Контакт

Спорт

Стоилов и Ристовски едногласни: Само што почнавме, одиме чекор по чекор

Стојанче Стоилов беше прогласен за играч на мечот во високата победа со која Македонија го стартуваше настапот на своето шесто Светско првенство, но тој предупреди дека не треба да се оди многу напред во плановите и дека треба да се остане смирен.
„Про…

Објавено пред

Стојанче Стоилов беше прогласен за играч на мечот во високата победа со која Македонија го почна настапот на своето шесто Светско првенство, но тој предупреди дека не треба да се оди многу напред во плановите и дека треба да се остане смирен.

„Против Јапонија не се залетавме, така што одиме чекор по чекор, пред нас има многу натпревари со овој формат на првенството. Денеска беше важно да се победи и тоа го направивме, јас сум задоволен, иако има работи што мора да се поправат, посебно во одбраната. Во следниот меч против Бахреин сме фаворити, но потоа не сме фаворити до крајот. Треба да го минеме Бахреин со поддршка на дебитантите во тимот, за да бидеме свежи пред пресметката со Хрватска“, вели Стоилов.

И ветеранот на голот, Борко Ристовски, кој беше фантастичен со 20 одбрани против Јапонија, бара намалување на еуфоријата и претпазливост.

„Не беше лесно како што кажува резултатот. И претходно знаевме дека Јапонците се незгодни и брзи противници, што придонесе за проблеми во одбраната. До победата се дојде тешко, но ние сме задоволни. Имаме млад тим, ова е само прв натпревар на долгиот шампионат, така што ќе мораме да бидеме подготвени за Бахреин“, додава Ристовски.

Фото: ЕПА



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Без промени – Ѓоковиќ, Надал, па Федерер, кај дамите Осака, Барти, па Плишкова

Објавено пред

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го задржа првото место на најновата АТП листа. Зад него, на втората позиција е Шпанецот Рафаел Надал, а трет останува Швајцарецот, Роџер Федерер.

Нема никакви поместувања во пласманот на првите 20 тенисери на АТП листата, па првата десетка во светкиот тенис кај мажите ја сочинуваат Тим, Зверев, Циципас, Нишикори, Андерсон, Качанов и Фоњини.

Кај дамите исто така нема поместувања на врвот на ВТА листата.

Прва е Јапонката Наоми Осака, а со само 252 бодови зад неа е Ешли Барти од Австралија. Третата позиција е за Каролина Плишкова од Чешка.

Првата десетка кај дамите ја сочинуваат Бертенс, Квитова, Кербер, Свитолина, Халеп, Стивенс и Сабаленка.

Прикажи повеќе...

Домашен

На Шар Планина се одржа првата скајранинг-трка

Објавено пред

На Шар Планина вчера се одржа планинската трка „Титов Врв скајрејс“, која воедно претставуваше и прво национално првенство во скајранинг – екстремна форма на планинско трчање, во нашата земја.

Стартот и целта на трката беа на Попова Шапка, а патеката во должина од 20 километри минуваше преку двата највисоки врва на Шар Планина – Титов Врв – 2.747 метри надморска височина и Бакардан – 2.704 метри надморска височина. Учество зедоа 50 спортисти, а на подиумот во генерален пласман се искачија: Александар Стојкоски (2:40), Марјан Бонев (2:46), Александар Кирковски (2:48) во машка конкуренција и Мери Мирческа (3:50), Биљана Кираџиева (4:11), Елена Ртоска (4:53) во женска конкуренција.

Организатори на настанот беа планинарскиот клуб „Македон“ и Федерацијата за планинарски спортови на Македонија. ФПСМ од оваа година е полноправен член на Светската скајранинг-федерација и има цел промоција и развој на оваа млада и светски популарна планинска дисциплина.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дебакл на трибините во Бразил, никој не сака да гледа Копа Америка

Објавено пред

Пред три дена почна новата 46. Копа Америка, која годинава се одржува во Бразил, но организаторите и јавноста се соочуваат со неочекуван проблем – слаба посета на стадионите.

Воведниот меч на кој Бразил со 3-0 ја порази Боливија го следеа 46.000 луѓе, а во слободна продажба останале околу 20.000 влезници во најфудбалската земја во светот.

epa07652720 Fans attend at the Copa America 2019 Group B soccer match between Paraguay and Qatar, at Maracana Stadium in Rio de Janeiro, Brazil, 16 June 2019. EPA-EFE/Antonio Lacerda

Вчерашниот меч меѓу Катар и Парагвај се одигра на популарната „Маракана“, која собира 74.000 навивачи. Мечот во живо го следеа само 19.000 фудбалски вљубеници. Да биде парадоксот уште поголем, дури 4.000 од тие 19.000 гледачи беа деца што добија бесплатни влезници во училиштата во Бразил.

Венецуела и Перу, односно Уругвај и Еквадор, ги гледаа по 13.000 луѓе, а поголема посета имаше на мечот Аргентина – Колумбија, 35.000 гледачи.

Претседателот на Конмнебол, Алехандро Домингез, признава дека ова е неочекувано.

„Очекувавме и посакувавме повеќе луѓе во земјата што живее за фудбалот. Ова е навистина загрижувачки и ве уверувам дека проблемот не е во организацијата“, вели тој.

Уверлив аргумент за слабата посета е цената на влезниците. Најевтините влезници за мечот Бразил – Боливија чинеле 151 долар, што е повеќе од половина од бразилската минимална плата.
Влезниците за финалето ќе чинат цела бразилска минимална плата – 228 долари.

Нов аргумент за слабата посета е и фактот што за 5 години во Бразил ова е трето големо натпреварување – Светското првенство, Олимписките игри и сега Копа Америка.

epa07652967 Soccer fans attend the Copa America 2019 Group C soccer match between Uruguay and Ecuador, at Mineirao Stadium in Bello Horizonte, Brazil, 16 June 2019. EPA-EFE/Paulo Fonseca
Прикажи повеќе...

Најново

Економија30 минути

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 22.000 денари...

Бегството на Груевски52 минути

Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион2 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести16 часа

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија16 часа

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт16 часа

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести19 часа

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт21 час

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет22 часа

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ24 часа

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет1 ден

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет1 ден

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет1 ден

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет1 ден

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија2 дена

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија2 дена

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Македонија2 дена

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите...

Македонија2 дена

Туристичката кампања „Македонија вечна“ стана „Северна Македонија вечна“

Северна Македонија го корегира името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“, во согласност со Преспанскиот договор, објави...

Македонија2 дена

АСОМ: Законот за игрите на среќа де факто значи бришење на една цела стопанска гранка

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) присуствуваше на јавната расправа во Собранието за предлог-измените и дополнувањата на Законот за игрите на...

Досие