Контакт

Спорт

Светот го има „новиот Бубка“! Тинејџерот Дуплантис скокна 6.05 метри (видео)

Шведскиот тинејџер Грег Дуплантис скокна фантастични 6.05 метри (јуниорски светски рекорд) за да го освои златото во скок со стап на Европското првенство во Берлин и да го победи својот идол од детството, светскиот рекордер, Французинот Рену Лавилени.

Објавено пред

Шведскиот тинејџер Грег Дуплантис скокна фантастични 6.05 метри (јуниорски светски рекорд) за да го освои златото во скок со стап на Европското првенство во Берлин и да го победи својот идол од детството, светскиот рекордер, Французинот Рену Лавилени.

18-годишниот Дуплантис првпат во животот ја мина границата од 6 метри, а потоа отиде уште пет сантиметри повисоко за неверојатен скок, кој сигурно отиде над границата од 6.15 метри.  Русинот Тимур Моргунов (под неутрално знаме) скокна 6 метри за сребрен медал, додека Лавилени скокна 5.95 за бронза по што го пофали шведскиот скокач со прекар „Мондо“.

„Не ми се верува на очите, ова е најдоброто финале во кое сум бил. Мондо е неверојатен скокач. Лудо!“, изјави Лавилени.

ЕП АТЛЕТИКА, БЕРЛИН

МАРАТОН (Ж)

1.Волха Мазуронак (Блр) 2:26:22

2.Клеменс Калвин (Фра) 2:26:28

3.Ева Врабцова-Нивлтова (Чеш) 2:26:31

МАРАТОН (М)

1.Коен Наерт (Бел) 2:09:51

2.Тадесе Абрахам (Шва) 2:11:24

3.Јасине Рачик (Ита) 2:12:09

СКОК СО СТАП (М)

1.Арманд Дуплантис (Шве) 6.05 м

2.Тимур Мургинов (Рус) 6.00 м

3.Рену Лавилени (Фра) 5.95 м

ФРЛАЊЕ КЛАДИВО (Ж)

1.Анита Влодарчик (Пол) 78.94 м

2.Александра Таверние (Фра) 74.78 м

3.Јоана Фјодоров (Пол) 74.00 м

ТРИСКОК (М)

1.Нелсон Евора (Пор) 17.10 м

2.Алексис Копело (Азе) 16.93 м

3.Димитриос Циамис (Грц) 16.78 м

1.500 МЕТРИ (Ж)

1.Лора Мјуир (Бри) 4:02.32

2.Софија Енауи (Пол) 4:03.08

3.Лора Вајтман (Бри) 4:03.75

5.000 МЕТРИ (Ж)

1.Сифан Хасан (Хол) 14:46.12

2.Ајлиш Меккоглан (Бри) 14:53.05

3.Јасемин Џан (Тур) 14:57.63

3.000 МЕТРИ СТИПЛЧЕЗ (Ж)

1.Геса-Фелиситас Краусе (Гер) 9:19.80

2.Фабиен Шлумф (Гер) 9:22.29

3.Каролине Бјеркели Гревдал (Нор) 9:24.46

 

Спорт

ЛШ: Звезда не направи предност против Салцбург, ПАОК со добар резултат во Португалија (видео)

Српскиот шампион, Црвена звезда не успеа да направи предност против австрискиот шампион Салцбург во првиот меч од баражот за пласман во групната фаза на Лигата на шампионите, одигрувајќи 0:0.
Пред празниот „Рајко Митиќ“ поради казната на УЕФА за пробле…

Објавено пред

Српскиот шампион, Црвена звезда не успеа да направи предност против австрискиот шампион Салцбург во првиот меч од баражот за пласман во групната фаза на Лигата на шампионите, одигрувајќи 0:0.

Пред празниот „Рајко Митиќ“ поради казната на УЕФА за проблемите со навивачите, Звезда одигра тесен натпревар против тимот кој ја елиминираше Шкендија во претходното коло, иако имаше две одлични шанси во последните 20 минути од натпреварот.

ПАОК од Солун пак, може да се надева на пласман во ЛШ, откако успеа да извлече 1:1 реми на гостувањето во Португалија кај Бенфика, додека најмногу голови имаше во Белорусија, каде што ПСВ Ајндховен стигна до 3:2 победа над БАТЕ Борисов.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, 1.НАТПРЕВАР

БАТЕ Борисов (Блр) – ПСВ Ајндховен (Хол) 2:3

Бенфика (Пор) – ПАОК (Грц) 1:1

Црвена звезда (Срб) – Салцбург (Авт) 0:0


Прикажи повеќе...

Спорт

Легендата Јанко Луковски ќе го советува Кочов во МЗТ

Легендата на македонската и југословенската кошарка, Јанко Луковски ќе му биде стручен советник на младиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов во подготовките за враќањето на шампионската титула.
Луковски ќе биде помошник во првиот тим, но и ќе …

Објавено пред

Легендата на македонската и југословенската кошарка, Јанко Луковски ќе му биде стручен советник на младиот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов во подготовките за враќањето на шампионската титула.

Луковски ќе биде помошник во првиот тим, но и ќе работи со тренерите кои работат на младинската школа на МЗТ Скопје, држејќи семинари и водејќи улога на ментор.

Луковски е поранешен кошаркар на МЗТ Скопје (од 1976 до 1978 година), но и тренер во сезоната 1997/98, а последните две децении работи со својата кошаркарска школа во Србија.

Фото: МЗТ Скопје

Прикажи повеќе...

Спорт

Јуве, конечно, го награди Пјаниќ за верноста

Како што беше очекувано, босанскохерцеговскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ ја продолжи соработката со Јувентус до јуни 2023 добивајќи одличен паричен бонус и зголемување на платата.
28-годишниот Пјаниќ дојде во Торино пред две години, кога Јуве го о…

Објавено пред

Како што беше очекувано, босанскохерцеговскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ ја продолжи соработката со Јувентус до јуни 2023 добивајќи одличен паричен бонус и зголемување на платата.

28-годишниот Пјаниќ дојде во Торино пред две години кога Јуве го откупи неговиот договор од Рома. Италијанските медиуми тврдат дека тој ќе добие 6,5 милиони евра годишно плус бонуси со новиот договор со „бјанконерите“.

Со договорот се додаваат две години на неговата верност со Јувентус и речиси двојно се зголемува неговата плата, која досега изнесуваше 4,5 милиони евра. Овие пари Јувентус ги даде за да се спречи негов трансфер по интересот на гигантите Барселона и Пари Сен-Жермен.

Прикажи повеќе...

Најново

Армија, САд, американска армија Армија, САд, американска армија
Македонија8 часа

Американската армија во Европа се извини дека нè нарече Северна Македонија

Американската армија во Европа се извини затоа што нè именува како Северна Македонија. На јутјуб-каналот на Армијата вчера беше објавено...

Македонија10 часа

Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција

Судењата за некои од активистите што протестираа во шарената револуција – Здравко Савески, Мариглен Демири и Владимир Куновски, никако да...

Економија13 часа

Вработените во Комисијата за инспекциски надзор се без плата веќе петти месец

Вработените во стручната служба на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка...

Топ15 часа

Изгоре штала во Бутел, пожарот се ширел кон куќите

Штала на улицата Мрежичка во општината Бутел била опожарена синоќа по полноќ. Полицијата соопшти дека пожарот зафатил нива и почнал...

Топ15 часа

Овчар почина од удар на гром во Струшко

Маж од Дебар на 35-годишна возраст бил пронајден мртов на местото викано Славило, над селото Локов, Струшко. Случајот бил пријавен...

Свет15 часа

Трамп: Турција прави ужасна грешка, нема да има отстапки

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во изјава за „Ројтерс“ рекол дека нема да прави отстапки кон Турција за да биде ослободен...

Европа16 часа

Конте: Се подготвуваат казни поради уривањето на мостот во Џенова

Италијанската влада работи на подготовката на казни кои би можеле да се применат против групацијата „Атлантија“, поради трагичното уривање на...

Свет16 часа

Пукање во метро-станица во Лондон, полицијата смирува дека не се работи за тероризам

Во пукање во лондонската метро-станица Кингсбури повредени се три лица, соопшти локалната полиција и додаде дека пукањето не било поврзано...

Македонија16 часа

Муслиманите го слават Курбан бајрам

Муслиманските верници во Македонија и во светот денеска го прославуваат големиот исламски празник Курбан бајрам. Овој ден, како што уште...

Европа1 ден

Германски министер во посета на Аушвиц: Со тага и срам се поклонувам пред милиони жртви

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, го посети поранешниот нацистички логор на смртта, Аушвиц. Притоа тој рече дека со...

Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник
Македонија1 ден

„Ќе им се мочам у уста на ‘А1’“, ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска

По паузата во кривичниот суд, продолжи објавувањето на бомбите во предметот „Титаник“. Досега, од 1.063 бомби, објавени се 219. Во...

Македонија1 ден

Полициските станици немаат бензин, му се жали Јанкулоска на Ставрески

Во телефонски разговор од 31 мај 2011 година, меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, ексминистерката му се жали на вицепремиерот...

Економија1 ден

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за половина денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар,...

Регион2 дена

(Фото) Претепаната Британка во Сплит раскажува: Беше ужасно, нè заклучија во соба и почнаа да нè тепаат

Полицијата во Сплит потврди дека младата Британка била нападната за време на својот одмор во Сплит во хостелот во кој...

Македонија2 дена

Дерковски: Јанакиески може давал инструкции, но прашање е дали јас сум го послушал

Учествувам во избори уште од 1994 година и од секогаш сум соработувал со институциите, Јанакиески може да дава насоки, но...

Македонија2 дена

Претседателот на ДИК, Дерковски, во бомбите добива насоки од Јанакиески за денот на гласањето

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, го има во бомбите што се пуштаат во јавноста. Во еден од разговорите од...

Македонија2 дена

„Кажете дека брашното е канцерогено“, Јанакиески нарачувал инспекции во ромското маало во Струмица

Во кривичниот суд во Скопје продолжи пуштањето на бомбите во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство. Во неколку од разговорите...

Економија2 дена

Грција ја напушта европската програма за помош

Грција излезе од кризата и ја напушта европската програма за помош. По осум години економски реформи, кои беа под надзор...

Регион2 дена

Гром усмрти момче на плажа кај Сплит

Сплит и околината вчера ги зафати невреме во кое загина младо момче. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го погодило...

Свет2 дена

(Видео) Пукање врз Амбасадата на САД во Анкара

Врз Амбасада на САД во Анкара, околу пет часот по локално време, биле испалени неколку истрели од возило во движење....

Досие