Контакт

Спорт

СЕХА: Вардарци со драматична гостинска победа во Прешов (видео)

Вардар го продолжи совршениот старт на новата сезона во СЕХА Газпром лигата, откако во драматична завршница триумфираше со 27:26 (13:10) на гостувањето кај Татран Прешов во Словачка.
Ова е трета победа во третиот меч од регионалната лига за актуелниот …

Објавено пред

Вардар го продолжи совршениот старт на новата сезона во СЕХА Газпром лигата, откако во драматична завршница триумфираше со 27:26 (13:10) на гостувањето кај Татран Прешов во Словачка.

Ова е трета победа во третиот меч од регионалната лига за актуелниот шампион, и до неа стигна најтешко, откако Стас Скубе во последната минута постигна гол за победа, а потоа ударите на Урбан и Буторац беа одбранети, односно блокирани.

Домаќините очигледно сакаа да го земат „скалпот“ на вардарци, по подобриот старт на мечот, во кој водеа со 5:3 и 8:5, но потоа Вардар се врати од 10:7 негатива до 10:13 водство на полувреме. Предноста од два-три гола, македонскиот шампион ја одржуваше во текот на целото второ полувреме, пред во финишот словачкиот тим да се доближи и да израмни на 25:25 на три минути пред крајот на мечот.

Вуко Борозан беше најрасположен кај „црвено-црните“ со шест гола, пет уфрли Карачиќ, а четири Криштопанс, додека кај домаќините најефикасен беше Лукаш Урбан со девет постигнати голови. Милосављев на голот на Вардар имаше 14 одбрани.

Спорт

Вестерман се врати во Жалгирис

Повремениот француски репрезентативец во кошарка, Лдео Вестерман, има нов клуб. Францускиот плејмејкер, потпишал едно годишен договор со литванскиот шампион Жалгирис.
Вестерман, по една не успешна сезона мината во ЦСКА Москва, реши да се врати во Жалги…

Објавено пред

Повремениот француски репрезентативец во кошарка, Лдео Вестерман, има нов клуб. Францускиот плејмејкер потпишал едногодишен договор со литванскиот шампион Жалгирис.

Вестерман, по една не успешна сезона мината во ЦСКА Москва, реши да се врати во Жалгирис, каде што настапуваше во сезоната 2016/2017.

26-годишниот плејмејкер минатата сезона во Евролигата имаше скромни бројки. Од натпревар тој оствари просек од 4,9 поени и две асистенции.

Вестерман во кариерата настапувал во Асвел, Партизан и во Лимож.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мареј: Уште Шенжен и Пекинг, а потоа одам на одмор

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе настапи на турнирите во Шенжен и Пекинг, а потоа ќе замине на одмор. Мареј на ваков чекор се решил за да има подолго време за подготовки за првиот гренд-слем во 2019 година, Австралија опен.
По турнирите во Шенжен и Пе…

Објавено пред

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе настапи на турнирите во Шенжен и Пекинг, а потоа ќе замине на одмор. Мареј на ваков чекор се решил за да има подолго време за подготовки за првиот гренд слем во 2019 година, Австралија опен.

По турнирите во Шенжен и Пекинг, на програмата се уште мастерс-турнирите во Шангај и Париз.

Мареј во јануари имаше операција на колкот. На терените се врати во јуни, а досега има одиграно само девет меча. Поради повредата доживеа голем пад на ТАП-листата, од денес тој се наоѓа на 308. позиција.

Турнирот во Шенжен се игра од 24 до 30 септември, а една недела подоцна ќе започне турнирот во Пекинг.

Прикажи повеќе...

Спорт

Перез побарал Реал да игра во НБА лигата

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал од комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, кошаркарите на „кралскиот клуб“ да се приклучат на најсилната лига во светот.
Перез разговарал со Силвер, кој рекол дека НБА е подготвена за формирање на е…

Објавено пред

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал од комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, кошаркарите на „кралскиот клуб“ да се приклучат на најсилната лига во светот.

Перез разговарал со Силвер, кој рекол дека НБА е подготвена за формирање на европска дивизија, но дека подготвеност за настап во НБА покажал само Реал.

Поради тоа претседателот на Реал, Перез, побарал клубот да и се приклучи на лигата.

„НБА лигата сака да формира европска дивизија, но само Реал е покажа желба да игра во НБА.

Поради тоа го замолив комесарот Адам Силвер да не вклучи во Источната конференција. Сакаме да играме во најсилната лига во светот, но тој кажа дека сами не можеме да влеземе туку дека ќе мора да го почекаме остатокот од Европа“, рекол Перез.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Масовно труење во Виница, за една недела затруени 170 лица

Дури 120 лица вчера во текот на ноќта побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница откако почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија1 час

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет3 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија3 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ4 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести4 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа4 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет4 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија21 час

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура23 часа

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија23 часа

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија24 часа

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија1 ден

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија1 ден

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија1 ден

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ1 ден

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Свет1 ден

Кина ги откажа трговските преговори со САД

Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД и наредната недела нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон....

Европа1 ден

Протести во Полска: ,Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест...

Македонија1 ден

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Забава1 ден

СЗО: Поради консумација на алкохол годишно умираат три милиони луѓе

Алкохолот годишно убива околу три милиони луѓе низ целиот свет, односно прекумерната консумација на алкохол убива повеќе луѓе отколку сидата,...

Досие