Спорт
Се сеќавате на Ројстон Дренте? (Видео)
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и еден од најталентираните играчи во Ев ропа, Ројстон Дренте, го постигна првиот гол во кариерата во Холандија.
31-годишниот фудбалер беше стрелец на натпреварот од Втората холандска лига помеѓу Спарта од Ротердам и …


Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и еден од најталентираните играчи во Ев ропа, Ројстон Дренте, го постигна првиот гол во кариерата во Холандија.
31-годишниот фудбалер беше стрелец на натпреварот од Втората холандска лига помеѓу Спарта од Ротердам и Анјсховен (2:0).
⚽ | Daar is-ie dan! Het eerste doelpunt van Royston Drenthe in het shirt van Sparta Rotterdam. #spaein https://t.co/QIqOWNR1cR pic.twitter.com/JVFuA9jSqB
— FOX Sports (@FOXSportsnl) September 7, 2018
Дренте кариерата ја започна во Феенорд, а како 20-годишник во 2007 година се пресели во Реал, како најдобра играч на Европското првенство за играчи до 21 година.
За Реал, Дренте, одиграл 46 натпревари и постигнал два гола. Во периодот додека играше во Мадрид, до 2012 година, Дренте бил на позајмици во Еркулес и Евертон, а во кариерата играл и за Аланија од Владикавказ, Рединг, Шефилд Венздеј, Каксери и Банијас од Абу Даби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
АТП: Новак лидер, Роџер падна за едно место

Новак Ѓоковиќ ја почна својата 239. недела на чело на АТП-листата. Србинот ја предводи листата со 10.955 поени. Во понеделникот АТП излегоа со најновото рангирање, каде што меѓу најдобрите десетмина има само една промена.
Кеи Нишикори и Роџер Федерер ги заменија местата. Јапонецот е на шестото, а Швајцарецот на седмото место.
Инаку, Ѓоковиќ води со 2.635 поени повеќе од Рафаел Надал, на третото место е Александар Зверев од Германија. Во Топ 10 се и Хуан Мартин дел Потро (Аргентина), Кевин Андерсон (Јужна Африка), Кеи Нишикори (Јапонија), Роџер Федерер (Швајцарија), Доминик Тим (Австрија), Џон Изнер (САД) и Марин Чилиќ (Хрватска).
Спорт
Реал се заканија дека ќе ја напуштат лигата

Во кошаркарскиот клуб Реал Мадрид размислувале да ја напуштат шпанската АЦБ лига, бидејќи биле незадоволни од судењето во синоќешното финале во Купот на Кралот.
Во исклучително драматичен меч, по едно продолжение, Барселона го освои Купот со победата 94:93.
Сите во Реал се убедени дека биле ограбени од судиите. Тие сметаат дека Ентони Рендолф во последната секунда на време го блокирал шутот на Анте Томиќ и дека судиите не смееле да го признаат кошот.
¡@JayceeCarroll consigue un espectacular 2+1 y adelanta a @RMBaloncesto! #CopaACB entradas
🎥 En directo por @vamos pic.twitter.com/4JqLoEVhxo— #CopaACB (@ACBCOM) February 17, 2019
Радиото „Копе“ пренесува дека челниците на Реал ќе побарале лигата со официјално соопштение да признае дека судиите го оштетиле „кралскиот клуб“, а доколку тоа не се случело тогаш ќе ја разгледале можноста да ја напуштат лигата.
Инаку судиите мечот го воведоа во ваква завршница бидејќи на 12 секунди до крајот не досудија неспортска лична кога Рендолф го спречи Крис Синглтон да поентира во чиста ситуација.
No foul? 😂😂😂😂. Barca was up by 2p and 10sec left. #CopaDelRey #ELClasico pic.twitter.com/seUhgfiKyf
— Aleksi Valavuori (@Valavuori) February 17, 2019
Спорт
Тимот Леброн победи против Тимот Јанис, Дурент МВП (Видео)

Последниот ден на олстар-викендот во Шарлот, Тимот Леброн победи притив Тимот Јаниас 178:164. За најкорисен играч на мечот беше прогласен Кевн Дурент.
Тимот на Јанис Адетокумбо подобро го отвори натпреварот. Константно во предност Адетокумбо и останатите беа три четвртини, а на почетокот на третиот период имаа предност од 20 поени.
Потоа оние што играа за Тимот Леброн влегоа во серија тројки, погодија седум (три погоди Лилард, а по две Бил и Томпсон).
Во последниот период се активираше и капитенот Леброн и со серијата 7:0, овој тим на три минути до крајот го реши победникот.
Кевин Дурент ги предводеше победниците со 31 поен и седум скока, на крајот тој беше прогласен за МВП на Олстар 2019. Ова е втора ваква награда за Дурент, првата ја освои во 2012 година, Клеј Томпсон постигна 20 поени, а капитенот Леброн Џејмс 19.
🏆 @KDTrey5 with his hardware! 🏆 #KevinDurant #KiaAllStarMVP#NBAAllStar pic.twitter.com/IkFRZEY5UH
— NBA (@NBA) February 18, 2019
Адетокумбо го предводеше својот тим со 38 поени и 11 скока, а Пол Џорџ и Крис Мидлтон постигнаа по 20 поени.
На овој олстар-меч одбрана не се играше, немаше многу атрактивни забивања, а играчите 167 шутнаа за три поени.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал