Спорт
Тренерот Косановиќ до новинарка: Оди дома и спремај ручек
Тренерот на фудбалерите на Напредак, Милорад Косановиќ, скандалозно се однесувал на прес конференцијата, организирана пред натпреварот со Црвена ѕвезда, во Суперлигата на Србија.
Познатиот тренер вербално ја нападнал новинарката на „Спортски журнал“, п…


Тренерот на фудбалерите на Напредак, Милорад Косановиќ, скандалозно се однесувал на прес-конференцијата организирана пред натпреварот со Црвена ѕвезда во Суперлигата на Србија.
Познатиот тренер вербално ја нападнал новинарката на „Спортски журнал“, пренесува весникот.
Новинарката го прашала фудбалерот на Напредак, Енвер Аливодиќ, во врска со промената на тактиката во второто полувреме на натпреварот со Пролетер, а Косановиќ одговорил пред фудбалерот да го направи тоа.
„Не можам да слушам вакви глупости…. ајде оди си дома да подготвиш ручек“. Откако новинарката му рекла дека е поголем нарцис од Мурињо, тренерот ја почестил со низа непримерни зборови и ја напуштил прес-конференцијата.
Според весникот, тренерот Косановиќ подолг период има несогласувања со новинарката. Од „Спортски журнал“ најавиле дека ќе го тужат Косановиќ.
„Половата дискриминација стана актуелна на прес-конференциите што ги организира Напредак“, пишува весникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ферари има моќен болид! Леклер секунда побрз од ривалите во Барселона

Ферари има најбрз болид и на вториот ден од зимското тестирање во Барселона откако Шарл Леклер беше речиси секунда пред ривалите.
Леклер продолжи каде што застана Себастијан Фетел на првиот ден на „Каталуња“ поставувајќи најдобро време во првиот час на студеното утро и времето го подобруваше сè до 1:18.247 поставено претпладне. Младиот возач од Монте Карло, кој оваа година го заменува Кими Раиконен, покрај брзината, покажа и фантастична постојаност на болидот на Скудерија комплетирајќи 145 круга!
Ситуацијата да биде уште поветувачка за Ферари, второ најдобро време имаше возачот со мотор на Ферари, Кевин Магнусен во Хас (1:19.206), а трет беше уште еден возач со погон на Ферари, Антонио Џовинаци, во Алфа Ромео (1:19.312).
2019 starts here for @Charles_Leclerc 👀
And that @ScuderiaFerrari looks like it suits him pretty well 😍#F1 #F1Testing pic.twitter.com/VTTnfLj4Z5
— Formula 1 (@F1) February 19, 2019
Лендо Норис ги постави Мекларен на четртото место пред Пјер Гасли во Ред бул. Даниел Рикардо имаше позитивен старт за Рено по слабиот прв ден, но прогресот застана кога му се откачи задното крило на главниот рамен дел и тој излета од патеката.
Светскиот шампион Мерцедес имаше уште еден тивок ден кога светскиот шампион Луис Хамилтон постави само седмо најдобро време пред дебитантот на Торо росо, Александер Албон, кој двапати се изврте во својот прв професионален Ф1-ден.
Вилијамс Ф1 повторно не беше присутн на тестирањето, но од тимот најавија дека болидот ќе биде подготвен за акција в среда.
БАРСЕЛОНА, 2. ДЕН
1. Шарл Леклер (Ферари) 1:18.247, 145 круга
2. Кевин Магнусен (Хас) 1:19.206, 59 круга
3. Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) 1:19.312, 86 круга
4. Лендо Норис (Мекларен) 1:19.489, 94 круга
5. Валтери Ботас (Мерцедес) 1:19.606, 67 круга
6. Александер Албон (Торо росо) 1:19.616, 120 круга
7. Пјер Гасли (Ред бул) 1:19.814, 92 круга
8. Даниел Рикардо (Рено) 1:19.886, 28 круга
9. Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:19.928, 74 круга
10. Нико Хилкенберг (Рено) 1:20.382, 79 круга
11. Ленс Строл (Рејсинг поинт) 1:20.433, 75 круга
Спорт
Просинечки не прости – без Врањеш во репрезентацијата на БиХ поради четничката тетоважа

Селекторот на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки, потврди дека во репрезентацијата веќе ќе нема место за дефанзивецот на Андерлехт, Огњен Врањеш, поради низата скандали – од четничката тетоважа на ногата до секс-скандалот со Јелена Карлеуша.
„Тој сам себе се исфрли од репрезентацијата. Секој репрезентативец на светот, вклучувајќи ги тие на Босна и Херцеговина, мора да се докажува на теренот и надвор од него. Жал ми е, но така е. И Фудбалскиот сојуз реагира. Врањеш влезе во конфликт со навивачите, тука беа тетоважата, аферите. Така тоа не оди. Сите мораме да бидеме подредени на репрезентацијата, и државата и пласманот на Европското првенство. Такви проблеми не се потребни“, вели Просинечки.
Во 2015 година Врањеш на раката ги истетовира границите на Република Српска за што потоа се извини и ја покри тетоважата, но влезе во конфликт со навивачите на БиХ. Во септември 2018 година беше осуден на 8 месеци условна казна за предизвикување навивачко насилство додека беше во АЕК Атина, а истата година беше забележана и неговата тетоважа на четничкиот војвода Момчило Ѓујиќ на десната рака носејќи нови конфликти. Минатиот месец, пак, тој повторно беше во центар на скандал по наводната афера со српската пејачка Карлеуша, која е мажена со фудбалерот Душко Тошиќ. На Просинечки му е доста.
„Да, ќе имаме проблем поради неговото отсуство бидејќи играше многу добро во последниот период. Ќе мораме да најдеме нов десен бек“, додава Просинечки.
Спорт
Ако го отпушти Сари, Абрамович ќе потроши „само“ 5 милиони фунти!

Челси можат да го отпуштат Маурицио Сари и да платат отштета од само 5 милиони фунти, најмала сума во ерата на Роман Абрамович.
Дел од фановите апсолутно ја загубија довербата во Сари и во неговиот „Сари-бол“ стил на фудбал по понеделничкиот 0:2 пораз од Манчестер јунајтед во ФА купот, и обложувалниците го имаат првото место за Италијанецот на листата на менаџери кои најверојатно ќе добијат отказ.
60-годишниот поранешен банкар има договор до 2021 година, но на „Стемфорд бриџ“ ретко кој тренер го исполнува целосен договор, така што ако сега биде отпуштен поранешниот тренер на Наполи ќе добие 5 милиони фунти, а неговиот тим 1 милиони фунти во компензација.
Chelsea fans sharing their thoughts on “Sarri-ball” through chanting… pic.twitter.com/mD1JPBUvyh
— ODDSbible (@ODDSbible) February 19, 2019
Абрамович од преземањето на Челси во 2003 година отпушти девет менаџери – највисоката отштета ја доби Жозе Мурињо при првиот отказ во 2007 со 18 милиони фунти, а најмалку доби неговиот наследник Аврам Грант, кој следната година доби 5.5 милиони фунти за отказот.
И покрај ова, Сари не е загрижен.
„Немавме среќа, а одигравме добро прво полувреме против Јунајтед, пред во второто да играме конфузен фудбал. Секако, го чувствувам притисокот на резултатите. Мора да работиме за да најдеме агресија и посветеност во нашата игра“, изјави Сари по вчерашниот меч.
Часовникот „отчукува“ за Сари – Јунајтед никогаш полесно на „Стемфорд бриџ“ (видео)
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал