Спорт
Спорен гол, победа на Шкендија и прв пораз за Вардар
Лидерот Вардар, во десеттото коло го доживеа првиот пораз во првенството. Црвено-црните, во дербито на колото се поразени од актуелните шампиони Шкендија со 2:0. Пресметката на стадионот „Борис Трајковски“, уште долго време ќе биде предмет на полемики …


Лидерот Вардар, во десеттото коло го доживеа првиот пораз во првенството. Црвено-црните, во дербито на колото се поразени од актуелните шампиони Шкендија со 2:0. Пресметката на стадионот „Борис Трајковски“, уште долго време ќе биде предмет на полемики и коментари поради спорниот гол на Емини со кој Шкендија го отвори резултатот.
Шкендија одигра подобар меч од лидерот на табелата, голманот на Вардар, Гачевски, успеа да одбрани во три зицер ситуации, а Ибраими успеа да го погоди дирекот, меѓутоа прашање е како ќе завршеше дуелот, доколку екипата од Тетово не стигнеше до предност во 45.минута со фантомскиот гол на Емини.
Долго време ќе се полемизира за овој гол, иако впечатокот е дека топката не ја мина со целиот обем. Упте на полувреме од Вардар на „Фејсбук“ реагираа во врска со овој гол.
Во самиот финишот на мечот, во претпоследната минута, Ибраими само го потврди триумфот на Шкендија.
Со оваа победа Шкендија му се доближи на Вардар на четири бода.
Резултати, 10.Коло:
Вардар-Шкендија 0:2
Ренова-Работнички 0:2
Македонија ЃП-Академија Пандев 1:0
Беласица-Победа 2:1
Шкупи-Силекс 2:0
Табела: 1. Вардар 23 бода, 2. Шкендија 19, 3. Академија Пандев 16, 4. Работнички 14, 5. Ренова 11, 6. Победа 11, 7. Македонија ЃП 10, 8. Беласица 10, 9. Шкупи 9, 10. Силекс 7.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ЛШ без голови! Ливерпул ќе брка резултат во Минхен, Барса се изнапромаши во Лион (видео)

Двете долгоочекувани пресметки во Лигата на шампионите во вторникот не донесоа премногу возбудлив фудбал и завршија со најнепопуларниот резултат 0:0. Ливерпул не успеа да го пронајде рецептот да ја пробие одбраната на Баерн Минхен на „Енфилд“, додека Барселона непоразена се враќа од гостувањето кај Лион, иако гол во гости многу ќе значеше.
Ако Барселона е апсолутен фаворит за реваншот против францускиот клуб, многу поинтересно ќе биде на „Алијанц арената“, посебно ако се знае фактот дека оваа сезона Ливерпул не успеа да победи на ниту едно гостување во ЛШ.
Садио Мане ја имаше најдобрата шанса на почетокот на натпреварот, но утна од блиску, а Ливерпул „фатија ритам“ во финишот на полувремето, иако Баерн беше опасен од слободни удари. Во првото полувреме, обично убиствената предна линија на „црвените“ не беше во елемент, додека Баерн првпат од април 2017 година цело полувреме од Лигата на шампионите не упати удар кон голот на противникот.
Серж Гнабри предизвика најмногу проблеми за одбраната на домашните на стартот на второто полувреме, меѓутоа добра шанса имаше и Мохамед Салах по одличното додавање на Наби Кеита во 54. минута од мечот. Садио Мане повторно беше во најизгледна шанса во 85. минута, но Нојер беше на место.
И во Лион немаше голови, откако францускиот тим се покажа како цврст противник на Барселона, посебно во првото полувреме. Лион имаше одлични шанси преку Ауар и Терие, против одбраната на Блауграна која не изгледаше во најдобра форма.
Мемфис Депај имаше одлична шанса на почетокот на второто полувреме, а во фантастична позиција на другата страна во 63. минута имаше Луис Суарез. Само две минути подоцна, Лео Меси упати убав удар, но голманот Лопес беше на место. Меси и Суарез продолжија да им создаваат проблеми на одбранбените фудбалери на Лион, но на крајот не успеаја да ја сместат топката зад грбот на Лопес.
Фото: ЕПА
Спорт
Алегри: Роналдо му дава на Јуве предност во ЛШ

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е свесен дека со Кристијано Роналдо во тимот има предност во Лигата на шампионите, но вели дека победата над Атлетико Мадрид нема да дојде само бидејќи Португалецот е во тимот.
Роналдо беше најзвучното засилување во летниот преоден рок откако реши да дојде во Торино од Реал Мадрид, со главна цел да се донесе трофеј од Лигата на шампионите на „старата дама“. 34-годишниот петкратен освојувач на „Балон дор“ има 19 гола во 24 настапи во Серија А и Алегри знае дека со него тимот е посилен пред мечот со Атле на „Ванда метрополитано“ во среда.
„Не се работи за обврска за нас, но Лигата на шампионите е наша цел. Морате да играте и да бидете среќен. Со Роналдо во тимот имаме предност, но целиот тим треба да ги одигра овие важни натпревари. Роналдо е најдобар на светот и со него имате поголеми шанси за победа, но таа не доаѓа автоматски“, вели Алегри.
Италијанскиот стручњак исто така е внимателен за опасноста која ја претставува тимот на Атлетико, кој одигра две финалиња од ЛШ во последните пет години и имаше само пофални зборови за тренерот Диего Симеоне.
„Атлетико се организиран тим со фантастична одбрана. Му честитам на Симеоне, кој завршуваше и завршува фантастична работа“, додава Алегри.
Фото: ЕПА
Спорт
Шифрин се врати на победите во Светскиот куп (видео)

Микаела Шифрин продолжи каде што застана во Светскиот куп во алпско скијање кога триумфира на трката во паралелен слалом во Стокхолм.
Во првата трка по Светското првенство во Оре, каде што Шифрин освои злато во слалом и (изненадувачки) во супер-џи, Американката се намачи пред финалето со две трки да ја победи Кристина Гајгер. Ова дојде откако 23-годишната Шифрин ја победи Швеѓанката Ана Свен-Ларсон за само 0,01 секунда во полуфиналето. Свен-Ларсон беше подобра од сонародничката Фрида Хансдотер за третото место.
Во машката трка Швајцарецот Рамон Ценхаузерн стигна до својата прва победа кога во финалето го совлада домашниот фаворит Андре Мирер, кој не ја заврши втората трка. Ценхаузерн претходно го победи сонародникот Даниел Јуле во полуфиналето, а Јуле потоа загуби од Австриецот Марко Шварц во малото финале.
Марсел Хиршер, кој загуби од Ценхаузерн во четврт-финалето, останува лидер во генерален пласман пред трките во Банско, Бугарија, в петок.
Фото: ЕПА
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал