Контакт

Спорт

Светот го има „новиот Бубка“! Тинејџерот Дуплантис скокна 6.05 метри (видео)

Шведскиот тинејџер Грег Дуплантис скокна фантастични 6.05 метри (јуниорски светски рекорд) за да го освои златото во скок со стап на Европското првенство во Берлин и да го победи својот идол од детството, светскиот рекордер, Французинот Рену Лавилени.

Објавено пред

Шведскиот тинејџер Грег Дуплантис скокна фантастични 6.05 метри (јуниорски светски рекорд) за да го освои златото во скок со стап на Европското првенство во Берлин и да го победи својот идол од детството, светскиот рекордер, Французинот Рену Лавилени.

18-годишниот Дуплантис првпат во животот ја мина границата од 6 метри, а потоа отиде уште пет сантиметри повисоко за неверојатен скок, кој сигурно отиде над границата од 6.15 метри.  Русинот Тимур Моргунов (под неутрално знаме) скокна 6 метри за сребрен медал, додека Лавилени скокна 5.95 за бронза по што го пофали шведскиот скокач со прекар „Мондо“.

„Не ми се верува на очите, ова е најдоброто финале во кое сум бил. Мондо е неверојатен скокач. Лудо!“, изјави Лавилени.

ЕП АТЛЕТИКА, БЕРЛИН

МАРАТОН (Ж)

1.Волха Мазуронак (Блр) 2:26:22

2.Клеменс Калвин (Фра) 2:26:28

3.Ева Врабцова-Нивлтова (Чеш) 2:26:31

МАРАТОН (М)

1.Коен Наерт (Бел) 2:09:51

2.Тадесе Абрахам (Шва) 2:11:24

3.Јасине Рачик (Ита) 2:12:09

СКОК СО СТАП (М)

1.Арманд Дуплантис (Шве) 6.05 м

2.Тимур Мургинов (Рус) 6.00 м

3.Рену Лавилени (Фра) 5.95 м

ФРЛАЊЕ КЛАДИВО (Ж)

1.Анита Влодарчик (Пол) 78.94 м

2.Александра Таверние (Фра) 74.78 м

3.Јоана Фјодоров (Пол) 74.00 м

ТРИСКОК (М)

1.Нелсон Евора (Пор) 17.10 м

2.Алексис Копело (Азе) 16.93 м

3.Димитриос Циамис (Грц) 16.78 м

1.500 МЕТРИ (Ж)

1.Лора Мјуир (Бри) 4:02.32

2.Софија Енауи (Пол) 4:03.08

3.Лора Вајтман (Бри) 4:03.75

5.000 МЕТРИ (Ж)

1.Сифан Хасан (Хол) 14:46.12

2.Ајлиш Меккоглан (Бри) 14:53.05

3.Јасемин Џан (Тур) 14:57.63

3.000 МЕТРИ СТИПЛЧЕЗ (Ж)

1.Геса-Фелиситас Краусе (Гер) 9:19.80

2.Фабиен Шлумф (Гер) 9:22.29

3.Каролине Бјеркели Гревдал (Нор) 9:24.46

 

Спорт

Родриго со супер гол не дозволи победа на Атлетико на „Месталја“ (видео)

Валенсија и Атлетико Мадрид одиграа интересно реми (1:1) во нивниот прв меч од новата сезона од Ла лига, откако домаќините успеаја да се вратат по релативно раното водство на тимот на Диего Симеоне.
Антоан Гризман одлично ја избегна офсајд-стапицата и …

Објавено пред

Валенсија и Атлетико Мадрид одиграа интересно реми (1:1) на нивниот прв меч од новата сезона од Ла Лига кога домаќините успеаја да се вратат по релативно раното водство на тимот на Диего Симеоне.

Антоан Гризман одлично ја избегна офсајд-стапицата и го пронајде Анхел Кореа, кому не му беше проблем да го совлада Нето за водство на „јорганџиите“, кои добија понеделнички термин во Ла Лига по славната победа над Реал Мадрид во европскиот Суперкуп во Талин, Естонија.

Меѓутоа, Валенсија сакаше да покаже дека оваа сезона е кандидат за висок пласман и во 56. минута израмни кога Родриго покажа одлична контрола со топката за да ја матира одбраната на Атле и голманот Облак.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Кариус на пат кон Босфорот

Лорис Кариус ќе ја побара својата среќа во Турција, ако се за верување извештаите од британскиот печат. Кошмарот на „Енфилд“ ќе заврши и германскиот голман ќе биде пратен на двегодишна позајмица во Бешикташ, тврди „Дејли мирор“.
Ливерпул ја прифатиле п…

Објавено пред

Лорис Кариус ќе ја побара својата среќа во Турција ако се за верување извештаите од британскиот печат. Кошмарот на „Енфилд“ ќе заврши и германскиот голман ќе биде пратен на двегодишен заем во Бешикташ, тврди „Дејли мирор“.

Ливерпул ја прифатил понудата со која ќе добие 2,25 милиони фунти за заеммот и дополнителни 7,25 милиони фунти ако трансферот стане постојан. Кариус, всушност, ќе потпише едногодишно продолжување на договорот со Ливерпул пред да биде пратен во Турција.

Репутацијата на Кариус доживеа крах во финалето на Лигата на шампионите кога Ливерпул загуби од Реал благодарение на неговите две големи грешки, а лошата форма продолжи и на подготвителните мечеви пред почетокот на сезоната.

Јирген Клоп реши да го ангажира бразилскиот голман Алисон Бекер од Рома, а по сѐ изгледа, Симон Мињоле ќе биде број 2 зад Бразилецот за кого Ливерпул плати 66 милиони фунти.

Прикажи повеќе...

Спорт

Тотенхем првиот меч во ЛШ ќе го одигра на „Вембли“

Фудбалскиот клуб Тотенхем успеал да се договори со УЕФА, првиот меч оваа сезона во Лигата на шампионите да го одигра на стадионот „Вембли“.
Тотенхем, претходно најави дека новиот стадион ќе биде завршен и пуштен во употреба на 15.септември и тоа на нат…

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Тотенхем успеал да се договори со УЕФА, првиот меч оваа сезона во Лигата на шампионите да го одигра на стадионот „Вембли“.

Тотенхем, претходно најави дека новиот стадион ќе биде завршен и пуштен во употреба на 15.септември и тоа на натпреварот против Ливерпул.

Сепак, подоцна од клубот објавија дека поради безбедносните услови тој натпревар, како и првиот меч во Лигата на шампионите, нема да бидат одиграни на новиот стадион.

Тотенхем, првиот натпревар како домаќин во Лигата на шампионите ќе го одигра на 17.септември или на 1.октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Германски министер во посета на Аушвиц: Со тага и срам се поклонувам пред милиони жртви

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, го посети поранешниот нацистички логор на смртта, Аушвиц. Притоа тој рече дека со...

Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник Мартин Протоѓер, СЈО, Титаник
Македонија7 часа

„Ќе им се мочам у уста на ‘А1’“, ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска

По паузата во кривичниот суд, продолжи објавувањето на бомбите во предметот „Титаник“. Досега, од 1.063 бомби, објавени се 219. Во...

Македонија8 часа

Полициските станици немаат бензин, му се жали Јанкулоска на Ставрески

Во телефонски разговор од 31 мај 2011 година, меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, ексминистерката му се жали на вицепремиерот...

Економија9 часа

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за половина денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар,...

Регион10 часа

(Фото) Претепаната Британка во Сплит раскажува: Беше ужасно, нè заклучија во соба и почнаа да нè тепаат

Полицијата во Сплит потврди дека младата Британка била нападната за време на својот одмор во Сплит во хостелот во кој...

Македонија10 часа

Дерковски: Јанакиески може давал инструкции, но прашање е дали јас сум го послушал

Учествувам во избори уште од 1994 година и од секогаш сум соработувал со институциите, Јанакиески може да дава насоки, но...

Македонија11 час

Претседателот на ДИК, Дерковски, во бомбите добива насоки од Јанакиески за денот на гласањето

Оливер Дерковски, сегашниот претседател на ДИК, го има во бомбите што се пуштаат во јавноста. Во еден од разговорите од...

Македонија12 часа

„Кажете дека брашното е канцерогено“, Јанакиески нарачувал инспекции во ромското маало во Струмица

Во кривичниот суд во Скопје продолжи пуштањето на бомбите во предметот „Титаник“ на специјалното јавно обвинителство. Во неколку од разговорите...

Економија12 часа

Грција ја напушта европската програма за помош

Грција излезе од кризата и ја напушта европската програма за помош. По осум години економски реформи, кои беа под надзор...

Регион13 часа

Гром усмрти момче на плажа кај Сплит

Сплит и околината вчера ги зафати невреме во кое загина младо момче. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го погодило...

Свет13 часа

(Видео) Пукање врз Амбасадата на САД во Анкара

Врз Амбасада на САД во Анкара, околу пет часот по локално време, биле испалени неколку истрели од возило во движење....

Свет1 ден

Долг, сериозен и детален разговор помеѓу Путин и Меркел

Три часа траеа разговорите помеѓу лидерите на Русија и Германија, Владимир Путин и Ангела Меркел во Берлин. Портпаролот на рускиот...

Свет1 ден

(Видео) Два силни земјотресa од над шест степени ја погодија Индонезија

Индонезискиот остров Ломбок денеска го погодија два силни земјотресa, со јачина од 6,3 и 6,9 степени според Рихтеровата скала, а...

Регион1 ден

Дачиќ во Анталија: Србија нема да биде дел од никаква коалиција против Турција

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска од Анталија изјави дека Србија е верен и искрен пријател на Турција и...

Свет1 ден

Францијa: Кај 840 мостови постои ризик од евентуално уривање

Околу 840 мостови во Франција имаат сериозна штета и се изложени на голем ризик од нивно можно уривање, покажуваат податоците...

Регион1 ден

Запленети 247 килограми марихуана во близина на грчко-албанската граница

Грчката полиција во две одделни акции запленила 247 килограми марихуана внесена од Албанија. Во првиот случај во Неа Селефкиа, кај...

Економија2 дена

Во вторник ново задолжување од 6,5 милиони евра за да се вратат стари долгови

Во вторник, 21 август, Министерството за финансии од домашните банки ќе побара заем од 6,5 милиони евра. Станува збор за...

Свет2 дена

Нов силен земјотрес го погоди индонезискиот остров Ломбок

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според рихтеровата скала денеска го погоди индонезискиот остров Ломбок, соопшти американскиот геолошки институт....

Македонија2 дена

На Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути за влез и излез од државата

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини Богородица и Табановце се...

Свет2 дена

Oд понеделник во Гана еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на ОН

Претседателот на Гана, Нана Акуфо Адо од понеделник прогласи еднонеделна жалост по смртта на поранешниот Генерален секретар на Обединетите нации...

Досие