Контакт

Спорт

ТдФ: „Динамото“ Саган со нова победа, Ван Авермет пак во жолто (видео)

Светскиот шампион Петер Саган стигна до својата втора победа на Тур де Франс оваа година, откако ја доби петтата етапа по 204.5 километри од Лорен до Кимпер, етапа во која првпат велосипедистите се судрија со ридест предел.
Словачкиот ас остана до трка…

Објавено пред

Светскиот шампион Петер Саган стигна до својата втора победа на Тур де Франс оваа година, откако ја доби петтата етапа по 204.5 километри од Лорен до Кимпер, етапа во која првпат велосипедистите се судрија со ридест предел.

Словачкиот ас остана до тркалото на главните ривали во последното искачување, пред во спринтерски финиш да го совлада Италијанецот Сони Колбрели (Бахреин Мерида) и Белгиецот Филип Жилбер (Квик Степ). Саган (Бора-Хансгрое) со оваа победа се зацврсти на лидерската позиција во трката за зелената маичка уште еднаш покажувајќи зошто е трикратен светски шампион.

Шпанскиот ветеран Алехандро Валверде (Мовистар) и Французинот Жулиен Алафилип (Квик Степ) го комплетираа топ 5, додека лидерот во генерален пласман, Белгиецот Грег ван Авермет (Квик Степ) се задоволи со седмото место за уште еден ден да остане со жолтата маичка. Ван Авермет има две секунди предност пред американскиот колега Тиџеј ван Гардерен, додека Жилбер е трет со три секунди послабо време.

Етапата се состоеше од неколку искачувања во Бретања, кои беа доволни „чистите“ спринтери како Марк Кевендиш, Андре Грајпел, Марсел Кител и победникот на две етапи досега, Фернандо Гавирија да останат далеку зад фаворитите. 28-годишниот Саган од друга страна, нема проблем и со ридови и стигна до својата 10. победа во кариерата на Тур де Франс.

Актуелниот шампион Крис Фрум (Тим Скај) и фаворитите како Роман Барде (АГ2Р), Винченцо Нибали (Бахреин Мерида), Наиро Квинтана (Мовистар), Ричи Порти (БМЦ) и Том Думулин (Тим Санвеб) останаа во главната група.

Спорт

Алегри: Јуве уште не се мртви!

Објавено пред

Јувентус имаат голем предизвик да ја надополнат разликата од 2:0 на Атлетико Мадрид во реваншот во Торино, но „уште не се мртви“, тврди тренерот Масимилијано Алегри.

Јуве беа „покосени“ со два гола во финишот на мечот на Уругвајците Хозе Хименез и Диего Годин, откако претходно беа „спасени“ со одлука на ВАР, кој го поништи голот на Алваро Мората против поранешниот тим. Алегри смета дека Атлетико ги „натерале“ Јувентус да играат лошо.

„Второто полувреме беше грдо, направивме грешка што тргнавме по нив. Атлети се многу добри да го пуштат натпреварот без да шутнат на гол. Ризикувавме загубени топки и во второто полувреме бевме слаби. Тие не изненадија со својата агресивност, но имаме шанси да направиме пресврт. Мораме да имаме верба, а нема потреба за плачење по истуреното млеко. Знаевме дека ќе биде тешко, дека Атлетико Мадрид те тера да играш лошо, со споро темпо. Уште не сме мртви, како што не бевме мртви кога загубивме дома од Реал Мадрид со 3:0, а сега играме и пред нашата публика“, вели Алегри.

Реваншот се игра на 12 март, а пред тоа, „бјанконерите“ се соочуваат со Болоња во сабота пред големото италијанско дерби со Наполи.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Мерцедес: Ферари е половина секунда пред нас

Објавено пред

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, по првите три дена тестирање пред новата сезона во Формула 1 призна дека според сегашните показатели Ферари има најбрз болид, со дури половина секунда по круг преднот пред актуелниот шампион.

Ферари импресионираа со најбрзо време на првите два дена на „Каталуња“, а дали оваа изјава на Волф е само тактичка игра или „криење“ на вистинската форма на Мерцедес, останува да се види. Покрај тоа, тој не сакаше да ја отфрли и можноста Ред бул да е побрзи од Мерцедес на почетокот на сезоната и покрај новото партнерство со Хонда.

„Се согласувам со шефот на Торо росо, Франц Тост, реално изгледа дека Ферари с половина секунда пред сите. Не можете да бидете фаворити засекогаш. Но, мислам дека уште не сме покажале што умееме“, вели Волф.

Една од причините за предноста на Ферари е дизајнот на предното крило, откако за новата сезона повторно има нови аеродинамички правила.

„Го цениме нивниот концепт на болидот, но ние сме сигурни во нашиот избор и во работата во текот на сезоната. Ако треба да го смениме приодот, ќе го направиме тоа“, додава Волф.

Дури и шефот на Ферари, Матија Биното, потврди дека тие се напред, но не сакаше да го потцени тимот што ги освои последните пет титули во Ф1.

„Мерцедес е добар во решавањето проблеми. Ако заостануваат, ќе нè стигнат бргу“, вели Биното.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Лига 1 без душа – го казни Нант за посветата за Сала

Објавено пред

Француската Лига 1 го казни Нант со комбинирани 21.000 евра откако нивните навивачи запалија факли и друга пиротехничка опрема во текот на мечевите на нивниот клуб како дел од последната почест за поранешниот напаѓач Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа минатиот месец.

Авионот со кој Сала патуваше од Нант до неговиот нов клуб, премиерлигашот Кардиф сити падна на 21 јануари во Ла Манш, а на 6 февруари беше пронајдено и неговото тело, додека телото на пилотот Дејвид Иботсон уште не е пронајдено.

Дисциплинската комисија на Лига 1 го казни Нант 16.500 евра за пиротехниката на лигашкиот меч против Сент-Етјен на 30 јануари, првиот меч по исчезнувањето на Аргентинецот и дополнителни 4.500 евра за сличен инцидент за мечот против Ним овој месец.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Манчевски бара оставки од сите роднини на функционери од опозицијата

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски,  побара да се повлечат од работните места сите роднини на функционери, не...

Македонија2 часа

Пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за Спасовски

Собранието треба да се ја продолжи 86. седница на која на дневен ред е интерпелацијата на министерот за внатрешни работи,...

Свет3 часа

Силна зимска бура завеа со снег и дожд низ 39 американски држави

Силната зимска бура што провеа во САД вчера завеа во снег и во обилни дождови дури 39 американски држави на ...

Крвав четврток13 часа

Притвор за Јанакиески и Ристовски, за Груевски нова екстрадиција

Судијата на претходна постапка по барање на Јавното обвинителство им одреди мрека пртивор од 30 дена на поранешните министри Миле...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: „Апси Заев, можеш да нарачуваш и убиства, но нема да ти се исплашиме“

По информациите за вечерашното приведување на тројцата функционери на ВМРО-ДПМНЕ – Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, вечерва прес-конференција...

Крвав четврток14 часа

Русковска: Бараме притвор за Јанакиески и Ристовски поради опасност од бегство

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал при ЈО, Вилма Русковска, изјави дека распитот на осомничените ексфункционери од ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски...

Крвав четврток16 часа

Вељаноски: Не чувствувам вина за упадот во Собранието

Поранешниот претседател на парламентот, Трајко Вељаноски, штотуку излезе од Основниот суд Скопје 1, каде што беше повикан на распит за...

Македонија18 часа

Трамп со писмо до Заев: Ви честитам за лидерството, обезбедивте просперитетна иднина за Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска прими писмо од американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое тој нагласува дека Северна Македонија е голем...

Македонија18 часа

Зелената градина на ГТЦ му се наметнува исто како и барокот, архитектите разочарани

Зелената градина за покривот на Градскиот трговски центар ги разочара архитектите како стручна јавност, а незадоволни се и скопјани, кои...

Македонија20 часа

Половина милион евра исплатени лани за патни трошоци на пратениците

Над 525 илјади евра биле исплатени за патни трошоци на пратениците во Собранието минатата година, покажува анализата на „Макфакс“ од...

Македонија20 часа

Заев потврди, Села му се налутил поради одземените ингеренции на Таравари

Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања потврди дека Зијадин Села не дошол на денешната средба за консензуален претседателски кандидат поради...

Македонија21 час

Бектеши не чувствува морална одговорност за вработувањето на сестра му во МЕПСО

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека не чувствува морална одговорност за вработувањето на неговата сестра во МЕПСО. Тој вели...

Топ22 часа

Села му се налути на Заев, не доаѓа на средба

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, одби да присуствува на закажаната средба со премиерот Зоран Заев, на која требаше...

Македонија22 часа

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили

Ниту еден родител не е казнет за невакцинирано дете од почетокот на епидемијата на морбили иако пред два месеца само...

Топ22 часа

Дедото на Кирацовски ќе се повлече од работното место

Таткото на сопругата на пратеникот Александар Кирацовски, Борис Поповски, ќе се повлече од работното место, објави на „Фејсбук“ Кирацовски. Тој...

Македонија24 часа

Заев и Димитров нема да одговараат за велепредавство

Скопското обвинитeлство ја отфрли кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес поднесена против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи,...

Македонија1 ден

Сопругата на директорот на ЕЛЕМ вработена како шефица на кабинет во Централен регистар

Александра Миновска, сопруга на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски, од октомври минатата година е вработена како шефица на кабинет кај...

Македонија1 ден

Две бомби од Првата светска војна пронајдени во Битола

Вчера на булеварот 1 Мај во Битола, во близина на местото викано Црн Мост при изведување на градежни работи при...

Регион1 ден

Непознат маж му се заканувал на Мицотакис со бомба

Лидерот на опозициската Нова демократија во Грција, Киријакос Мицотакис, пријавил синоќа закана со бомба која ја добил додека сè уште...

Македонија1 ден

Бугарија го ратификуваше протоколот за НАТО

Со 140 гласа „за“, бугарскиот парламент го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, објави бугарската новинска агенција...

Досие