

Акционерите од „Топлификација“: Поради лажниот стечај, оштетени сме за повеќе од 34 милиони евра

Акционерите од „Топлификација“ испратија отворено писмо до претседателот на Владата, Зоран Заев, и други институции во државата. Во писмото тие информираат...

Македонија10 часа

Aпелација ќе одлучува за притворот на Сашо Мијалков

Апелациониот суд денеска ќе одлучува за жалбата на адвокатите на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор, која му...

Македонија22 часа

Спасовски за инцидентот во Марино: Секој ќе одговара за направеното, нема кој да влијае врз истрагата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го осуди насилството во дискотеката во Марино каде со нож беше избоден полицаец и...

Свет23 часа

Трамп ја призна Голанската Висорамнина како територија на Израел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша декрет со кој официјално го призна израелскиот суверенитет над Голанската Висорамнина, која Израел ја...

Македонија1 ден

Министерството за правда ги чека амандманите од ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавното обвинителство

Министерството за правда ги очекува амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ за предлог-законот за Јавното обвинителство. Од Министерството се надеваат на...

Топ1 ден

Каменуван воз на влезот во Тетово

Вчера на железничката станица на влезот од Тетово непознато лице го каменувало патничкиот воз што сообраќал на релација Скопје –...

Македонија1 ден

(Видео) Децата без родители до Царовска: Државата, наместо да ни биде мајка, таа нè брка надвор

До кога децата без родители ќе завршуваат на улица, а ќе се удирате в гради дека има закони и дека...

Топ1 ден

Мицкоски се сретна со пратениците исклучени од ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во Собранието, се сретна со осумте пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и...

Македонија1 ден

(Видео) Власта со Беса и Алијансата ќе обезбедува мнозинство за СЈО

Фадил Зендели од Беса денеска информира дека биле повикани на работна средба за СЈО, но до власта порача дека тие...

Македонија1 ден

14,5 илјади евра отштета за клевета и навреда бара Фрчкоски од Стојан Андов

Во решението на скопскиот Граѓански суд за привремената мерка забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и...

Свет1 ден

(Видео) Шпанскиот крал заглави во авионот за време на посетата на Аргентина

Посетата на добра волја на Аргентина од страна на шпанскиот кралот Фелипе Шести имаше урнебесен почеток кога кралот и неговата сопруга, кралицата...

Досие