Контакт

Популарно

Синиша Михајловиќ: Австралијците згрешија и го направија Ѓоковиќ херој на сите антиваксери

Објавено пред

Тренерот на италијанскиот клуб Болоња, прославениот српски фудбалер, Синиша Михајловиќ, ја коментираше здравствената состојба во неговиот клуб, фактот што неговиот крилен играч Никола Сансоне ја прими првата доза вакцина против своја волја, но го допре и Новак Ѓоковиќ кого го нарече жртва, а Австралија ја посочи како виновник во случајот кој го привлече вниманието на светската јавност.

„Ситуацијата е незгодна, но по мене организаторите грешат. Требаше да ги следат владините упатства и да не му гарантираат на Ѓоковиќ дека ќе игра. Штом заминал во Австралија, тоа значи дека имало услови да добие медицинско изземање“, рече Михајловиќ.

„Според мене, Ѓоковиќ е жртва. Тој не сноси најголема одговорност за овој хаос. Смешно е да се затвори најдобриот тенисер во светот во хотел за депортација, макар што на тој начин се расветлија условите за живот на барателите на азил. Организаторите требаше да ги почитуваат правилата, вака го претворија Ѓоковиќ во херој на сите антиваксери“, ја коментираше Михајловиќ ситуацијата со својот сонародник.

Еден од антиваксерите е и крилото на Болоња, Никола Сансоне, кој минатата недела ја прими првата доза од вакцината против своја волја, по што изрази гнев на социјалните мрежи, велејќи дека човековите права не значат ништо и оти веќе нема слобода на избор.

„Не сакаше да ја прими вакцината, но тоа се правилата. Или ќе ја примиш или ќе испаднеш“, рече Михајловиќ, додавајќи дека лекарите му рекле оти по третата примена доза омикрон станаува како обичен грип.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Култура1 минута

Пијано вечер на „Охридско лето“ со кинескиот уметник Сихенг Сонг

Во црквата „Света Софија“ вечерва од 21 часот целовечерен концерт на „Охридско лето“ ќе одржи кинескиот пијанист Сихенг Сонг. Сонг...

Спорт8 часа

Ван Гал сака да биде селектор на Холандија

Славниот холандски тренер Луј ван Гал повторно би можел да стане кандидат за функцијата селектор на холандската репрезентација. Искусниот стручњак...

Спорт8 часа

Монако го раскина договорот со Погба

Монако го раскина договорот со Пол Погба, објавува „Ле Паризиен“. Светскиот шампион со Франција во 2018 година минува низ бројни...

Спорт9 часа

(Видео) „Делиите“ ги избркаа играчите на Црвена звезда во соблекувалната

Црвена звезда доживеа дебакл против Хапоел Бер Шева и остана без Лигата на шампионите. Навивачите тешко ја поднесоа елиминацијата. По...

Забава10 часа

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...

Свет10 часа

Прашањето на германскиoт новинар до Зеленски предизвика бура од реакции

„Што можеме ние Европејците конкретно да направиме за да ви помогнеме да убиете повеќе Руси? Секако, повеќе руски војници?“ Ова...

Свет11 часа

ОН: Авганистан е единствената земја во светот каде девојчињата не смеат во средно училиште

Пет години по доаѓањето на талибанците на власт во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња и натаму немаат пристап до средно...

Македонија12 часа

Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е...

Регион12 часа

Грчкиот премиер Мицотакис примен во болница по пад од велосипед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис бил примен во болница по несреќа што ја доживеал додека возел велосипед. Според локалните медиуми, Мицотакис...