Спорт
Судијата Рамос: Не постои судење според мени
Тенискиот судија, Карлос Рамос, конечно се огласи во јавноста по инцидентот што се случи во финалето на Ју-Ес Опен, во женска конкуренција, помеѓу Серена Вилијамс и Наоми Осака.
Серена Вилијамс предизвика скандал, откако судијата, најпрвин поради две о…


Тенискиот судија Карлос Рамос, конечно, се огласи во јавноста по инцидентот што се случи во финалето на САД опен во женска конкуренција помеѓу Серена Вилијамс и Наоми Осака.
Серена Вилијамс предизвика скандал кога судијата најпрвин поради две опомени, ѝ одзеде поен, а потоа кога Американката влезе во вербална расправија со него и го нарече лажго и крадец, тој реши да ѝ одземе цел еден гем.
Вилијмас го загуби финалето 2:6, 4:6, а по свечената церемонија, таа за медиумите го обвини Рамос за сексизам.
„Добро сум со оглед на сè што се случи. Тоа беше многу деликатна ситуација, но судење според мени. Не грижите се за мене“, изјавил Рамос за весникот „Трибуна експресо“.
Рамос рекол дека ги избегнувал социјалните мрежи и дека само читал балансирани текстови, а не сакал да се обрати во јавноста за да не направи дополнителни проблеми.
Светската тениска федерација (УТФ) застана во одбрана Рамос, а САД опен, поради однесувањето, парично ја казни Серена Вилијамс со 17.000 долари.
ИТФ го брани својот судија по скандалот со Серена: Нашиот судија беше професионален
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Џентлменски потег на Петр Чех, го однесе на вечера женскиот тим на Арсенал (фото)

Легендарниот чешки голман, 37-годишниот Петр Чех, кој ја игра последната сезона во кариерата, изведе џентлменски потег, па комплетниот женски тим на Арсенал го изведе на вечера.
Женскиот тим на Арсенал беше победник во лигата во 2011 и 2012 година, по што приматот на најдобри фудбалерки отиде кај девојките од Ливерпул, Манчестер Сити и Челси, кои се и актуелни шампоинки.
Чех со овој потег сакал да им даде поттик на девојките оваа сезона да се закитат на највредното одликување во Англија.
Инаку, Чех е оженет и има три деца.
Ова е фотографијата за спомен:
Спорт
Национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање на лизгалиштето во „Борис Трајковски“

Скопје викендов ќе биде домаќин на најдобрите лизгачи од регионот кои ќе настапат на третиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање Skopje on ICE 2019. Настанот, кој е во организација на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија, ќе се одржи на 22 и 23 февруари (петок и сабота) на лизгалиштето во СРЦ „Борис Трајковски“. Љубителите на уметничкото лизгање ќе имаат можност да уживаат во уметноста на мразот на повеќе од 70 натпреварувачи од Северна Македонија, Србија и Бугарија.
„Нашите очекувања како организатори се овој натпревар да прерасне во традиција, сите спортисти да ги подобрат своите лични резултати, а пред сè да покажеме зрелост, волја и талент и во иднина уметничкото лизгање како спорт да стане традиција. Нашата желба е преку вакви натпреварувања да покажеме дека ни се потребни подобри услови за тренирање на овој спорт преку изградба на затворено лизгалиште“, изјави Цветанка Марковска, претседател на Федерацијата за лизгачки спортови на Македонија.
На Skopje on ICE 2019 ќе учествуваат натпреварувачи на возраст од 5 до 25 години кои ќе бидат поделени во пет категории: кадети, кадети Б и Ц, млади јуниори, јуниори и сениори. Натпреварот ќе биде поделен во два дена. В петок своите вештини на мразот ќе ги покажат учесниците во интерпретативните категории, додека саботата ќе биде посветена на натпреварувачките категории. За значењето на натпреварот говори фактот што ќе се одвива по критериуми и правила стандардизирани од Меѓународната унија на уметничко лизгање (ISU).
Со цел натпреварот да биде достапен за сите кои сакаат да уживаат во уметноста на мразот во СРЦ „Борис Трајковски“, влезот и двата дена ќе биде слободен. Настанот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт, како и од повеќе приватни компании.
Спорт
Ласана Диара заврши и со ПСЖ и со фудбалот, ќе произведува енергетски пијалоци

Своевремено еден од најдобрите играчи во светот на позиција последен играч во средниот ред, Французинот Ласана Диара (34) го напушти тимот на ПСЖ. И не само тоа. Тој на 34 години решил да стави крај на фудбалската кариера и да влезе во бизнисмени.
Фудбалерот, кој во Париз дојде минатата зима, решил да му стави крај на фудбалот за да може стопроцентно да се посвети на производството на енергетски пијалоци.
Оваа одлука наиде на изненадување во јавноста. Диара кој настапи на 19 меча за „светците“ беше доведен во ПСЖ за да им биде алтернатива на Верати и Рабио на средината од теренот.
Во текот на кариерата Французинот настапуваше во Арсенал, Челси, Марсеј, но светската слава ја доживеа во Реал Мадрид.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал