Контакт

Популарно

Со два тикета од по 20 денари „Спорт лајф“ го „олесниле“ за 2,7 милиони

Објавено пред

Двајца играчи ќе инкасираат милионски добивки од обложувалницата „Спорт лајф“ – Драчево, како резултат на нивната игра од изминатиот викенд.

Оваа мајсторија ја извеле заедно во тим, едниот играч ги селектирал натпреварите, а другиот ги уплатил.

Се работи за два исти тикета со уплата од по 20 денари, со кои едниот заработил над 1.200.000 денари, а другиот над 1.400.000 денари. Вкупната сума изнесува 2.722.384 денари или 40.000 евра, со уплата од 40 денари, информираат од „Спорт лајф“.

Иако тикетите се идентични, добивката се разликува поради разликата во уплатата од 33 секунди, кога коефициентот за победа на Аполон Лимасон од 1,38 се намалил на 1,25. Со тоа еден меч помалку е влезен во бонусот што го нудат во „Спорт лајф“, па за едниот тикет бонусот е 96 отсто, а на другиот е 88 отсто.

Сепак, кога ќе се соберат бонусите од двата тикети, се доаѓа до неверојатна сума од 1.305.934 денари. Тоа е речиси половина од вкупната добивка.

„Во неделата поактивно ги следевме мечевите, а вистинска драма беше во понеделникот. Останаа три меча, Знојно, Олимпијакос и Хамбургер. Последен беше дуелот на Хамбургер. Бидејќи се работеше за голема добивка, решивме да го ‘штитиме’, па ставивме 250.000 денари на Х2, но сепак навивавме Хамбургер да победи. Домаќините дадоа гол во 85-тата минута и тоа ни донесе голема радост“, раскажуваат двајцата среќници.

Тактиката на играчите бил избор на натпревари со коефициент не поголем од 1,7, а неретко досега и двајцата својата среќа ја споделувале на иста добитна комбинација.

Досега како редовни играчи на „Спорт лајф“ имале најголема добивка од 76.000 и 20.000 денари, за овој пат рекордот да го надминат и да бидат изненадени со сите зелени натпревари на мобилната апликација.

(ПР текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Не е фер Меси да заработува повеќе од 1.693 фудбалерки, сметаат Обединетите нации

Објавено пред

Обединетите нации на својот фејсбук-профил на 24 јуни објавија информација според која познатиот фудбалер Лионел Меси годишно со бонуси заработува околу 84 милиони евра, а платите на 1.693 професионални фудбалерки од седумте најголеми светски лиги годишно изнесуваат вкупно 42 милиона евра.

Светската организација во статусот на „Фејсбук“ потсетува на Светското првенство во фудбал за жени и повикува јавноста да им се придружи на ОН во барањето за еднакви плати на машките и женските спортисти.

ОН на својата фејсбук-страница порачува дека спортот има моќ да ги промени животите. Спортот е еден од најмоќните начини за постигнување родова еднаквост бидејќи жените и девојките ги мотивира на тимски дух, истрајност и самодоверба.

Познавачите на состојбите во светскиот фудбал, пак, велат дека во овој пример ОН јасно се водени од принципите на строга подреденост, каде што идејата е дека жените за истата работа треба да бидат платени исто како и мажите.

Притоа се наведува дека ОН не зеле предвид дека популарноста и финансиската моќ на машкиот и женскиот фудбал се различни и дека спроведувањето на нивните идеи во пракса би предизвикало колапс на женскиот фудбал, кој, според правилата на пазарот, сè уште не може да си дозволи една спортистка годишно да ја плаќа 84 милиони евра.

Симпатизерите на фудбалскиот ас сметаат дека ОН имале многу попаметни начини да укажат на фактот дека мажите и жените треба да имаат еднаква плата за еднаква работа.

Прикажи повеќе...

Популарно

Мадрид преплавен со налепници: „Купувам билети за финалето, имам добар буџет“

Објавено пред

Преку ноќ во Мадрид осамнаа налепници по бандерите и објектите поставени од туристи што бараат билети за финалето на Лигата на шампионите. Натписите се истакнати во централниот дел на Мадрид, плоштадите и во близина на хотелите кај аеродромот. Според префиксот на телефонскиот број (+33), навивачот доаѓа од Франција.

„Купувам билети за финалето од Лигата на шампионите. Добар буџет“, пишува на објавата.
Ова не е прв и единствен случај. Изминативе денови низа навивачи бараа да купат билети од препродавачи шетајќи се во центарот на Мадрид со натписи дека бараат билети.

Цените на билетите достигнуваат и до 10 илјади фунти, и тоа 24 часа пред финалето од Лигата на шампионите. Но, високите цени не се проблем за навивачите да купат влезници за натпреварот меѓу Ливерпул и Тотенхем на црниот пазар, односно нелегални препродавачи.

Познавачите предупредуваат дека навивачите треба да биде внимателни бидејќи може да платат за фалсификуван билет.

Прикажи повеќе...

Популарно

Златните момчиња на југословенската кошарка се собраа во Скопје во чест на Лазар Лечиќ

Објавено пред

Средба на кошаркарските легенди од поранешна СФРЈ по повод одбележувањето на 80. роденден на кошаркарскиот тренер Лазар Лечиќ, денеска се одржа во просториите на Град Скопје.

За неговиот исклучителен придонес во креирањето и подемот на македонската модерна кошарка градоначалникот Петре Шилегов на Лечиќ му додели благодарница.

Шилегов истакна дека Лечиќ ќе остане запаметен како незаменлив мотиватор на многу кошаркарски генерации.

„Првиот кошаркарски натпревар што го имам одгледано е уште кога ‘Цибона’ беше ‘Локомотива’. Вие сте моите идоли, низ години дарувавте радост на многу генерации, а нема поубаво чувство како кога некому ќе му подарите среќа. Ви благодарам за честа што му ја укажавте на Скопје и на нашиот Лазар Лечиќ со вашето присуство. Лазо е спортска легенда, тој е човекот што ја донесе кошарката во Скопје и создаде генерации врвни кошаркари. Му пожелувам среќен роденден и уште многу убави мигови поминати во вакво пријатно друштво“, рече Шилегов.

Лечиќ од Град Скопје доби и плочка со гравура од Камениот мост и се заблагодари за укажаната почит.

На денешната средба што се одржа во просториите на Град Скопје златните момчиња на југословенската кошарка споделија анегдоти за своите настапи на домашните и меѓународните натпреварувања, зборуваа за значењето на освоените медали и за иднината на овој ултрапопуларен спорт.

Во чест на великанот Лазар Лечиќ и неговиот 80. роденден, денеска ќе се одржи и академија во организација на Македонскиот олимписки комитет, Македонската кошаркарска федерација, Агенцијата за млади и спорт, КК „Работнички“ и КК „МЗТ Скопје Аеродром“. Целта на организаторите е да му оддадат признание на овој спортски великан за сè што направил за македонската и за југословенската кошарка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет9 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет11 час

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ14 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион15 часа

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија16 часа

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија19 часа

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет19 часа

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија20 часа

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа20 часа

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа1 ден

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија2 дена

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Македонија2 дена

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија2 дена

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија2 дена

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа2 дена

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Македонија2 дена

(Видео) Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро

Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро. Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави дека е извадена кадата што била забележана пред...

Свет2 дена

Затворот во кој оди Ел Чапо го сметаат за непробојна тврдина и е полн со озлогласени цимери

Еден од најпознатите наркобосови, 62-годишниот Хоакин Гусман, познат по прекарот Ел Чапо, на кој денеска во Њујорк треба да му...

Топ2 дена

Петнаесетгодишно девојче падна во бездна на Селечка Планина

Петнаесетгодишно девојче од Прилеп вчера паднало во бездна и добило повреди на местото наречено Чуле на Селечка Планина. Полициски службеници...

Досие