Спорт
Тимоти Веа оди по стапките на славниот татко (Видео)



Тимоти Веа синот на славниот Жорж Веа, кој сега е претседател на Либерија, тргна по стапките на својот татко. Веа јуниор со гол и асистенција им донесе победа на Селтик 2:0 против Сент Џонсон.
Лидерот во Премиер лигата на Шкотска тешко стигна до 17 победа во сезоната. Отпорот на гостите го скрши Џејмс Форест на кого веа му асистираше во 78 минута.
Во претпоследната минута Веа го постави конечниот резултат. Младиот напаѓач го постигна третиот гол во својот четврти натпревар за Селтик.
По 24 кола во Шкотска Селтик води на табелата со 54 бода шест повеќе од најголемите ривали Ренџерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Столе Димитриевски во тимот на колото во Топ 5 лигите во Европа

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски доби место во најдобриот тим на изминатото коло во Топ 5 лигите во Европа. Тој бранеше фантастично на „Камп Ноу“ и ја спречи Барселона да дојде до победа на стартот од новата сезона во Ла Лига.
Левандовски, Рафиња, Ансу Фати и останатите ѕвезди на Барселона не успеаја да ја затресат мрежата на Рајо Ваљекано.
Рајо Ваљекано замина непоразен од „Камп Ноу“ по ремито без голови.
Quite a team, huh? ????#BestXI #TOTW #Dimitrievski #James #Pavard #Mee #Alaba #DeBruyne #KDB #Jensen #JoaoFelix #Felix #Neymar #Ney #NeymarJr #NeyJr #GabrielJesus #Jesus #Vlahovic #365Scores pic.twitter.com/rJXumADCrp
— 365Scores (@365Scores) August 16, 2022
Спорт
Шок за Барселона: Манчестер Сити бара 100 милиони фунти за Бернардо Силва

Англискиот првак Манчестер Сити бара огромна сума за продажба на играчот од средниот ред, Бернардо Силва. Барселона го сака Португалецот и „граѓаните“ се подготвени да го пуштат да се пресели на „Камп Ноу“, но само доколку добијат 100 милиони фунти, откриваат медиумите на Островот.
Не е тајна дека самиот Бернардо Силва сака да се пресели во Барселона. Тоа јасно им го кажал на сопствениците на „граѓаните“. На „Етихад“ сепак знаат дека тој е премногу вреден играч за тимот, а покрај тоа, евентуалната зделка ќе се случи во последните денови од преодниот рок, кога на клубот ќе му биде тешко да најде соодветна замена за него.
Со моментната финансиска ситуација во која се наоѓа Барселона, каталонскиот клуб нема шанси да плати толкава цена за 28-годишниот Португалец.
Бернардо Силва дојде на „Етихад“ од Монако во 2017 година за 70 милиони, евра плус дополнителни бонуси. Во изминатите 6 сезони, тој стана клучен играч на Сити, забележувајќи 253 настапи, со 48 гола и 50 асистенции во сите натпреварувања.
Спорт
Теодор Симиќ потпиша за Игокеа, а како позајмен ќе игра за Борац Бања Лука

Македонскиот кошаркарски бисер Теодор Симиќ, кој по четири години во Барселона донесе одлука да замине од каталонскиот клуб, потпиша договор со Игокеа, која во моментот ја предводи довчерашниот македонски селектор Драган Бајиќ.
Талентираниот центар потпиша четиригодишен договор со тимот од Лакташи, а во првата сезона ќе настапува за Борац Бања Лука кој игра во АБА 2 лигата.