Контакт

Спорт

Со истурање вода за среќа, македонската фудбалска репрезентација тргна на Европското првенство

Објавено пред

Со истурање вода за среќа, автобусот на македонските фудбалери замина кон аеродромот од каде ќе го продолжат патот за Букурешт на Европското првенство.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, им посака успех.

Сите репрезентативци се негативни на Ковид-19 од вчерашното тестирање пред заминувањето на европското првенство.

Фудбалерите ќе го имаат првиот настап в недела, кога ќе ги судрат силите со Австрија.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

„Милионерите“ го донесоа новиот холандски талент Мален

Објавено пред

Борусија Дортмунд го потврди трансферот на младиот холандски репрезетативец Донјел Мален од ПСВ Ајндховен верувајќи дека нивната скаут-служба повторно завршила добра работа и дека имаат фудбалер кој подоцна ќе може да го продадат за далеку повисока сума.

20-годишниот Мален потпиша договор со Борусија до 2026 година откако лани за ПСВ постигна 27 гола и имаше 10 асистенции во 45 меча, а двапати беше стрелец и за „оранје“.

„Борусија Дортмунд е врвен европски клуб, кој секогаш е на врвот на Бундеслигата и секогаш игра во Лигата на шампионите. Едвај чекам да се натпреварувам со најдобрите“, изјави Мален.

Мален треба да го заземе местото на Џејдон Санчо, кој замина во Манчестер јунајтед, а интересно, исто како на неговиот нов соиграч Ерлинг Халанд, агент му е славниот Мино Рајола. Германските медиуми тврдат дека Борусија платила 30 милиони евра, од кои дури 9 ги заработил Рајола.

Прикажи повеќе...

Спорт

Првата филипинска олимписка шампионка ќе добие куќа и половина милион евра!

Објавено пред

Хидилин Дијаз ќе биде запишана во историјата на Филипините откако го донесе првото олимписко злато во историјата на нацијата со над 100 милиони жители и за тоа ќе биде добро наградена од својата земја.

Дијаз, која служи во Воздухоплоството на Филипините и живее во Малезија поради пандемијата на Ковид-19, освои злато во кревање товар во категоријата до 55 килограми со последното кревање победувајќи ја светската рекордерка, Кинеската Лијао Киујун.

Дијаз освои сребро во Рио во категоријата до 53 килограми за да го освои првиот олимписки медал за Филипините по пауза од 20 години, но во Токио влезе во историјата. Таа ќе добие 33 милиони филипински пезоси за победата (над 500.000 евра), како и куќа. Нејзиното злато беше само 11. медал во историјата на Филипините, кои настапуваат на Олимпијадите од 1924 година.

„Сакам да ѝ порачам на младата генерација на Филипините: ‘И вие може да сонувате за овој златен сон’. Така и јас почнав“, изјави Дијаз.

Прикажи повеќе...

Спорт

Алегри му порача на Роналдо: Сега очекувам многу повеќе од тебе

Објавено пред

Старо-новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, порача дека Кристијано Роналдо мора да даде блескав пример на младите фудбалери во тимот додавајќи дека очекува многу повеќе од португалската мегаѕвезда.

Роналдо во понеделникот се врати во Торино по неколку месеци шпекулации за неговата иднина во клубот и сега има уште 12 месеци од својот договор. Павел Недвед, потпретседателот на клубот, инсистира тој да остане, но Алегри предупреди дека ќе мора да биде многу подобар кога ќе почне новата сезона.

„Роналдо е голем играч и умно момче. Зборував со него вчера, како и со остатокот од тимот. Му порачав дека пред нас е важна сезона и дека сум среќен што повторно се среќавам со него, но сега има поголема одговорност. Пред три години имавме поискусен тим, сега имаме млади играчи. Очекувам многу од него во смилса на одговорност, а сигурен сум дека е фит и во добра форма“, вели Алегри.

Роналдо беше клучен во последната сезона од првиот договор на Алегри постигнувајќи 21 гол во 31 меч за да ја освојат титулата. Тој го повтори тоа и во 2019/2020 под водство на Маврицио Сари, но минатата сезона ја загубија титулата од Интер и покрај тоа што Роналдо даде 36 гола во 44 настапи за „бјанконерите“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во...

Македонија4 часа

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија4 часа

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Македонија5 часа

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Македонија6 часа

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија8 часа

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа9 часа

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија9 часа

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа10 часа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт10 часа

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија12 часа

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет22 часа

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа22 часа

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа23 часа

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа23 часа

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион1 ден

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија1 ден

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија1 ден

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија1 ден

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Досие